1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Говорни маани

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 20 јануари 2010.

  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Брат ми пелтечи уште од 6 годишна возраст. Сега еве завршува прва год. средно. Го носевме и по логопеди, бајачки, пиеше некои апчиња од Греманија и Франција и пак ништо. Со тек на време стана подобро. Не се изгуби, ама и не завлекува толку.
    Многу е болно да го гледаш од страна како се мачи, а да неможеш да му помогнеш.
    Во основно, почнувајќи од 6то највеќе, неколку деца од одделението многу почнаа да го малтретираат. А тој не кажува. Секој ден скиселен си доаѓаше дома. Ни кажа еден ден, моите отидо аво школо. Едно време се смирија дечиштата, али пак почна стара песна. Еден од нив граници немаше. Брат ми еден ден се изнервирал и носот му го пукнал.
    Искрено многу ми беше мило :devil: .
    Лани летото едно девојче, еј девојче :!: , му зборела нешто. А 1 година помала од мене.
    Кога дознав што правела, толку се изнервирав, што ја изнатепав саглам. Многу сум против тоа, ама кога нема друго чаре... Сега бега кога ќе ме види.
    Коза, која е она така да збори.

    Муабетот ми е дека не е говорна мана неможноста да се изговори некоја буква. Кога неможе да се каже реченица како што треба, без да се запне на некое место, е тоа е говорна мана.
    Така да бидете си среќни што неможете да изговорите едно Л или Р, или шшкате кога зборите (што искрено мене многу ми е секси :$ )
    Секогаш ќе се најде некој што ќе си тера мајтап. А оние, вистинските пријатели ќе те ценат според тоа каква личност си, а не според тоа дали имаш проблеми со говорот
     
    На mila85 и L-enna им се допаѓа ова.
  2. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    34
    И јас спаѓам во оние што не можат да ја изговорат буквата "р".Порано повеќе ми сметаше ама сега се навикнав на тоа.Како мала не можев и "с" правилно да ја кажувам ама со одење на логопед го решивме тој проблем.За жал тоа не ми помогна кај "р"!Не се оптоварувам со тоа ама искрено постојат некои луѓе кои и тоа како можат да те погодат со некои непријатни коментари :worried:
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мене луѓето што имаат вакви маани,ми се многу мили.
    Имав другарка,и таа не знаеше да рече Р убаво, и често наидуваше на сељаци кои знаеа да преречат нешто за тоа,па за да не ја закачаат другите, почнав и јас така да го изговарам Р-то,да не биде сама.
    Само дома не,зошто моите ќе мислеа дека сум одлепила. :lol:

    Еве и дечко ми,и брат ми,не можат Л убаво да речат, ПРЕСРЦКАСТИ МИ СЕ.Има нешто посебно во нив.
    Дечко ми цело време го терам Л да вика,многу се нервира за тоа. :lol:
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    И јас си имам маки со Л-то...
    Ама немам никаков комплекс, а додуша и избегавам такви зборови, Л е полесно да се избегне.
    А и се приметува само кај ЛУ и ЛО, понекогаш на ЛА, ... На ЛЕ и ЛИ, немам гајле.
    Мене ме заебаваат да викам - Лустерот се лула лула... :rofl: :rofl:
     
  5. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Јас кога ги изговарам буквите "С" и "Ш" потфаќам ама баш ми е гајле.Порано многу се нервирав ама нема што да се прави :D
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Кога сум нервозна... уфф, многу грешки правам, и уште повеќе се нервирам! :@ :@
    Ама полошо ми било, сама вежбав, и научив како да зборувам убаво, без грешки, само понекогаш грешам.
    Во прва година средно, не можев да кажам Kushtetutë (устав), секогаш ќе звучеше-utetut :facepalm:
    Кога требаше да одговарам по уставно, мака имав... :(
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да немаш учено во Арсени Јовков? :)
     
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да... :D
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Лично јас немам говорни маани, никогаш не сум ни имала.

    Братучед ми имаше проблем да ја каже Р и Л.
    Одеше едно време на логопед, ама не беше нешто многу искусна во работата таа што го учеше, детето не сакаше да слушне да оди на логопед.

