1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Говорни маани

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 20 јануари 2010.

  1. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Кога ги читам твоите мислење мислиш јас сум пишувала. Се, буквално се е исто во мојот случај. Најчесто ми се случувало од возбуда или преголема желба да кажам нешто па сум даткаела. Кога бев во основно училиште поголемиот дел од децата ме гледаа и како да ми се потсмеваа, па се случуваше од срам да не кренам рака на некое прашања, а сум го знаела одговорот. И во средно се случуваше да пелтечам, ама поретко,сметам дека поради т оа што имав поголема доверба во себе,а и професорите добро ме прифатија и чуствував некаква сигурност кога одговарам за оценка или разговарам. Дома кога разговарав со моите или со блиски луѓе немав никаков проблем. Кога кажа за мајкати дека ти ја држела раката пред очиве ми се појави слика од мене.Истото ми се случувало. Морам да кажам дека и на факулет тоа ми се случуваше.Еднаш дури кога презентиравме една семинарска јас од толку дткаење не можев да продолжам со презентирање и мораше една од колешките со кои презентирав да продолжи. Многу се срамев, но со тек на времето се повеќе и повеќе ми се намалуваше дткаењето. И денес ми се случува,но само кога не наоѓам во некоја нова средина,но многу малку се приметува тоа. А за Англиски и мене ми се случуваше дури и повеке да дткам кога зборував на друг странски јазик. Колку само говори сум држела пред нешто да презентирам, дали пред моите,или сама пред огледало,па сум пиела бедоксин,не бре ништо не ми помогнало. Но најважна е довербата. Многу е важно да не го сметаш како мана и да не мислиш што ќе речат другите. Па има многу луѓе дткаат,барем јас познавам околу 10-тина луѓе. како времето поминува се повеќе има доверба и го занемарувам дткаењето. За неколку месеци ќе имам јавен настап,т.е презенатција,па уште одсега се спремам и се надевам дека нема да има пробмел.Па и да има што да правам. Че се трудам да бидам смирена. Ти посакувам и тебе да ти се намали дткаењето,а сметам дека ќе ти се намали со текот на времето. И главата горе, без срам,поззз
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    подебилна работа од леле аама е слатко тоа р'то сакам и јас така да не можам да кажам! дојди па да видиш како е, јас не кажувам правилно р ама буквално исто како француско р не она испревртено уште погрдо. значи тоа е една од најлошите работи што не следи сите нас со ваков проблем почнувајки од родителите кои што истовремено знаат да кажат а на децата им викаат како тоа е преслатко и ги прави уникатни и посебни. нема везе според мене јас мислам дека треба да прифатат дека децата нивни ќе имаат еден период доста долг кога ќе се соочуваат со луѓе кои што немаат 5милиграма мозок па ќе се исмејаваат на вакви работи се додека не научат да се носат со тоа, ова ми е маана и многу трагично ја доживувам и се молам еден ден моите деца да немаат ваков проблем. и иди сега работи спикер или радио водител да те видам!!
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како мала неможев да кажам Л.
    Буквално го кршев јазикот, цела уста ја кривев. Најчесто, таму каде што е почетна буква Л, таму неможев да го кажам. А каде што е повнатре, помалце го кршев јазикот.
    Wубеница.
    Еwена.
    Wале.
    И сестра ми, многу ме зафркаваше, само ме тераше да кажам некој збор на Л. И сите, кога ќе видеа дека неможам да кажам Л, ми викаа: Ај кажи Р.
    И јас таква целата: Ррррр. х)
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас не можам да ја кажам буквата л ама само кога се изговара буквата л а кога кажувам зборчиња со буквата л е тек тогаш ја кажувам асално а вака само л да кажам не е баш она л правилното
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Имаше една ТВ водителка што не можеше Р да ја каже. Не можам да се сетам на името, со плава коса беше, мислам дека емисијата се викаше Пулсирања.
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Анета се викаше ,ја водеше Пулсирања заедно со таа црвенокосата ,Ана ли беше...
     
