Ух Хурем лепотица ја обожавам се друго е бледо таа е прекраснотија и многу ми е мило што ги понижи тие робинките опнати створења ги мразам. Тим Хурем!!!! Спојлер Не се лути но вака ме потсеќаш секогаш кога ќе ти го видам именцето.
Не се лутам воопшто. Баш се изнасмеав слатко. Знам,понекогаш многу нападно изгледам во врска со Хурем ! _________________________________________________ Од темата модни критики. Еве ја мојата најнова комбинација.Епа ај да видиме како ќе ви се допадне.
Преубава комбинација, само ми фалат цветчиња на чевлите и црвено на маичката. Инаку супер си . Тема за модни критики.
Се пронаоѓам, многу во Блер Валдорф од госип гирл. Е сега не сум толку злобна кралица и не ковам планови како неа за одмазда, но непромислена сум како неа, несериозна и понекогаш сум намќорче. И ја обожам облеката венчињата кои ги носи Исто во приватниот живот, ми се свијаат многу песните на Лејтон, пее кантри песни и тоа посебно ми се допаѓа.
Јас ја обожавам Бијонсе и немој лош збор да слушнам за неа. Слушнете ја прво како пее во живо и се ќе ви биде јасно. Сега вие може до утре да зборувате дека не ја бива ама реалноста е друга . Тема за Бијонсе За Хипстерка може реферати да пишувам ама сепак треба краток говор така да...
Во основно си се облекував нормално, фармерки со некоја блузичка и така натаму. Ама имаше денови кога си носев од оние кратките фустанчиња, обично кога ќе се затоплеше и не гледам ништо лошо во тоа. Фустанче со сосема нормална должина според мене не е невкусно, кратки панталони секако дека се. На првиот ден од средно облеков за прв пат куси панталонки на хеланки до колена, мислев дека е прикладно ама сега кога се сетам . Но сепак само тогаш се облеков така и никогаш повеќе. Хеланки си носев ама само на туники и такви долги блузи. Штикли не сум носела никогаш на училиште, само патики, чизми и во потоплите денови балетанки. Шминка не сум ставала многу, само пудро и сјај. Иако имаше некои денови кога ставав така малку повеќе шминка ама воглавно само тоа. Кога одев наутро повеќе пати се успивав и каснев па шминка не ставав. Тема - облека за на училиште
Од темата Како да препознаам дали ме лаже : Можеш ти да лажеш, ама има нешто у мене шо одма ќе те скоцка. Варај ме и со миксер, ќе приметам на тортата.
Многу непријатно е кога ќе ти го заборават роденденот. Не дека толку би ме погодило,ама тоа покажува на несериозноста на личноста.
Ха, Маихидевран костурот ќе ја уништела Хурем, а ја баш да видам. Што има таа да се уништива други, нека си го гледа нејизниот живот, секако и се покажа правото лице Махи нека си го гледа синчето и нека си седи таму кај што и местото и нека ја остави црвената да си владее и ужива со султанот
Од СДК Чудно е како само еден мирис може да те врати 10 години наназад... Сликата пред моите очи беше идентична како таа, се наежив од убавини. Детално можам да се сетам на собата, на луѓето, дури и на облеката која ја носеа и фризурите. Расчепкав по старите семејни албуми, најдов слика, можеби од таа случка, можеби од слична собиранка, едно летно утро на терасата кај тетка ми. За миг се почувствував пак какко 11 години. Тетка ми и мајка ми млади, со смешни фризури, братучет ми типац, јас пинцур окезан од уво до уво И се само од мирис на домашен кечап. И сликата од едно радио, старо, којзане дали уште е живо, кое секојдневно свиреше, телевизор од оние дебелите, антена која вечно требаше тетин ми да ја мести за да фаќа подобро програмата, триножно столче едно, којзнае па колку постаро- како украс, старите фикуси кои уживав да им ги кинам лисјата , домашна храна и мирна атмосвера, насмевки и прегратки тон, и по некоја слика за спомен е за ваквите денови.... И животот е убав, кога од само една слика, повторно се насмевнуваш и чувствуваш топлина во себе. Спомени мали, ситни, но сепак вредни, за мене незимерно скапоцени...
^ Да не ни ја заклучат темата модераторите, не копирајте мислење на членот пред вас, парафразирајте некој негово мислења, со не мора да биде од збор до збор исто, туку суштината да ја погодите __ Мики мој е сам, т.e сmа живее и греота е да го оставам сам и сакам да размениме прстени по дома, скромно да се вериме и заедно да си живееме
Според мене Деми има многу убав стил, јас ја почитувам и сметам дека се облекува многу уникатно. Ја Сакам.
’Леле, да знаете што и се случи на Хурем моја убава! Ај, ќе ви кажам во спојлер.’ - тема: Величествениот