    Потоа ајде пак некако го натераа, но овој пат кај друг логопед и има доста видливи резултати, прво ја научи Л, сега вече ја кажува и Р, сега баш и не толку сјајно ја кажува Р, како на пример јас што ја кажувам, ама оди накај подобро. :)
     
  10. Bokk.happy

    Bokk.happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Многу брзо зборам и на моменти почнувам да д'ткам. Некогаш и по 5 пати ќе повторам и пак нема да ме разберат. |(
     
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Како што поминува времево, т.е. Септемвриво, се` повеќе сум убедена дека џабе биле тие дрецкања на главава и плачења во Августот. :rock:
    Дента пред да почнам прва година, т.е. вечерта се изнаплакав и тоа убаво. Си ги измислив најлошите можни сценарија кои можат да се случат, дали со професори, дали со соученици, сеедно. Се спремив на најлошото, што ми е некаква навика. На првиот час, едвај се приметуваше дека д'ткам, пресреќна бев. Се запознав со другар(к)ите, некои не приметија, некои приметија но не кажаа ништо. Добро, освен едно девојче, ме имитираше ама си ветив дека ништо нема да ми го расипе денот, дури ни тоа.
    По неколку дена кога станав да одговарам Социологија, имав преемногу трема и покрај вежбите за дишење пополека. Не слушнав никој да зуцне, но кога професорката ми рече да седнам и кога погледнав наоколу, сите очи беа вперени во мене. Имаше разлика од 5то, сега ме сожалуваа наместо да ми се смеат, се примети одма. Целиот ден бев скислена, ама помина и тоа. Сега ме прифатија (барем така мислам) и функционирам нормално со нив, што прави да скокам од среќа. :dance:
    Сепак, мислам дека добро беше тоа што се подготвив на најлошото (не во тој истиот момент, али ајде), бидејќи сега, кога не се случи ништо од тоа - пресреќна сум, и сакам така да продолжи. :angel:
    Не сакам да помислите дека ве советувам секогаш да се спремате на најлошото, ама сепак можеби некогаш треба да се случи тоа, за да сфатите дека не е све така црно како што го замислувате. И да, чудно ми е малку што ова излегува од мојата уста, но тоа е тоа. :rofl: :*
     
    На Domakica и Abeja им се допаѓа ова.
  12. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    И јас спаѓам во оние кои незнаат да кажат Р.Меѓутоа мене не ми се приметува многу онака слатко звучи :D И ме зафркаваат за тоа ама не си ставам многу на душа и јас си терам шали на моја сметка :) Ама дечко ми.. е он е бетер од мене,не зафркаваат како сме се нашле и двујцата такви со говорни мани :rofl:
     
  13. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Како помала неможев да речам Р,но се поправив на логопет,како и да е мене многу ми е симпатично кога неможат да речат Р...но мојот сопруг Р ја кажува на грло,леле колку ми е сладок така шо зборува... :D да можам ќе му ја изедам Р-та :D
     
  14. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Пак јас тука .. :)
    Сакам да ги прашам на оние кои пелтечат, дали чувствувате разлика кога зборувате на мајчиниот јазик или на некој друг странски, Aнглиски пример? Дали ви се зголемува интензитетот на д'ткање или не?
    Мене педагог пред неколку години ми кажа дека кога зборуваме на странски јазик, не д'ткаме толку многу како што правиме кога зборуваме на мајчин јазик. Уште откако почнав со учењето на Англискиот, кога зборувам на овој јазик чувствувам дека повеќе д'ткам, па сакав да знам дали сум единствена .. :?:
     
  15. sashka8

    sashka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    И јас сум од таа група на луѓе што неможат да ја погодат буквата Р... мене мн ми смета тоа, мислам дека и на луѓето околу мене им пречам и се чувствувам мн лошо кога прават зезанција на таа сметка.
    Моментално немам ни децко што ми поминува низ глава дека тоа е причината поради која сум сама. Како помала одев на логопед, на некои вежби ама сите ми викаа дека повеќе ми се забележува и престнав да одам....Сеусте неможам да се навикнам на тоа :worried:
     
