Здраво Дали имате информација дали пелтечењето е 100% наследно, односно дали ако таткото на мојот сопруг има лесна форма на пелтечење треба да очекуваме дека и нашето дете ќе има проблем со говорот. Во колку случаеви од ваше искуство се покажало дека овој проблем е наследен? Фала на сите
Ete i moite roditeli dtkaat i mojot brat isto taka samo jas ne ponekogas i cudno mi e kako toa i jas ne sum go nasledila ali ete kolku i da mi e drago za mene tolku i mi e tesko za moite zosto taka posebno za brat mi koga nekoj go ismeava ali morame da se nostime so toa do dusa site ne sme sovrseni sekoj od nas si ima mana dali bilo povece vidlivo ili ne ete imame. Ponekogas se prasuvam decata da ne mi ja nasledat taa mana, imam edno cerkice do sega ne primetiv takvo nesto, ali i da bide sto mozeme tuka..... Pozdrav do site sto se snosat so poteskotiite i ismejuvanjeto od ovaa mana ali ispravena glava i samo napred neka se stramat onie sto taka se odnesuvaat......
И јас имав иста говорна мана,незнаев да изговорам точно ,,Р" и ,,Л".Ама со редовно одење на логпед научив точно да ги изговарам.Пред некој ден запознав едно девојче од друг град и зборувавме скајп ,самата таа ми кажа дека незнае да ги изговара иако не приметив веднаш.Знам како е некој кога ке се смее на тоа ама сакам некако да и помогнам ,да ја советувам да оди на логопед бидејќи не е доцна или како воопшто да ги прави вежбите.Се плашам да не ја повредам и да не се налути иако знам дека не треба да се мешам ама само сакам да помогнам бидејќи и јас пројдов низ истата ситуација.
здраво, и јас неможам да ја изговорам Р, имам 21 години и некогаш то ми ствара проблеми поради тоа што ја имам Р и во името, и при нови запознавувања тешко ми оди .. Дали некој има некаков совет за како да постигнам барем подобрување?
Pozdrav. Dali nekoj znae dali ima nekoi kampovi ili grupi za deca so govorni mani ili onie sto peltecat. Ako ima nekoj nekoja informacija bi mi koristela . Fala mnogu
Поздрав за сите. Би сакала да ме контактират сите лица што имат проблем со пелтечење и кои се заинтересирани за соработка за отварање група за подршка . Фала многу
Имав колешка на факултет со говорна мана. Јас воопшто со вакви лица сум имала само негативни искуства (имам повеќе примери). Такво класично и лигаво створение што манипулираше со професорите немав видено никогаш, башка што менталниот склоп и' беше таков што чувствуваше "закана" од секаде. Никој не ја прифати, никој не ја дружеше. Откако ја спријателив со сите и вон факултет со други луѓе, мене ме избриша и плус сопки ми подметнуваше на недоличен начин. А јас лесно можев да и' го искористам недостатокот и реално да ја зафркавам. После долго време пак бев навредувана од друга личност со ваков недостаток. Пак се воздржав. Ова не значи дека јас не ги прифаќам. Едноставно знам како понатаму. Кај некој ги третира од убаво поубаво, кај така по грб те бодат со ножеви.
И Слаткар пелтечи , па воопшто не му се приметува кога пее . Во комшии имам еден другар на мм што пелтечи . Добар дечко е , само ете поради тоа што пелтечи не зборува баш многу . Золва ми не ја изговара добро " С " . На доктор и кажаа дека има вишок непца во пределот на двата предни заби ( кецовите ) на горната вилица и жичка на јазикот и поради тоа " фаќа " . До сега не се осмели на оперативен зафат , можеби понатаму , кога ќе созрее повеќе . До сега не сум имала лошо искуство со лица со говорни маани , генерално сите биле воспитани и коректни . Што се однесува до мене , кај нас во семејството немаме лица со говорни маани . Јас генерално немам проблем со говорните маани . Никогаш не би се исмевала со овие луѓе . Секогаш биле прифатени од моја страна , а повеќето сами ги заладиле односите со мене .
Здравоо, Имам 20 години и не можам да ја изговарам буквата Р. Дали има некој што познава логопед во Прилеп? Ви благодарам однапред.