1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гноење под пазувите

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од alesandra jon, 23 април 2017.

  1. alesandra jon

    alesandra jon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    веќе некое време од под пазувите ми истекува гној,на доктор ми препишаа да пијам апчиња сумамед но воопшто не ми помогнаа,последниве месеци користам и некои масти но и од тие не видов резултати.дали некој имал сличен проблем.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.367
    Допаѓања:
    41.928
    Пол:
    Женски
    Дали си правела преглед на дојки, ако не под итно мораш. Тоа може да е симптом за рак истото и се случуваше на баба ми, сега има отстранета дојка.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Последниве месеци??? Каков е тој доктор кој веднаш не те препратил на дополнителни испитувања?

    Одма оди, не чекај ни ден повеќе!

    Е заради вакви случаи е убаво младите девојки (па и постари жени) превентивно да се едуцираат кои се симптомите на рак и како се врши самопреглед на дојки.
     
  4. alesandra jon

    alesandra jon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    да да ги имам направено сите тестови све си е воред,само седиментацијата е висока.
    најпрвин заборавив да напишам дека подолго време имам проблем со акни на лицето,па потоа се префрлија под пазувите и се направија како гноени чирови, каде што извира гној.
     
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    9.926
    Пол:
    Женски
    alesandra jon а да смениш дезодоранс? Јас така од еден, пишував тука критика, бев цела исипана па го смеив сега немам проблем.
     
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    14.373
    Пол:
    Женски
    Не знам што испитувања си правела. Сепак побарај си второ мислење. Некако сериозно изгледа работава штом неколку месеци не ти се смирува. Види што ќе ти кажат на друго место.
    А во меѓувреме гледај да не користиш никаков дезодоранс и стик и да се одмиваш само со млака вода со на врв на лажиче сода бикарбона и бебешки сапун.
     
  7. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Od telefon sum vklucena na kratko,aj vidi na google sliki od hidradenitis suppurativa vidi sporedi I pishi..
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.072
    Пол:
    Женски
    Кога се е навидум "во ред", а седиментацијата е висока значи дека не е во ред. Таа е показател за секакви промени во организмот ( од расипани заби, чирови, крварења, па до потешки заболувања). Затоа, не губи време. Побарај друго медицинско мислење, направи снимање и биди поупорна во твоите заложби со оглед на ажурноста и одговорноста на македонскиот здравствен систем.
     
    На 1209, buba4e89 и blackwave им се допаѓа ова.
  9. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Смени дезодоранс! Истата бев од едно "ѓаволче" од ролон на Алверде, целите пазуви ми беа гнојарки.
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    5.887
    Вака, јас од рексона и депилација се зезнав така. Направи тестови за гради.

    Мојата терапија, воедно успешна е вака:

    пред легнување на памук ставав хидроген за рани 3%, се бришев со тоа, потоа ставав белогент и пиев ампецилин
    За два дена се снема
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    56.833
    Пол:
    Женски
    Па седиментацијата веројатно е повисока од гнојниот процес. Не мора да значи дека има друг проблем, штом веќе ги направила потребните испитувања.
    Објасни девојката дека е дерматолошки проблем.

    @alesandra jon, хормони провери за да знаеш дали се поврзани со акните? Покрај сумамедот, да не ти треба и хормонска терапија? Не користи никакви дезодоранси по можност, и смени дерматолог штом толку време немаш резултати.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Доколку употребуваш некој дезодоранс или рол он, обиди се да прекинеш еден период и воочи дали ситуацијата ќе се подобри. Разните хемикалии може да представуваат причинител за појава на акни. Миј се по неколку пати во денот само со млака вода.
     
  13. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Значи не се објасни убаво во воведниот пост, затоа и доби такви реакции.

    Ако ти е предизвикано од хормонско пореметување, тогаш ќе треба да примаш соодветна терапија, сумамедот нема да го реши проблемот, само привремено ќе ги смири симптомите.
    Сепак, јас би проверила уште еднаш се. Имаш ли отечени лимфни јазли позади ушите или во вратот? Не знам, мене ова течење на гној не ми изгледа баш наивно како иритација од дезодоранси.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kikenzi1

    Kikenzi1 Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Нова сум ма форумов би сакала да ве прашам прашам нешто. Под пазувите имам како темна дамка ,не знам што ми текна денес да ја стиснам. Не излезе како течност како кога стискаш обично брунче туку како грутче, со мирис на дезодоранс и да не речам пот навистина непријатен мирис. Дали некој знае што може да е,дали е поради дезодорансот или нешто посериозно. Благодарам.
     
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    2.776


    Абе не си играјте, какво стискање! Ништо не треба да се стиска, од мравка слон може да си направи човек така! :(
     
  16. Radojo

    Radojo Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Lele kazuvaj lek ako znaes