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Де бе Сашка, па на 24 години со тоа ли ќе се замараш, обично тие работи се за во пубертет! Плус јас ти гарантирам дека на никој ни му смета, ни му значи што ти не можеш да кажеш Р. Значи тоа извади го од глава! Дека немаш дечко ради тоа, уште помалце! Немаш зошто во глава ти е само тоа имам говорна маана, имам говорна маана, имам говорна маана, нема да ме сака затоа што имам говорна маана, имам говорна маана итн итн итн. НЕ Е ТАКА! Ако нешто ти значи мој другар искача исклучиво со девојки кои не можат да кажат р, л или шушкаат, него му е тоа фетиш, ама ок тоа е веќе друга приказна :D Поентата ми е не сум чула до сега на некој тоа да му смета, баш напротив или се неутрални или па им се допаѓа. А шеги се прават на сечија сметка, и мораш да научиш и тебе тоа да ти биде шега, а не навреда. Сигурно никој не би те навредувал за тоа!
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Опушти се и повеќе уживај во животот, никој не е совршен, секој има некаква мана и престани да мислиш дека сите околу тебе мислат само на твојата говорна мана зашто не е така, со луѓето со кои го поминуваш најголемиот дел од времето веќе се навикнале на тоа и не гледаат тука ништо необично, другите треба само да те запознаат. Тоа што немаш дечко значи дека сеуште не си сретнала некој вистински, ќе се изненадиш кога ќе се случи тоа, само треба да имаш повеќе самодоверба, да не мислиш дека не си доволно вредна ако имаш говорна мана, буди се секој ден со помислата дека ти си важен дел од овој свет и дека си им важна на многу луѓе, дека ќе успееш во животот и избери некоја креативна професија што ќе те исполнува, во која повеќе ќе се истакнуваш на дело а не со ораторски способности, бидејќи како што велиш тоа ти ја намалува самодовербата. Истакни ги твоите квалитети и со текот на времето ќе видиш дека и ти самата си зборавила на таа говорна мана, што нема да игра битна улога во твојот живот само ако ти не и дозволиш.
    Овој совет го упатувам до сите кои мислат дека се помалку вредни поради оваа а и слични причини.

    p.s. Подобро да имаш говорна мана отколку да си ѕвер во душата (како тие што исмевале за нешто вакво, или се сметаат себе дека се нешто подобри ако немаат мана во говор или некоја физичка мана а не се гледаат дека се толку ниско и поради таа мана никогаш нема да бидат ни см повисоко.)
     
    На sashka8 и L-enna им се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Имав една другарка која не можеше да ја каже Р убаво. Но мене отсекогаш ми беше многу, ама многу слатка. Баш поради тоа нејзино Р.
    А имам познаничка која не може баш најубаво да ја каже и Л.
     
  19. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Сашка, јас мислам, т.е. не мислам, знам дека ги преувеличуваш работите. Личен пример за истото сум јас. Можеби прочита погоре, јас д'ткам и секако сум доживеала многу исмевања, заебанции за тоа на моја сметка. Но тоа се случува само кога ќе се запознаам со некоја личност на која, искрено по незнам која нејзина логика, и доаѓа смешно. И јас се нервирам во таквите моменти многу, но скоро секогаш има некој пријател кој е покрај мене, да ме одбрани, или пак ако ми пукне филмот, сама го правам тоа. Не вреди да губиш време со тие што те исмеваат. А ако им дадеш шанса подобро да те запознаат, ќе се каат зошто го правеле порано тоа. Затоа продолжи да си бидеш блиска со вистинските пријатели, оние кои те прифаќаат и те сакаат.
    Инаку, треба под итно да го избришиш мислењето дека немаш дечко поради тоа што неможеш да ја кажеш Р. Тој што треба ќе дојде и ќе те прифати таква каква што си, без разлика на тој факт. Од друга страна, треба да направиш и ти нешто. Да си ја зголемиш самодовербата, на било кој начин. Да бидеш расположена и пријателски настроена кон луѓето кога се запознаваш со нив - не очекувај дека сите ќе те исмеваат, зошто тоа не е точно. Кога зборуваш, да не мислиш дали правилно ќе ја кажеш Р или не, остави нека тече самото како што треба.
    Имаш 22 години, а ова се ситници со кои не треба многу да се замараш. Биди си своја, отворена и расположена, сите коцки ќе се наредат, само треба време. :*
     
  20. sashka8

    sashka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Дечки фала ви за коментариве, баш сте срцки... ке пробам малку да си го подигнам степенот на самодоверба и мислам дека ке биде се ОК.... а и како што кажа Абеја подобро со говорна мана отколку да си ѕвер во душа :*
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.