Јас при говорот на буквите: С и Ш потфакам со јазикот . Некогаш ми е страм да изговарам но ми е гајле... Кај мене во фамилијата тоа ни е ген... таткоми така зборува тетками братучедами братучедми не сум сама хх
Конечно ја најдов темата што ми одговарат Искрено, ви завидувам на сите вас што имате таква мала маана .. за една-две букви. Тоа не е ништо во споредба со мојата многу полоша маана - пелтечење. Се појави од стрес, пред дооолги 11 години. Како мала не се сеќавам дали ме зафркавале за тоа. Ама, во 5то одделение, во ново школо со нови деца ми беше многу тешко. На секој мој кажан збор ќе видев дека некој се смее, покрај тоа што непознати ми беа само 10 од нив. Со текот на времево то се смени, изгледа се навикнаа на ова, па сега многу се ретки тие што ми се смеат, за среќа Ноо .. до година ќе сум средно и уште од сега го чувствувам тој страв дека пак ќе ми се смеат децата и дека пак треба да ги доживеам тие лоши моменти. Како да исчезне овој страв од мене?
Јас не можев пола азбука да ја изговорам до 5 години. Кутра моја мајка, по логопеди ме носела, по што ли не , но никој не можел да ме научи. Не сум можела ни Р, ни Ч , ни Л , ни Џ, Ш никој од овие потешките букви да ги изговорам. Среќа најдовме еден постар човек , експерт, алал да му е. Благодарна му сум и ден денеска. Секој ден ме учеше нова буква да изговарам и ете денеска немам проблем. А се сеќавам ме учеше со помош на лажичка или чечкалица. Ден денес, единствено што ми е како маана, е тоа што зборувам на носот. Се обидувам да го контролирам тоа, но има многу пати кога едноставно заборавам и се опуштам. А и за тоа сум била носена по доктори хаха , и третиот крајник ми е изваден , ама немало подобрување.
Го имаме истиот проблем.Само што повеќе не ми е гајле за оние кои ми се потсмеваат,опуштена сум и со помислата дека другата година ке сум средно уч.и дека ќе ми треба време и тие да се навикнат на тоа.Но,едноставно сватив дека стравот и возбудата го прават проблемот уште поголем,па затоа се опуштам.И петалчењето полека исчезнува! Не мисли на тоа,опушти се,диши длабоко,и земај Бедоксинн помагаат за опуштање.Се надевам ке ти помогне оваа
и јас сум една од многуте феминки кои не можат чисто гласно и јасно да го кажат р но ве следам од почеток за каква жичка се работи дали е тоа болно и како каде можам да се консултирам со тоа,дали се наплаќа ? би сакала и јас да сум една од оние кои го изговараат убаво р .хехе. инаку и мене ми се подигруваа до пред некое време сега веќе не со некого кога правам муабет а прв пат ме гледа не ни приметува додека некој пак во себе си се смешка за тоа..:/
Мене лично ми е многу симпатично кога Р се изговара поинаку па дури и сметам дека тоа е нешто што ги прави некои луѓе посебни. Како и да е, ако имаш намера да се вклопиш во групата обичните кажувачи на Р , посети логопед. Вежбите сигурно помагаат (ако некогаш си била, не се откажувај - пробај повторно)
Морам да споделам една случка. Имам другар кој си има проблем со буквата Л. На еден час професорката на смеа му вика: Добро што ќе правиш, ако девојката ти се вика Лиле? - Ќе си ја викам, срцка професорке! Говорна мана, не е недостаток, тоа лична карактеристика, мене лично баш симпатично ми делува, посебно тоа завлечено, несвојствено Р. Нема никаква потреба од комплекси или срам, а тие што коментираат негативно за луѓето со говорна мана, очигледно се недораснати и несозреани. Да напоменам, дека јас немам никаква говорна мана, па да испадни дека се тешам со муабетов. Едноставно ова е мој личен став. Пелтечењето веќе е психолошки проблем, а не говорна мана, кој со многу вежби и концентрација може да се надмине
Јас имав таков проблем. Кога појдов во училиште сиот тој срам и страв а и недај боже нешто да одговорам во школо беше голем стрес за мене. Одев на логопед редовно, вежбав некои вежби таму - не се баш убаво сеќавам ама кога влегов во пубертет проблемот се реши целосно. Најдобро посети си логопед ќе те научи како да го надминеш тоа со опуштање, правилно дишење-земање на воздух додека говориш (толку се сеќавам)
мислам дека постои одредена возраст за на логопед........ јас одам со синчето,доста букви не ги изговара правилно,р и л многу тешко незнам ни дали ке ги научи,но несакам да има говорна мана како мене па да се срами и да му се смееат
Eее јас до 3 години збор не сум кажала па еве ме сеа уста не затварам Научив да викам Р во прво одделение.
немојте да му го набивате тој комплекс на детето,па и вие не треба да се срамите од тоа,и вие и вашето дете треба да го прифатите тоа како нормално.Еве ке ви кажам искрено и мојот дечко завлекува или македонски кажано дтка и тоа многу,па што,не е помалку човек поради тоа.Мајкаму го комплексирала без потреба,да просто неможеше да поверува дека мене тоа не ми смета.Извини немој да ме сватиш погрешно дека јас сега тука нешто те карам,само мислата ми беше дека нема ништо страшно. Поздрав
Се сеќеавам дека како мала неможев л да ја речам.. ам со тек на време ја научив.. а и еве како го надминав тоа.. земав една книга на пр. со приказни и седнував со мајка ми да и читам( сето тоа моја идеја, колку само си сум благодарна за тоа) и секој збор со буквата л го повторвев се додека точно не го изговорам.. и сеа повеќе немам таква мака...
Зашто мислите дека се маани. Јас пак обожавам луѓе кои неможат да речат Р или Л. Многу ми се слатки, ми иде да ги изедам.
Ани и јас сум воглавно опуштена ... но знајт некогаш да ме фатит страв. Земав Бедоксин некое време, па го подзаборајв Ама фала шо ме потсети, сега ќе почнам пак да ги земам. Славица јас имам одено долго на логопед, а и кај дефектолог каде плаќав доста пари. Ги научив вежбите со дишење и сега ги правам, најчесто пред испитување или тест ... да се смирам малце. И стварно помагаат. Некогаш кога ќе запнам на некој збор, мајка ми знае да ме стегне за рака и одма продолжувам со зборување ... незнам како се дешава ова, ама стварно функционира кај мене. Имам еден пријател, сега возразен човек, на кого д`ткањето му престанало во прва година. Се тешам со то дека и мене ќе ми се случит истото, ако не и побрзо
Јас кога бев мала знам дека не можев ич ама ич да кажам Р и дури малку 'закачував' во говорењето на С...ме носеа некое време на логопед па сега (фала Богу) ок сум
Јас до 1 одд не сум знајала да викам „р„ ама научила сам се Сега си имам маани со дијалекти неможам во глава да си ставам дека не е „коко„ тука „како„ ај да не одам офф топик ке си ќутам