Темава ја направив за да споделиме по некоја глупост која сме ја направиле како деца, а сега ни е смешна. Мене, некаде на 7/8 години, ми купија ножички, и јас решив да си ги тестирам на завесата. И на ќебето... На мама коса и се крена.. Па ајде, споделете и вие нешто, ако има ваква тема - канта.
Му пишувавме честитки за нова година на комшијата во име на некоја згодна комшика која многу го симпатизирала со другарчињата од маало. Му ги остававме пред врата. И таа комшика ние ја измисливме. После татко му и кажал на мама бидејќи по ракописот приметил дека е детски. И мама познала дека јас сум ги пишувала и ми кажуваше како не е убаво така да се прави.
Во прво одделение едно дете што седеше до мене се покака во гаќи и земав се исповратив во училна пошо многу ми смрдеше. Ова поише брука е.
На мои 4 години , почнав силно да вриштам во двор ( среде лето ) додека татко ми спиеше ( бидејќи тогаш дојде од работа , па одмараше човекот ) . И покрај напорите на мајка ми , да ме убеди да не вриштам , сепак јас инает продолжив по свое . На крај слезе од балконот и си изедов ќотек бар да има за што да плачам . Друг пат . Плачев бидејќи една подалечна братучедка имаше вошки . Мислев дека и јас ќе имам бидејќи живееме блиску . На 7 години ја скршив раката . Плачев дека баба ми ќе ме карала ако дома се вратам со гипс на раката .. Божее .
Јас имав полни 4 години, братчето 5-6 месеци. Си седам јас на креветот со него, тој опкружен со перници , а моите надвор во дворот. Ми светнува идеја да почне ДА ОДИ и го ослободив од перниците, го исправив и сакав да почне да оди со мене. Не знам како се сеќавам, ама најверојатно заради последицата. Влегува мајка ми баш во тој момент и тогаш заврши моето седење дома. Секое утро таксист ме носеше на градинка, таксист ме враќаше.
На една тетка и пратив порака дека ќе умре за 7 дена. Гледав некој филм, не се сеќавам точно, ама нешто беше ако ти ѕвони еден број умираш за 7 дена или ако не се јавиш на бројот, не знам точно. Тетка ми ме пријавила во полиција.
Ме изнасмеа Како мала и' ги скратив мустаќите на мачката со ножици. Зошто? Епа само машките мачки можеле да имаат мустаќи, а женските не
Леле го знам филмот и јас го имам гледано како мала . Се вика 7 дена колку што паметам јас ( ако имав 6 или 7 години кога го гледав на тв ) . П . С . Мене ми текна уште една . Еднаш се налутив со едно девојче ( а знаев да читам и пишувам веќе , дали бев прво одделение на летен распуст или за во прво на летен ) . На девојчето му пишувам писмо , што буквално звучеше вака ( ова се измислени имиња заради идентитетот на лицата ) : " Баци не се Цаци кој и лути јас и кажав напиша писмото " . Поентата е што , јас во тој момент не знаев дека се пишува по должината на листот , па пишував една под друга реченица , на лист свиткан на половина . А требаше всушност да биде : " Баци не се лути на Цаци , јас и кажав кој и го напиша писмото " . Абе дете .
Неколку деца од маалото, украдовме точак од комшија, го исфарбавме, па го возевме пред неговиот двор, додека не ни го зеде и се појави на врата дома, па јас требаше да пишам 1000 пати дека повеќе никогаш немат да крадам Седев на скали и си ја шишав косата дека не сакав да имам кадрава, а потоа цели скали со остатоци од косата Паѓање во ендек
Другарка и јас отидовме кај другар да го бараме да играме на улица. Идеме капијата заклучена. Капијата горе имаше шилци. Влагаме во дворот до неговата куќа оградата што се дели со неговиот двор безбедна беше и се прекачивме. Јас ја дадов таа идеа за прекачување. Идеме кај него на спрат ѕвониме никој не отвара проверуваме отворена вратата. Јас седам само и гледам што се дешава собава на другаров имаше друг влез Али на ист спрат. Другаркава иде да види може у соба е. Ја седам и чекам. И и викам каде без менее?!! И видовме не е дома и идеме од кај што дојдовме пак да се прекачиме. Комшикава од спроти не виде како не ви е срам ќе ве кажам ова она. и идеме подоле Али истиот двор и искачавме на улица. Пази дворов го изнашетавме никој не не виде таа од спроти не виде колку и е нејзе досаден животот? Што гледа у Др дворови? И плус ние сме само деца што ќе направиме? Да не крадеме случајно? Незнам косата да си ја исчешлам кузнај кога ми текнало последен пат ќе земам ќе крадам И мене одма криво ми падна ова е греев па како вака господ ќе ме казни се нервирам од земја се трескам.
Со другар и другарка се снимавме демек квиз. Драган Вучиќ квизот многу го глумевме. Она "Леле Драгане многу сум возбудена" го глумев јас. Па цело мало собрани Ѕвезде Гранада . Па легнав на улица од горе 2 мали девојчиња идеа на таа едната срце и застана "леле човек" .Викаат. Мене ми текна станувам и им идам им викаме се шалевме. Па цигари кутија врзувавме ние сокриени и демек идеш по улица ќе ја видиш и се веднеш да ја земеш ама ја ти ја тргнам со врвката ама скориени. Па трки правевме у трчање мене прва ме пуштаа. Па граница брканици жмурки. Памтам кај другаркава кај нејзе у двор позади куќа имаше една јаболкница раширена кај комшиката што живее позади неа и ние од ограда си киневме. Таа не гледа од прозор полиција ќе ни викнела Јас и тој другарот се дупнавме од смеа. Па бегавме. Од дрво многу сме краделе. Сеа кога се потсеќам смешно ми е се ќезам цела
Не знам зошто мислам дека се викаше Патека 666 или Патека 777 да не било или пак не. Ќе видам The Ring да не е. Леле да тој е The Ring, одма ја познав таа страшната. Јас никогаш не успевав да го најдам, а сега мислам дека немам срце за хорор да гледам.
На ова не се сеќавам бидејќи бев многу мала ама ми имаат кажано родителите. Неколку дена по ред мажот на тетката која ме чуваше во градника доаѓал во градинката за да ја земе после работа. Еден ден непосредно пред да си оди сум ѝ рекла леле зошто маж ти е толку грд? И таа ми рекла каков е?Има рогови? И тоа беше крај на разговорот Потоа тетката ѝ кажала на мајка ми што сум рекла и мајка ми ептен се усрамила.
И јас исто како мала ги открив ножиците Ама ги тестирав на јамболија и напраив фризура да биде келава во круг, како дедо. Тоа дека многу го сакав дедо ми @gjoker4e ма. Ти го прочитав постот, без да видам во која тема е пишам, и така надвор од контекст, помислив деновиве се случило тоа. Си викам оти замина детево со паметот, да не згрешив јас нешто
Му ја имам запалено на татко ми старата кола,и тоа се палеше преку две жички али ја пошто од мала мајстор ја запалив и ја треснав во дрвото у двор. и на крај изедов многу добар ќотек.
Еднаш на 6 години бабами си имаше бела коса не се фарбаше и јас се решив да и правам флизура и така земав црвен кармин и ја измачкав напред цела коса со кармин И жената немаше приметено и излегла низ комшии и сите ја прашувале дали се шатирала/фарбала . Не ме искара коа дојде се изнасмеа само. Иначе голем инат бев како мала. Луд фрик..