Мислам дека ќе се забавуваме со оваа игра. Целта е да кажеш/искористиш фрази што ги користи форумџиката над тебе целото склопено како мислење. На пример да речеме како би коментирала јас во одредена тема вие да го изведете тоа. Темата нека биде по слободен избор. Пред да напишете говор напоменете од која тема е. И да нема копирање на цели мислења, туку лично смислени како би ги изговориле
Тема : Колку долго може да опстои една средношколска врска? Offspring:Додека да трепнеш ја снема Ако е у твој стил - би можело вака да стои
Нема правда Кучињата се нашите најдобри пријатели,тие не чуваат и бранат од непријателите и кога сме во опасност се тука како пријатели да не заштитат.
"Онлајн соновниците најчесто се грешни, кој сака да му помогнам да протолкува сон слободно нека ми пише лп" - вака нешто би звучела Багуфче.
„Не, не, не девојки не ми се допаѓа кога вака се напаѓате. Ова е форум, секој има право да си го изрази сопственото мислење. Ќе ве молам смирете ги страстите затоа што дискусијата нема да има поента. Сепак треба взаемно да се почитуваме.“ Вака отприлика, на која и да е тема, учтива, културна и праведна
од темата сакам да кажам-дејзи "леле,и осмооделенци биле на коледе,а јас не ,срамотаа и циганчиња имало,епа ајде ќе им ја дадам мојата кифла зошто солзи ми навираат во очите кога ги гледам"
Koмбинацијава е многу убава, убаво си ги искобинирала патиките со маичката, само ланчето не ти требали
по дома темата-лудото стварно е луда "по дома сум си како на гробарот лопатата,море си викам кој ме гледа"
Протестот е најосновно демократско право на секој еден народ да го искаже своето несогласување со оваа влада. Не можеш ти мене да ми го ускратиш тоа право, макар имала дома тапети со ликот на премиерот! Прочитај го законот убаво, па потоа ќе дискутираме, ок? на некоја политичка тема
Штикли Обожавам, секогаш сум на штикли...па морам дека сум ниска... Многу сакам штикли...ги имам скоро сите модели- нешто вака Марамка Тема Било која во Мода!
Дечко ми ептен бил прибирлив за јадење. Ама ќе му го најдам крајот... Си се распрашав јас на Фемина. Од темата СДП - што да зготви Марамче на либето
Да, можеби тврдењево е себично, ама ми пречи законов и точка! Не ми се мешајте во животот, ако сакам и на глава ќе се качам - мое право и сметам дека никој не би требало да ме ограничува во тоа. Тема - Законот за забрана на пушење, карикирам малку Бокичке, ама отприлика вака
Без навреда, ама досадно ми е веќе да ти реплицирам и да се дообјаснувам. Пред се гледам дека аргументирање и конструктивна дискусија не ти се силни страни, а мене тоа и не ме инспирира за било каква понатамошна дискусија. Не стварно, препрочитај уште еднаш што сум напишала, ако сакаш, ако не сакаш - ај создравје. Немам намера во ништо да те убедувам, а уште помалку во нешто што не сум ни кажала. И иако самата на себеси си ветив дека ќе ги скролам твоите мислења затоа што немам апсолутно никаква практична корист од нив, ама морам да ти кажам- досадна си! Во темата Закон за забрана на пушење на јавни места