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Го имав видено мислењево и порано, само сум изумила да коментирам. :tmi:
    И јас често не кревам рака кога прашуваат нешто, иако го знам прашањето. Или кога прашуваат, сите во хор да го кажеме одговорот ако го знаеме, и јас иако го знам, тивко го кажувам, само тие до мене да ме чујат.
    Инаку, браво за самодовербата која ја поседуваш, навистина. Јас неможам .. колку и да сум сигурна дека ќе го кажам тоа што треба убаво, кога ќе ја отворам устава за да почнам да зборувам, пак исто, и С од самодоверба во себе немам. Се срамам, пред помалку познати лица поготово. Тие што ме знаат, знам дека ме прифаќаат, иако сепак не ми е сеедно дали д'ткам или не. :sweat:
    И јас се надевам дека со теков на времево ќе се намали, бидејќи не сум родена со тоа, го имам добиено, како резултат на страв. Ама ќе видиме ... се надевам дека ќе го снема за некое време.
    Со среќа на презентацијата, се надевам дека се` ќе испадне супер. Фала ти за се. :*
     
  8. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Имам мала мака при изговор на с и ш. :D Меѓутоа не се приметува многу.Кога ќе се примети многу често знам да си направам шала на сопствена сметка. И да ме нервира кога ќе видам дека некој се потсмева на некого заради некоја говорна мана :devil:
     
  9. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Јас до четврто одделение исто имав проблем со изговорот на буквата Р. Баш го изговарав како она француско, дури и полошо, и децата тогаш ми се потсмеваа, ама сепак се сеќавам дека наставничката никогаш не ми го ни спомна тоа, секогаш рецитирав на приредбите. Ама јас го решив тој проблем со логопед. Секако треба малку извесно време, и после, па и ден денес, јас не се ни сеќавам како сум го изговарала. А часовите на логопед беа во форма на изговарање на зборови, фрази, реченици, практично тоа беше читање. Ми даваше едно стапче од оние што се за прегледување на грло за во прво време јазикот да го приближувам до вилицата, и така вежбав изговор дури и дома. Кога успеав да го кажам правилно Р, па го издржував, па почнав постепено така да го употребувам и во зборовите што се со Р. На почетокот го нагласував во зборовите, и со мал тек на време нагласокот на Р се изгуби во зборовите, и јас го изговарав како никогаш и да не сум имала проблем. Во почетокот на петто одделение, јас изговарав се нормално што е со Р, што дури и никој друг не би поверувал дека сум го имала тој проблем. Како и да е, немојте да се разочарувате, или пак да имате некои комплекси. Не е само важно да немаш говорна маана, туку и тоа што го мислиш и зборуваш да е содржајно. Подобро е дури да се дтка или да не се изговараат некои букви како што треба, отколку да е се во ред со говорот, ама постојано да се тресат глупости. Тие што на сите вас се смееле тоа било сигурно и од завист. А освен тоа, и ниеден од вашите проблеми не е нерешлив. Никогаш не е доцна, и немојте воопшто да се срамите ако ви смета некоја говорна маана да побарате помош од логопед. Ќе видите дека ќе имате успех. И да имате говорна маана, тоа нема да им смета на тие што ве почитуваат и се духовно богати. Меѓутоа, јас ви кажувам од лично искуство, колкава беше мојата радост кога го решив проблемот со Р, и оттогаш многу подобро се чувствувам и не избегнувам зборови со Р. Верувајте, само за тоа, за радоста од успехот, вреди да се обидете. Поздрав
     
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И јас отсекогаш имам проблем со изговарање на буквата Р...порано како многу помала ме носеа на логопед ама јас незнаев кај се наоѓам,како некоја изгубена бев,само гледав другиве што правеа,за џабе одев неколку месеци...Морам да признаам дека ми е срам да зборувам јавно поради тоа Р а инаку не ми пречи кога зборувам со некој другар,другарка...и мене истотака 3-4 луѓе ми имаат речено дека им звучело многу симпатично и дека они сакаат така да викаат,ама понекогаш стварно смета во некои зборови коа содржат многу Р...едноставно ти се плетка јазикот,којзнае како звучи тоа :tmi:
     
