Jas Kako pomala Aj drugarkive ke me ucat tocak da vozam i jas taka napernata sednuvam na tocakot ,a tie trite me drzat ,a bese kako udolnica ulicata ,jas zaletana vikam ,,mozam ,pustajte,,koa aknav vo Eden dvor ete kolku sum mozela .A tie trcaa po Mene
Кога сме веќе кај татковците, само да споделам една кратка случка од неговото време. Утепале змија, ја заврзале со риболовен конец и се сокриле. Кога ќе поминел човек, го влечеле конецот и ооооп змијата излегува. Од памет ги ваделе луѓето!
Бев забавиште,некој му се јави на телефон на наставникот. Откако заврши со зборување го прашав кој беше на телефон
Ко мали цело маало ко ќе се соберевме навечер одевме по дворови, скришно влегувавме за да направиме пакост така што им ги расфрлавме влечките на луѓето. Некогаш испуштавме и неартикулирани звуци па одма бегавме. Памтам еден момент ко фрлив една влечка на покривот од куќата и таму остана. Дечишта, многу сме биле будали ко ќе се сетам.
Искрено , и The Ring го открив како мала , ама овој беше друг мислам . Таа една плава жена имаше синче од 6-7 години , и уствари детето требаше да умре за 7 дена , а таа се обидуваше да го тргне проклетството и да го спаси . На крај знам дека отиде кај човек што требало да умре многу одамна заради истата причина , но тој некако се спасил , па таа отиде и бараше помош од него .
Кога сме биле мали брат ми се заклучил со мене во купатило и двајцата не истрижел скроз.Мајка ми полудела. Еднаш додека сум одела со мајка ми наеднаш сум застанала и сум рекла:„ Ох леле па кој ќе раѓа сега деца" ( сум имала 6 години)
Аууу па ти добро си поминала, јас така со точакот, излетувам од улица рипам од точак и право во двор кај комшиите во трендафилот и ружа имаа. Замисли како ми беше и плус боцки имаше...
Воз на батерии го возев по главата,ми беше интересно да ми брчи на глава,па така брчејќи цела коса ми ја заплетка во тркалата и после тоа морав да се шишам како машко...трауми..
Не знам дали е глупост ама кога имав 11 години сменив школо и на првиот час повратив пред наставничката
Сум била во дубак и со оклагија( сукалка за сукање/месење) сум го манала брат ми по глава додека лежел.. едвај ме спасиле од него, сум му го ,,разнела' ' мозокот
Бидејќи како мала сум била крајно немирно дете моите глупости што ќе ги напишам се повеќе трагични отколку смешни, ама јас сепак се смеам на нив и сама си викам колку сум била ненормална. 1. Јас негде 2ипол- 3 години, гледам цртан со човек што лета или супер херој беше нема врска, брат ми бебе во дубак проодува, и дека живееме во зграда јас го изнесувам надвор во влезот, и му викам сакаш да леташ како на цртанот, бебе ко бебе се смее, и јас наеднаш со сета сила со дубакот го пуштив по скалите, среќа тато беше доле па го фати пред да заврши трагично. После тоа од мајка ми каков ќотек изедов и ден денес го памтам. 2. Баба ми зема прва пензија и не собира цела фамилија на ручек, и вика сега на сите внуци ќе им дадам од парите за чоколадо. Јас дека најстара прва внука и викам прво мене ќе ми дадеш и вика да, ме зема мене во раце и наместо мене прво и даде на братучедка ми, јас се разлутив и како што ме држеше јас прстето и го пикнав во обетката, такви мали кругчиња носеше како порано што се носеа, и со сета сила и го потегнав, и и го скинав увото, па наместо ручек отиде во болница да и го шијат. Имам уште многу вакви, ама ај да не биде предолг постот, у наредна прилика други дешавки ке пишам.
Го натерав брат ми да скокаме на спална кај мајка ми, во еден момент се лизна и ја пукна главата. Му шупна крв, 2цм. дупка, и му викам : Стави ја перницава на глава, мама ќе нѐ кара ако го извалкаме белиов тепих ...
Се качив на една липа скроз најгоре на дрвото и ми беше страв да се симнам, да не се скрши некоја гранка бидејќи навистина беше високо. По некое време почнав да плачам и да барам помош да ме симнат,сите комшии се собраа и ме викаа да се симнам,децата од маало околу нив.Јас плачам тие носат скала од дома, во меѓувреме една комшивка отишла кај мајка ми да ја бара да ме убеди да се симнам.Откако слегов некако, потечена од плачење си добив додатно следување од мама Друга случка. Ја слушав мајка ми како му вели на татко ми дека му требаат шорцеви за во лето да си купи и јас муабетот си го врзав в крпче.Земање ножицата и му ги скратив фармерките до колена-пошто нели тато нема шорцеви, а јас не дозволувам да нема.Имаше што да види, среќа не сум била дома кога видел.
Јас со полубрат ми сме играле тенис у ходник кај баба ми и дедо ми дома и сме го скршиле саатот. Братучедка ми сакаше да ме залаже со чоколадо да не му кажам на татко ми дека пушела цигари. Чоколадо си добив ама и ги издадов. Најјако што беше дека изедоа ќотек Леле, игравме жмурка и се скрив кај едно дрво во јавен двор, и комшијата како што го вадеше дрвото со црево ме навади и мене Кога прв пат добив менструација денот беше овековечен на 35 степени пред зграда во кратки бициклистички забележана од братот на другарка ми. Бевме на одмор со моите и едни пријатели,ама на пријателите детето беше многу пргаво. Јас небричена доле,малиов ја закачаше мајка му и јас да станам од лежалката детево се смееше за влакната оти ми се гледале и јас си се изнасмеав и детево јадеше ќотек.
Со братучед ми со црево го поплавивме Фиќото на дедо ми. Фиќото заврши на отпад. А сестра ми (2 години помала) ми ги извади горните млечни кецови по брза постапка со бокс
Со сестра ми играјќи си докторки со вистински шприц и игла( кога бевме на болница и не боцкаа редовно си ги теравме да ни ги дадат шприцовите, а иглата не знам од кај ни беше) и демек јас докторката а она пациентот па треба да и ставам инјекција и јас стварно ја боцнав ама онака цела игла и забодев.После си добив ќотек од мајка ми.