^ Жал ми е што и твоето детенце се соочува со овој проблем .. тешко е, и за него и за вас. Еве јас сум пример. Имам кажано, но еве пак. Зимата кога имав 3 години, бев во двор и некое од децата ми фрли петарда пред мене и кога пукна се преплашив. Одтогаш почнав да дткам, а еве ме уште, 16 години имам и не престанав. Одев на логопеди, бајачки, што ти уште не, но ништо не помогна. Да не се уплаши и твоето дете од нешто? Не може тоа тук-така да се појави, најчеста причина е стресот. Инаку, кога одев јас на логопед (не дека памтам, моиве ми кажуваа) им рекле дека децата на 3 години тешко соработуваат, па затоа чекаат уште некоја година, да пораснат па потоа да почнат со вежбите. Совети .. па тоа сега не верувам да сфаќа многу работи. Осеќа дека е поинакво од другите, ама му требаат неколку години за да почне да работи на проблемот. Прво, не го карајте ако зборува брзо и почнува да дтка. Така само му го зголемувате притисокот, а едно од најважните нешта за намалување на интензитетот на дткање е опуштеноста. Знам дека сега ќе му биде тешко да научи, ама големо влијание има правилното длабоко дишење. Исто така, учете го да зборува пред повеќе луѓе за да се научи и да нема трема, зашто всушност таа е причината поради која се зголемува интензитетот на дткање. Второ, почнете да зборувате и вие полека. Детето учи од околината, така да вие треба да му бидете пример на кој ќе се одгледува. Кај мене брзото зборување ми е генетски, од мама. Трето, не го спречувајте од дружење со децата. Ако му се смеат, иако се тие мали, зборувајте со нивните родители и кажете им дека тоа не е добро, зашто кога ќе потпорасне и кога ќе почне да разбира повеќе - исмејувањето ќе го боли највеќе. Како што памтам, мене до почеток на 5 одделение не ме исмеваше никој, зашто мама зборуваше со наставничката во 1 одд. која им објасна на децата. Четврто, пробајте вие да се помирите со фактот дека вашето дете дтка. Тоа е тоа, не можете вие да го сопрете тоа, само можете да го ублажите. Ако е како мене, ќе има периоди (пример 1-2 недели) кај што дтка ненормално многу, а следниот период прашање е дали ќе здтка 5 пати во денот. Можеби ќе се повлече во себе многу (особено ако го исмеваат), па затоа уште додека е мал почнете да разговарате со него за тоа, за кога ќе порасне да може слободно да ви се отвори и да ви каже што го мачи. Како што знам, дткањето кое е предизвикано од стрес е минливо, а тие кои се родени со тоа го имаат цел живот. Но не знам колку е ова точно, иако познавам еден човек кој престанал да дтка во 1 година средно, а другиот има можеби 65 години и сеуште дтка. Знам дека со постов те уплашив, но ете - така е барем кај мене. Искрено се надевам дека на милото детенце ќе му се смилува Господ и ќе го лиши од маките кои доаѓаат заедно со годините имајќи го проблемов. Гушнете го од мене и бидете силни, сите.
Јас не можам да изговорам ни л, ни р и додека одев во основно воопшто не ми пречеше, зашто имаше 3-4 деца во одд. исто така што имаа говорна маана, ама сега во средно почнав да се нервирам многу затоа што почнаа неколку деца да ме зафркаваат постојано заради ова и да ми се смеат.
И јас имам маана. Неможам да кажам „р“ многу добро. Моите ми имаат кажувано дека сум го кажувала правилно до 3-4 година и после наеднаш сум почнала грлено да го кажувам. Одев на логопед некое време во 2 одделение и ми се подобри, ама никогаш не го научив правилно. Важно ми е дека не ми се приметува толку сега, освен кога пеам. Порано исто многу ме зезаа, но прекинаа. Сега викаат дека им е симпатично.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Ldg9FMp7f8 Подршка за сите што имаме проблем во говорење. Се израдував на храброста на Лазаро Арбос, посакувам да бевме сите вака храбри но животот ни носи такви ситуации каде што повеќе премолчуваме за да не биде слушнато нашето дткање или..Колку е прекрасно тоа што кога ќе започне да пее изчезнува дткањето, јас немам талент за пеење во псортивно би пробала
Јас порано Р неможев да ја речам ама се научив А сега Л неможам да ја речам, и ме зафркаваат Ама океј, прифаќам и шали на моја сметка.. А другарка ми пак неможе Ш..
Јас сум една од тие кои не можат „Р“ да кажат. Јас не си се замарам многу, многу. Баш напротив-се шалам постојано заради тоа: „ВМРО-вка сум бе“ Сум приметила дека полесно ја изговарам кога „Р“-то ми се наоѓа помеѓу самогласки, а многу никакво го вадам кога ми е прво во зборот, или кога се наоѓа меѓу согласки или согласка и самогласка. Како и да е, си се тешам со тоа дека во основно наставничката по француски ме пофали дека имаме француско и секси „Р“.
здраво би сакала да се посоветувам со некого сим ми има 4 години пред извесно време почна да потфаќа на зборовите и тешко да ги изговара сто да правам совет ве моолам
^ Да не копирам, на истава страна првиот пост. Напишав тогаш она што мислев дека ќе помогне кај дечиња.. ако ми текне нешто повеќе ќе ти пишам. Инаку слободно советувај се со логопед.. нема да штети воопшто, напротив - само може да помогне. Со среќа мила.
