1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Говорни маани

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Unfaithful18, 20 јануари 2010.

  1. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    И јас го имам истиов проблем ... од стрес ми се појави и мене. Секогаш пелтечам при трема, кога сум возбудена, кога зборувам по телефон ... а иначе си зборувам океј ... меѓутоа нашколо ми беше на моменти тешко и тоа многу ... ако ми се смееја и јас ќе се насмеев ,но јас си знаев како ми беше ... Меѓутоа мора да се научиме да живееме со тоа , да сме смирени и така ... Да се има повеќе самодоверба ( знам е тешко ) ама би било добро да се научиме да имаме повеќе самодоверба ... Голем позз до сите
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    6.535
    Пол:
    Женски
    јас не можам да кажам Л
    ама носев портеза на долната, сега ми се ок забите
    ама сепак не кажувам добро Л :^) поточно нема никакви промени
     
  3. milicka10

    milicka10 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    6
    Здраво на сите :) Ги прочитав сите постови до сега,тие што имате проблеми во врска со изговарањето на одредени букви нема потреба да се грижите :) ,тоа воопшто не е проблем, како што имаа некои искоментирано дека тоа е дури и симпатично :$ . Тоа што всушност сакав да го кажам се однесува на тие што пелтечат,еве и јас сум една од нив,сакам да ви го кажам мојот начин на справување со овој проблем и да ве охрабрам :) И јас кога бев на ваша возраст незнаев како да се справам со тоа. Мене најмногу ми помогна тоа што во секојдневната комуникација не употребувам зборови што ми се тешки за изговарање,едноставно одбирам други зборови наместо тие, зборови со кои би го кажала истото ама ми се полесни за изговарање. супер е чувството кога знаеш дека си го надитрил пелтачењето :lol: Исто така ми помага и добрата организација,на пример кога сум полагала испити, повторувањето на глас. За да се опуштам ми помогнало и комуникација со непознати,на пример на пазар онака краток муабет или во автобус или во продавница. И кога сум се обраќала на повисоко рангиран од мене секогаш во себе сум помислувала : "па кој си бре ти јас да ти се плашам".Пелтечењето е страв од комуникација,така да треба да си измислите начин кој ќе ви одговара за да го намалите тој страв. Кај мене не исчезна сосема овој проблем но ми се подобри говорот 90% во однос на она што беше. Сакам да ве охрабрам сите што го имате овој проблем,може да се функционира нормало и да се напредува и со него :lol: Може ќе се зачудите ама јас многу успеав во мојот живот и покрај пелтечењето, да не откривам сега податоци од мојот приватност, ќе ви кажам само дека дипломирав на одличен факултет и имам супер кариера ;) а зад мене останаа тие кои се подбиваа со мене и сега работат цел месец за 100 евра :lol: Поздрав до сите и уживајте во младоста! не се замарајте со глупави и безвредни луѓе :)
     
    На Domakica, Justicija, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    15
    јас неможам да изговорам Л .. можам само ако после него има Е и И :D
     
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Девојки вака,дали може личност што скоро е полнолетна,неможе да каже Р,дали ако оди на логопет или како и да се вика тоа ќе може да ја каже таа буква или тие говорни маани се за цел живот?
    Јас порано неможев да кажам Л ,уште во забавиште учителката и кажа на мама и мама ме носеше еднаш во пржино на вежби,ми се чини само еднаш бев ,ама фала богу сега си ја изговарам без проблем.. :?: Туку не е за мене работава,кој знае во врска со ова горенаведеново нека ми одговори со подетални информации. :)
    И еве ве читам за некоја жичка ако ви ја пресечат под јазикот ќе имало подобрување.А можно ли е да има влошување ако погрешно ја исечат или штознам? :?: И дали е гарантирано подобрувањето,кажете некој експерт..Колку време одите каде колку плаќате? И да не заборавам се работи за скоро полнолетна личност..
     
  6. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Колку што знам, говорниот проблем може да ти остане засекогаш ако тоа е вродена маана. Нека вежба сама или нека оди на логопед, таму ќе и‘ какви вежби треба да прави. Таа можеби може да ја каже Р ако после неа следува А, а да не може ако следува Е.
    Затоа мислам да отиде таму, зашто логопедот и вежбите најдобро би и‘ помогнале. :)

    А ова со жичкава и мене ме интересира. Ако тоа воопшто помага, мислам дека би го можело тоа кај отежнатиот изговор на Р или некоја друга буква.
    Сепак, ако некој знае нека сподели некоја информација.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    И јас имам говорна маана. Не можам да ја речам „Л“ како што треба.
    Запнувам на вакви зборови: глупава, Лале, лага, ластовичка итн.
    Кога втората буква е „Е“ или „И“ немам проблеми, ама кога е А, ми е страм да го изговорам зборот и избегнувам да го зборувам или ќе ми се насмеат и никому ништо.
    Ама сите имаме маани, не сме совршени, едноставно треба да се прифатиш таква каква што си и гордо да тераш даље. :)
     
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    јас неможам долги зборови да изговарам.. На пример додека зборувам, си составувам некоја реченица и некој покомплициран и подолг збор ако дојде, неможам баш од одма да го изговорам.. :worried: така и во школо, со подолгите поими имам проблем, јас и да го знам поимот ако е малце покомплициран, изговарање амин :lol:
     
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Сањичка, за да ти е полесно одбирај некои други полесни зборови со кои ќе го кажеш истото. Многу е полесно така. Јас сум пример еве.. кога знам дека нема да можам да го изговорам зборот, секогаш барам некоја друга алтернатива. ;)