  11. Lally

    Lally Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    И јас дткам,порано ми се смееја но сега се навикнаа,сепак се срамам од тоа и избегнувам многу да зборувам во училиште и кога знам траам и ми се лоши оценките .Ми кажаа дека имало некој вежби за подобрување ама јас не можам да ги најдам,ако слушнал некој нека пише па можеби и ке помогне на некој:)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    И јас го имам проблемот со дткањето и многу лошо го прифаќам и ми влијае на самодовербата. Поради тоа имам проблем и со комуникацијата. Многу пати сакам да кажам нешто, но помислам дека ќе задткам и не сакам да ја отворам устата од страв дека ќе ме исмеваат. Бев и на логопед, но краток период и ништо не ми помогна. Многу се измачувам со оваа. Не сум срмежлива, но страв ми е да прозборам. И со дечко ми многу пати кога се караме, сакам да кажам нешто што мислам, но не можам. Дали некој има сличен проблем и како се справувате со оваа? Мене ми е многу тешко .. :(

    Јас кога одев на логопед, докторката ми пишуваше зборови од сите букви, почнувајќи од А завршувајќи со Ш. Најмногу ми даваше зборови кои започнуваа на тр на пример, треба, трчај, трпи, бидејќи на тие зборови најмногу дткам и јас ѓи читав зборовите повеќе пати. Пробај, можеби ќе ти помогне.
     
  13. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Батерфлај, и јас имам проблем со д`ткањето.
    Веке 12 години има кај што д`ткам, се појави од страв кај мене. Имам пишувано неколку пати во темава, мислам на 4 страна ама мака ми е сега да листам. :$
    Инаку, и јас сум таква, ако од старт имам чувство дека ќе згрешам, не ни почнувам. Тешко е многу, поготово кога одговарам на училиште усно, каде што неможе писмено да се направи истото. Но среќа еден дефектолог ми кажа начин на кој што можам да се смирам, да ја снема тремата пред одговарање, а тоа е длабоко дишење, 2-3 минути барем. Незнам колку години имаш, ама ако си основно или средно и ако стануваш како доброволец да кажеш нешто, пред тоа неколку минути диши длабоко.
    Јас кога сум нервозна, т.е. ифрит љута на некој начин, се` на брзина ќе кажам и нема да згрешам. Самата се чудам како се случува ова. Околу ова, исто мноооогу се нервирам кога ќе сакам да му кажам нешто на дечко ми, а не можам убаво и течно. Поготово ако се запнам за некоја буква, тогаш ми е смрт. Незнам што да правам, дали да продолжам со надеж дека ќе ја кажам за брзо и следната буква од зборот, или пак да престанам. :devil:
    А пак, најлошо ми е кога треба да зборувам пред нова група на луѓе .. трема имам, се срамам и незнам како ќе реагираат, што најчесто е и причината за срамот. Сум била исмејувана многу порано, и во основно и сега кога почнав средно, но мислам дека се навикнаа сега, па не е толку лошо.
    И сакам да те прашам нешто што го мислам од порано, дали чувствуваш дека повеќе/помалку д`ткаш кога зборуваш на странски јазик? :?:
     
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Истото е и кај мене. Најмногу дткам кога треба да одговарам во училиште. Мајка ми постојано ми вели дека ако научам убаво, нема да дткам, но не е така. И најубаво да ја знам лекцијата, пак ќе си дткам. И јас бев исмејувана порано, многу често, но сега ретко се случува тоа.
    А да сум забележала дека кога зборувам странски јазици, на пример англиски, немам никаков проблем со дткањето. Толку течно зборувам, да има како се ќе си зборувам на англиски. Тоа е и причината што сакам да студирам јазици.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33

    и јас имам проблем со пелтечење, всушност до 7 оделение одвај зборував,никој не можеше да ме разбере од толку пелтечење и сите ме исмејуваа. Но пред да одам прва година ми кажаа да вежбам на огледало кога зборувам, па сега сум многу подобра,само кога имам трема пелтечам :sweat:
     