Здраво,јас имам проблеми од мал(на 4-5 годинки)од тогаш почнав да дткам и кога ќе ме прашаат како се викам јас ќе задткам и ќе неможам да го изговорам моето име.И ако јас не сум многу социален играм видео игри и др.Кога ќе ме збори некој и кога ќе ме праша не сакам да одговорам поради дткањето .Кога ќе прекинам да дткам ќе бидам социјален ем повеќе ќе се дружам со другарите.Имам 13 години и не сакам да се запишам во средно ако продолжам да дткам(ми останаа уште 2 години до средно).Се плашам ова да не ми остане до крајот на животот ако ми остане дткањето ќе нема да искочам од дома. Плус нема да фатам девојка. My life sucks -Zed
значи вака, потполно знам како се чуствуваш... бидејќи и јас бев во твоја кожа и уште сум кога имам некоја трема... престанав да дткам кога имав околу 16 години кога татко ми ми купи едни апчиња со алое вера за дткање, тие ми помогнаа, но сепак мислам дека ништо не ми помогна како што си помогнав јас самата... а бев и по бајачки, доктори, по што се не бев... пред се нема што да се страмуваш од самиот себе, и јас си мислев како тебе дека никој нема да ме сака, дека ќе ми се смеат дрн дрн јариња, но сепак имав дечко кој ме сакаше премногу и покрај мојата мана, после тоа нема што да се замараш со другите и да се смеат па што? ти си тој, ако ним не им чини нека не те слушаат, комуницирај со други луѓе што е можно повеќе, а најмногу со неепознати, така ќе ја загубиш тремата, и пред да кажеш нешто зимај воздух секогаш и само полека... јас немав никаква самодоверба но добив еден совет од една професорка во средно, да зборувам сама пред огледало, дека можам, дека ќе успеам и навистина се случи, па ете сега и на факс сум и кога ќе се сетам само колку дткав во 1 година од трема, сега си велам што будала сум била... само опуштено и пред се да бидеш тоа што си ако ти треба нешто слободно пиши ми порака
Во последниве 2 години незнам што ми е. Никогаш не сум имала оворни маани. Ама сега кога зборувам нешто, кога објаснувам, од дткање неможам да се доискажам. А па на факултет кога презентирам- абе ужас еден! Незнам што да правам, од прво не го рачунав како битно, ама сега почна да ме загрижува.
здраво феминки. Морам да ви ја кажам мојата приказна. До 7 години немав проблеми со моето говорење, си зборував нормално. Е целиот мој проблем започна кога бев прваче, учителот беше стар и при секоја наша грешка не маваше со големо дрвено стапче,е јас бев мавана по моите мали рачиња па и грбчето и башка исмејувана ако незнаев да прочитам текст од учебникот, а јас не дека незнаев да читамт уку од страв да не ме удри се вкочанував. ееее од тогаш јас почнувам да дткам, од преголем стрес. во секојдневна комуникација не дткам, си зборам убаво дткам само од преголема возбуда, кога сакам нешто набрзна да кажам или од трема. исмејувана бев, ми се смееја во основно, во средно ме научија дека само кога одговарам запнувам од трема, на факултет не ме приметуваа многу, сама се трудев да одбирам полесни зборови па многу ретко се случуваше да задткам на семинарска или испит. Во секој случај во средно, особено на факултет поминав супер, ама во основно беше пекол, Затоа и се трудев да се излечам од тоа мое пелтечење, сега сум мажена имам едно дете не дткам, ама сеуште имам треба од комуникација пред непознати или повеќе луѓе, знам да запнам на некој збор и да се вцрвенам од срам, затоа и повеќе молчам, не дека сум срамежлива или некомуникативна туку од пусти страв да не се завлечам па да ме гледаат чудно тие околу мене. Проблемот е психички, кога сум дома со најблиските супер зборам, ама кога треба пред непознати да зборувам или пред многу луѓе е тогаш тремата си го прави своето и стравот.
За жал тоа е сепак од стравови,стрес..И моето другарче има говорна мана..Но стварно незнам како можам да помогнам а исто така и незнам некој што може да помогне..Но сепак со својата помош и верба во Бог мислам дека може...
Кас со Л имам проблем јас до 5годинки незнаев да зборам и мама се ме носеше на логопед на проме кога ќе кажам лале првата буква од зборот неможам да ја кажам а втората најнормално зависи кас не ја кажувам w така нешто него чудно незнам како да објаснам
и јас исто ќе почнам да правам аам ааа или викам овакво... И јас со 5год неможев јасно да ги кажувам зборовите на пример викав вака. Урте ќе се иргаме со курте и нонстоп си се смеам на тоа што сум го кажувала
Моево нема врска со коментарите погоре, ама ептен се нервирам што во последно време кога изговарам некој збор каде што на средина се наоѓа Ч, се слуша како Ш, пример поЧнам.. Имам и дома вежбано, и пак се случува. Јбг.
Јас имам проблем со буквата С, погоре прочитав дека се сечела некоја жичка и се е во ред потоа. Каде се прави тоа на логопед или? Колку пари чини? И дали мора да се биде полнолетен?