    А за поимите, вежбај ги дома. И по 20 пати повторувај ги ако треба, за да ги запамтиш и да можеш во иднина полесно да ги кажеш. :)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Фала за советите Ленна :* вака додека зборам со барам алтернатива некоја, но ако не ми текне па си се брукам со тоа што неможам да изговарам долги зборови :$
     
  11. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Јас не ја кажувам убаво буквата р и имам одено логопед и ми има кажано дека го кажувам француското р и на сите им е симпатично и не сакам да се менувам, а и буквата л понекогаш не ја кажувам како што треба, но ни тоа воопшто не ми смета :) Совет до сите со говорни маани, воопшто не е важно како зборуваш, многу поважно во животот е Што зборуваш :D поздрав до сите
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Тоа со жичката што зборите т. е нејзино засекување се прави само ако логопед утврди дека има потреба од таков захват. Значи кај некои е зарасната малку повеќе со јазикот и затоа тешко се изговара буквата ,,Р,,. Неможе да има влошување или лошо засекување и не се прави кај секој туку само кај оние лице кај кои е повеќе зарасната (значи, НЕ ако еј неможам да ја кажам буквата ,,Р,, дај сечи докторе :) )
    . Ретка појава, ама ете се случува.
     
    На biggirlsdontcry, sashka8 и L-enna им се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ја “р’’ можам да ја изговорам ама неможам проклетото Л ако е во почеток на збор -.-
     
  14. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    И мене ми беше тешко да ги кажувам Р и Л ама се научив :)
    Инаку маана ми е понекогаш сеуште да се задткам, неможам да изговорам некој подолги зборови, некогаш се кочам и затоа порано не зборев многу и бев повлечена ама од кога се променив не ми е гајле :)
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Јас имам проблем со Р бидејќи имам многу широк и долг јазик и кога го ставам врвчето меѓу заби за да изговорам Р,страничните делови на јазикот ми паѓаат доле и така не го изговарам баш убаво.Инаку сега одам на логопед и добро е,правам вежби,ама колку порано отидете-толку полесно и побрзо ќе научите.
     
  16. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    И јас неможам да кажам Л се трудев да ја избегнував ама тоа е многу ми беше непријатано ми се исмеваа ама сега веќе не и се навикнав :D
     
  17. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Не можам да ги кажам ниту р ниту л, но веќе сум возрасна и не ми пречи тоа. Како мала многу ми пречеше и во многу ситуации премолчував. На годишен рецитал во второ одделение мораше мајка ми да станува од последни редови, да доаѓа да ме убедува да си ја рецитирам песничката, затоа што учителката крена раце, не можеше со ништо да ме поттикне да проговорам. Имам деноноќно плачено за тоа, дури не сватив дека не сум единствена на светов. Имам правено вежби, но не со логопеди или стручњаци, туку со еден познаник на моите кој работи со деца со маана како мојата долго време и има успеси. Кај мене не вроди со позитивни резултати но повеке не се тревожам заради тоа.
     
  18. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште неможам Л да изговорам, само ЛА- и ЛЕ- можам а пред другите букви W го изговарам :|
    А дечкоми, има 21 година и петлечи кога ќе се возбуди..
     
  19. Ena.Ta

    Ena.Ta Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Како прво сакам да започнам со тоа дека секоја пречка и секој дефект со тек на време може да го постигне колку толку нормален тек. И јас имам проблем со пелтачење и кога бев помала најчесто се срамев со самиот факт дека не зборам нормално како секоја моја другарка , како секој човек што го знам.. бев самоуверена и не сакав никој да знае како се чуствувам , најчесто плачев додека сум сама се обвинував зошто неможам да си помогнам итн.. бев на логопед ми даде да пиам апчиња составени од магнезиум и ми рече да пијам повеќе чај со коприва. кажа како не е голем проблем дека не е вроден, од тогаш почнав да мислам позитивно со тек на време исчезнува , не потполно но исчезнува се зависи од самите нас колку сме подготвени да го прифатиме фактот дека нешто недостасува. Сега најчесто се појавува тој проблем кога имам трема при одговарање, при прва средба со некого и кога онака знам што ќе треба да кажам и ми идат зборовите во глава по 100пати и кога сакам да ги кажам онемувам и почнувам да пелтачам инаку не се ни приметува недостатокот. Посебно кога сум исполнета можам да зборам со месеци без никаков проблем..некако како се тоа да ми е на периоди. кога зборувам странски јазици поретко ми се случува некако се опуштам. Се ќе помине со тек на време само ако се верува во нашата способност , и ако имате силна желба за надминување на проблемот ! најпрв совет бидете среќни со тоа што сте , немислите што другите ќе кажат и што ќе мислат, оние што ве ценат и што се морални луѓе нема ни да го приметат вашиот недостаток..поздрав!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ubavo...detence

    ubavo...detence Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Moeto detence sega ke pravi 4 godini. Do 3 godini zborese SVE i site bukvi kako staro covece :) No eve sega poslednive 6-7 meseci se soocuvame so petelcenjeto.... Pocna od ic nisto - da gi povtoruva zborovite (ma-ma-ma mamo ta-ta-ta tato itn) i se poveke. Go odnesovme na logoped - kazuvaat deka e na taa vozdrast kade sto se pojavuva i treba vremenski samo od sebe 1-2 godini za da pomine. Mene toa ne mi e verno...no? Jas nemozam da se pomiram so celata situacija...od zdravo - pravo dete - odednas - grom!!!
    Zatoa bi ve zamolila - ako imal nekoj vakov slicen slucaj -da mi kaze - da me sovetuva - da slusnam mislenja barem malku dali ima nadez deka seto ova ke pomine..... pozzzzzzzz