1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гнојна ангина

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од SexyLady, 26 мај 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Имам гнојна ангина. Телесната температура ми е 38.8, со ретки снижувања до 37.4. Цела вечер од 2 ипол часот, и цел ден имам температура, никако да се намали. Ставам ладни облоги и пијам парацетамол но нема никаков ефект.
    Исто така ме болат коските и зглобовите, најверојатно поради високата температура, ме боли и главата и стомакот. Ноќеска цела вечер се тресев и ми беше преемногу ладно. Докторот ми препиша Амоксиклав од 1000 мг и ми рече да правам гаргара со Бетадине и Кока Кола.
    Како да ја намалам температурава? :worried:
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Знам како ти е. :( Неколку пати се мачев со гнојна ангина и верувај воопшто не беше лесно. Многу е важно да пиеш течности, и тоа во поголема количина. Мене температурата ми се качуваше и до 40, ретко се снижуваше до 38. Вистинско мачење беше. Јас пиев Оспен, парацетамол, витамин Ц, правев гаргара и што ли уште не. Но на крајот завршив со пеницилин, затоа што температурата никако неможев да ја намалам. Веќе следното утро бев како нова, се беше во ред.
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен чувствителна на грло, веќе незнам кој пат ми е да се разболам од гнојна ангина, до пред еден месец исто имав гнојна ангина ама со ниска температура до 37,7. Тогаш пиев Оспен ама ич ич ич не ми помогна, како да не пиев ништо (само за џабе се труев). Колку долго имаше температура? Подолго од 3-4 дена?
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Имав гнојна ангина еднаш и ни на душман не ја препорачувам. Толку е непријатна и болна, едноставно неможев да голтам :( Во секоја секунда да чувствуваш болка, е тоа е смрт! На крај ми дадоа инјекции и ми помина одма исто како и crazyinlove19 следното утро бев како нова. Најубаво е неколку инјекции и ќе помине. :)
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    3 дена имав и многу лошо се чувствував, исцрпена бев, едвај станував од кревет. Отидов на лекар и ми предложија пеницилин. Исто и јас како тебе сум чувствителна на грло, гнојната ангина ме повтори неколку пати. :(
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Пробај Фервекс, лично мене ми е одвратен, има вкус на лимон/портокал ама ефикасно ја снижува температурата. Тоа е како прав, можеш да го раствориш во топла или ладна вода. За грлото, побарај сируп Др Тајс - Dr Theiss - мислам дека има за искашлување, па друг за да не те гребе грлото, побарај си и распрашај си убаво.

    Деновиве има вирус, ти си веќе петтиот човек денеска кој ми ги кажува истите симптоми. :doh:

    ЕДИТ : Пробај со облоги од оцет/ракија, натопи ги чорапите, маичка некоја, на глава стави си. Би требало да ти помогне, иако јас не сум многу многу љубител на вакви бабински лекови. Ама кога се нема што друго... посебно што аптеките се веќе затворени. :fubar:
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ух и јас имав нон стоп проблем додека не ги отстранив крајниците, мораш да пиеш течности, ладен туш, макар и масажа со алкохол или на чорапи стави вински оцет и носи ги..
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Гнојна ангина со Фервекс тешко да помине.
    Не се измачувај, веднаш оди по инекции.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Земи бруфен за температурата, ако не се спушта со парацетамол. И навистина, најдобро е да одиш на лекар за инекции.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    И јас сум хроничен паталец од гнојна ангина. Кога ми било навистина зорт и сум морала да ја снижам температурата, механички ги чистев крајниците. Тера на повраќање, ама кога ќе ги исчистиш веднаш ќе почувствуваш олеснување.

    Со замотана газа на стапче, потопена во бетадин, мислам дека е најгадна варијанта, ама мене ми делуваше.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас ја советував околу температурата, така укопчав, затоа што во најгорниот пост прашува за тоа како да ја намали температурата. Многу нормално дека гнојна ангина со Фервекс не поминува. :)

    Секси како што видов, пие Амоксиклав од 1000мг и треба да прави гаргара. Е сега, ако толку не ја бива работата, правец назад кај лекарот и буц буц. Кога ќе размислиш, попаметен избор ти се инекциите отколку да се замараш 5-6 дена со лекови.
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    А што мислите за гаргара со Кока Кола? Така ми рече Докторот, но јас за ова првпат слушам...
     
  13. ChickaBomb

    ChickaBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    И јас сум имала гнојна ангина ,најчесто ми се пшовторува кога времето се менува грлото ми отекува ,устата ми е подзатвортена мислам дека не можам да ја отворам ,гласот ми се менува и неможам ни да јадам ни да пијам ништо ,најдобaр совет за да помине гнојот е гаргара ама со млакa вода (една чаша од помалите ) и во неа сол едно лажиче да раствориш дефинитвно е ефикасно -мене многу ми помага :)
     
    На Cloee и SexyLady им се допаѓа ова.
  14. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Гнојната ангина само со пеницлин ми поминуваше.Но сега веке се ми е минато,ги извадив крајниците,токму поради тоа што имав ангина секој месец непрекинато.Имаш напишано дека те болеле зглобовите.Искрено пријателски ти предлагам да направиш крвна анализа,бидејќи таа болка може да значи покачување на нивото на реума фактор. Секако и за мене најдобро решение е гаргара со млака вода и сол.

    Поздрав,со помин.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Јас си мислев единствена сум била со со белите додатоци на крајници човечееееее...
    Мене ми ги чисти матичниот со газа како што објасни Саја и плус после со кантарион, онаков растворен, мрсен :lol:

    Ама страшно е :)
    Многу често си ги скратувам маките со инекции ...

    А за гаргара со Кока Кола, знам дека докторката на сестра ми и викаше така и на неа и помогна...И гаргара и да ја пие :)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мене ми се случувало неколку пати да имам гној на крајниците, многу ме болеше грлото, неможев да голтам ни да јадам ништо, но како за чудо немав покачена температура. Му се има случено на некој вакво нешто?
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Пак е гнојна ангина, температурата зависи од причинителнот на ангината, возраста и состојбата на имуниот систем. Малите деца се случува да кренат и до 40 степени температура од гнојна ангина. Кај повозрасните температурата пониска поради тоа што е повеќе развиен имуниот систем и можи да ја локализира инфекцијата.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Мене :worried:
     
  19. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    јас моментално се справувам со гнојна ангина, пиев пеницилин,ама ништо 2 дена имав темп. 39.8!:... вЕќе 3 дена пијам ОСПЕН ОД 1500, витамин ц, Септогал- за грло.... И ми поминува... Терапијата мора да ја пијам 10 дена,за целосно да заздравам, оти може да се повтори
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    се мачев две години со гнојна ангина т.е хронична гнојна ангина и на тоа му го нема лекот...јас завршив со операциа на крајниците бидејки гнојот може да биде ризичен и да удри на срце на мозок на коски бог да чува и веке ни лековите не ми помагаа од премногу пиење..пиев ампицилин па амоксиклав па оспен и на крајот сумамед но се беше залудно...ги извадив крајниците го видов господ во пижами еден месец не престанлива болка но тоа помина сега фала му на бога сум добро, си пијам ладно и немам апсолутен никаков проблем...на ладно мора да се пазиш повеке од обично но тоа не представува никаков проблем во споредба со гнојната ангина...