  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Батерфлај, ти завидувам. Јас повеќе д`ткам кога зборувам на друг јазик. За Англиски ајде, се трпи бидејќи знам точно како се изговараат зборовите, ми оди јазикот. Но другиве, пример кога учев Француски во основно, а и Италјански сега во средно, мнооогу, многу повеќе д`ткам. А да, тоа е и причината поради која не се запишав во Гимназија за во 3та година да се насочам кон јазиците. Колку ми е само криво .. :doh:

    Лали и јас исто вежбам пред огледало. Не сум редовна, признавам. :tmi: Ама секогаш кога читам некои лекции или пак некоја драма за обработка, си читам гласно пред огледало. Потешко ја разбирам суштината на лекцијата кога читам на глас, бидејќи често се фокусирам на тоа како зборувам. А од друга страна, читањето на драми ми е многу интересно. Пак нема да сфатам се`, но барем ќе повежбам и ќе се позабавувам. :D
    Исто, кажав порано дека длабокото дишење многу ми помага. Пред да одговараш на училиште или на друго место, една-две минути диши длабоко со дијафрагмата и веднаш ќе се смириш. Ќе видиш како поголем дел од тремата за брзо ќе исчезне. Барем кај мене, ова дејствува пред да станам да одговарам, а кога ќе почнам да зборувам пак срцето 200 на сат ми чука и тремата ми се враќа. :devil:
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Можеби е до психата.. :?: Јас никогаш на школо не сум станала на часовите да читам лекција или такво нешто, но еднаш неочекувано професорката по историја ме скорна да читам. Прочитав лекција од 3ипол страни без ни еднаш да застанам! Толку убаво ја прочитав што дури и се изненадив од самата себе. Мислам дека се е до самодовербата. Мајка ми ми зборуваше кај нив на факултет дошол еден асистент и почнал да им раскажува и тој дткал, но што вика мајка ми девојките се заљубиле во него. Бил многу самоуверен и без разлика на тоа што дткал тој не престанувал да зборува. Јас кога размислувам на тоа и кога се плашам да ја отворам устата мислејќи дека ќе задткам секако ќе се случи тоа. Но кога не размислувам на тоа и кога оставам само од себе да се случува, не дткам толку. Затоа мислам дека сме си развиле комплекси поради дткањето и само ние самите можеме да го надминеме тоа. :)
     
    На Doozy и L-enna им се допаѓа ова.
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас препишувам голем дел на психата. Кај мене се покажало дека ако се плашам, сигурно ќе згрешам. За жал, најчесто ова во тие моменти на трема не ми текнува, па пак истото па истото.
    Во основно најчесто по Македонски читав по неколку реченици, ама не беше добро. Пред 2-3 месеци читав на Музичко за Бах и просто се изненадив од тоа колку убаво прочитав, во текст од 1 страна само еднаш-два пати запнав. Толку. Леле колку бев горда кога го завршив текстот, мислам никогаш нема да заборавам. :rock:

    Кога го гледав The King's Speech (ако го немаш гледано да го погледнеш одма, се работи за кралот на Англија кој исто така д`тка), ме заинтересира нешто. Овој докторов, нешто како логопед/дефектолог му доаѓа, му става слушалки на ушите со многу гласна музика со цел тој да не може да чуе што зборува. Резултатот е прекрасен говор без ниту една грешка!!!
    Еве ја сцената, гледај од кај 3:30. Тука го нема преслушувањето на снимката каде што тој се изненадува од навидум глупавиот експеримент.
    http://www.youtube.com/watch?v=VNldbOKp_S8

    Да најдам слушалки и ќе пробам, ќе се снимам со телефонов. Баш ме интересира дали ќе успее, сакам да знам колкава е поврзаноста меѓу психата и говоров .. :talk:
     
    На biggirlsdontcry, Lallly и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    12
    Абе воопшто не треба да се секираш за тоа..мене баш ми е cool..воопшто нема од што да се срамиш ;)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Јас си ја голтам буквата Р,па дури заборавам дека тоа е така и мислам дека е симпатично