Воопшто не се мерило за зрелост. Мислам дека карактерот, поминатите искуства и минатото и работите со кои сме се соочувале до некаде одредуваат најмногу колку ќе сме зрели понатака.
Јас имам 19,па се согласувам дека годините не се мерило за зрелост .Мислам дека е до генетиката како на прво место ,потоа тоа што си го преживеал и што си научил од тоа било добро или лошо.Понекогаш животот нуди втора шанса па некој постапува исто како претходниот пат.Обично не се дружам со врсници па познавам луѓе над 30 ,над 40 па тоа што го зборат не го мислат и никој не дава вредност на нивните зборови
ГОодините не се мерило за зрелост. Зрелоста зависи од шо ќе те снајде во животот, колку повеќе си искусил добро или лошо толку повеќе мислиш, внимаваш, гледаш широко, размислуваш длабоко - растеш/созреваш нагло поготово ако треба сам да се снаоѓаш поради своја грешка/одлука или како последица на загуба на родител или слично. Борбата и трудот за егзистенција кога немаш на кого да се потпреш. Од друга страна гледано - Некои се слаби не можат да се изборат и завршуваат лошо, најчесто заглавуваат со алкохолизам, наркоманија и слично.
Не верувам дека зрелоста има врска со генетиката. Интелигенцијата, да. Искуството најмногу влијар на зрелоста според мене.
Некој станува зрел и на 15г.а некој останува незрел и на 95г. Зависи од животното искуство, како си ги согледал ситуациите, каква поука си извлекол од таму, во какво друштво се дружиш и сл. Јас и брат ми прерано станавме зрели, лично јас не уживав во детството и пубертетските години како моите врсници, иако имавме исто години јас бев таа "старомодна" "сериозната"... Рано останавме без татко ми, и бевме и сеуште сме поткрепа на мајка ми (заедно со брат ми а сега и мм) секогаш излегував со мисла да не ја посрамотам мајка ми.... Дури и кога ме запроси мм ми беше срам да ѝ се јавам, да и соопштам... Од друга страна пак другарка ми остана во иста ситуација како нас, но сепак беше поинаква за разлика од мене.... Затоа пишав, зависи каква поука си извлекол од ситуацијата ...
Не мислам дека зрелоста има поврзаност со годините.Се е до животното искуство и нивото на свест кое поединецот го достигнал од досегашните искуства.
Никаква мерка нема за зрелост. Или е повеќе или е помалку развиен делот во мозокот за да се однесуваме позрело и посериозно. Плус, сѐ се учи.
Не се мерило за зрелост. Посебно личности што се силат дека знаат буквално сѐ (и ја злоупотребуваат оваа фраза за годините и зрелоста) - не, не и не. Колку некоја личност се потенцира самата дека е зрела, толку е пошуплива.
Секако дека годините носат одредено животно искуство, но зрелоста зависи од тоа колку личноста успеала да извлече поуки од тие искуства. Познавам и возрасни незрели луѓе... од друга страна, познавам и многу млади личности што поради сплет на околности како да ,,остареле'' предвреме.
Зависи што имаш преживеано, претрпено. Некои порано некои подоцна созреваат. Годините немаат допирна точка со зрелоста.
Зрелоста не мора да значи дека мора да пројдеш низ многу тежок период, па за да соозрееш. Напротив баш тешките периоди можат некого да го направат уште повеќе ранлив, а некого пак уште посилен. Зависи од што, кога, како каде. Луѓето созреваат и без да се "изгорат" претходно. А годините се разбира дека до одреден степен можат да ни покажат нечија зрелост.
Има мм еден пријател , 40+ е човекот , уште се занимава со тепање луѓе , се фали наоколу како ќе го истепал овој или оној ( а врска нема , човекот е таков на вилица е Хулк , ама во реална ситуација е мало маче ) . Да го видите од страна , вака навидум , озбилен човек , со жена и две деца дома ( не се баш мали децата ) , ќе си речете овој е зрел и стабилен маж , кад оно мало морген . Маж ми со 25 е далеку позрел од него . Искрено , не знам ни зошто воопшто се дружат уште ( освен што си имаат меѓусебно доста помогнато до сега , за разни работи ) , ама пак ... јас не би го можела тој човек . Мислам дека , кога некој би ми правел таков муабет во кафиќ , би му направила такво филмско сценарио , само за да докажам дека би избегал кога некој би му покажал сила . Заклучок : Не , годините не се мерило за зрелост . Син ми со 6 години не прави муабети како баткава од 40+ .
Maturity Psychological In psychology, maturity is the ability to respond to the environment being aware of the correct time and location to behave and knowing when to act, according to the circumstances and the culture of the society one lives in. Темата е за зрелоста како поим, била таа умствена, полова итн. Досегашното искуство ме научило дека во повеќето случаи зрелоста е поголема, поразвиена кај повозрасните лица, т.е расте со растењето на индивидуата. Се разбира, како и во секоја област, така и овде постојат исклучоци. Но, поголемата маса народ функционира на горенаведениот принцип (постари- позрели).
Со време човекот созрева. Секогаш има исклучоци, ама во просек, повозрасните се позрели. Со време учиш како да реагираш во различни ситуации, искуството те учи, а имаш повеќе искуство затоа што имаш проживеано повеќе време. Исклучоци секогаш има.
Годините се мерило за старост ан нашето тело, органи и сл. Зрелоста е друго нешто неповрзано со години.
Не. Со годините можеш поискусна личност да станеш. Ама исто искуство кај различни луѓе различно се манифестира.
И јас мислев дека со годините луѓето стануваат позрели додека почнав на работа, видов возрасни луѓе ама несериозни.