Кога сум била мала многу сум сакала сувомеснати производи.Еднаш мајка ми кога го средувала фрижидерот наишла на 3 расипани виршли , и кога сакала да ги фрли јас сум и ги побарала за да ги изедам ,но таа ми кажала дека се расипани и ги фрлила во корпа . Кога заминала замислете сум пошла до корпата и сум ги изела После ми пикале прсти во гркланот за да повратам и право во брза помош .
Ех многу глупости имам правено. Некогаш ме фаќа носталгија за тоа време и сакам пак да ги направам. И најчесто слушам дека треба да пораснам Најзабавно ми било кога сме мавале луѓе од тераса со кесички полни вода. Еден човек го погодивме и почна да ни фрла камења на прозорот. Малце језиво ама деца како деца па се смеевме.
Најдов кондом не отворен и кога го отворив воскликнав ,,вау каков балон,,Фино лепо дувајќи го, право кај другарчињата на улица да го видат,а сигурно не останав незабележана и од возрасната популација
Татко ми беше со една друга моја роднина, јас мислев дека тоа е мајка ми и трчав натаму, кога видов дека не е таа само застанав и почнав да плачам... Тогаш имав 3-4 години а и ден денес сите ме зафркаваат за тоа и раскажуваат на други