Мислам дека годинте не се мерило за зрелост .. Некој кој има 16 години може да биде позрел од некој што има 18 години .. начи некој порано некој покасно станува зрел
^^ Се сложувам. Немора да значи, таа/тој има 20 и нешто години , а овој/оваа има 15/16 години, и помалите незнаат ништо. Многу пати ми се има случено ја, со моите 16 години да подучувам девојче од 23 години.. и јас, никогаш не ги разликувам,мали, големи. Сите се исти. Според мене.
godinite se merilo no i nemora da znaci.Sum sretnala nekoj na 15-16 godini da razmisluva zrelo no i nekoj 36 da ne razmisluva zrelo od pricina sto vo dusata seuste se cuvstvuva kako dete a jas mislam toa zavisi od izminatiot zivot t.e. iskustvoto vo zivotot no i od vospituvaweto na roditelite
Да така е но во некои случаи,инаку сметам дека годините си го прават своето.Колку повеќе стануваш повозрасен, толку повеќе стануваш зрела личност.Со зрелоста доаѓа и самодовербата.На 16 год можеби можеш да дадеш на некој совет,можеби имаш повеќе проживеано од некој 2-3 години постар од тебе, но како растеш така стануваш повеќе стабилна личност. Нема точно утвредена граница на колку годни се станува зрела личност. Но сметам дека и многу фактори влијаат како што е карактерот на личноста,средината во која живее,луѓето со кои се дружи и др.Може да се одрекува дека тоа не е така но сепак потсвесно тие фактории влијаат врз оформувањето на личноста.
мислам дека се е до искуството.. можно е некој од 15 години, да има проживеано повеќе работи во животот, отколку некој на 25 годишна возраст. има деца кој секојдневно се справуваат со секакви проблеми, но имат и такви кои си живеат во мед и млеко и никогаш нема да дознаат кои се вистинските проблеми во животот... и години заземаат некој дел во ова, но сепак мислам дека се е во искуството, и работите низ кои си морал да поминеш, и проблемите со кои си морал да се справиш во животот го прават своето.
Јас сепак мислам дека годините не се мерило за зрелост. Почнувајќи од мене јас сега само што наполнив 18години, а сите мислат дека сум постара според изгледот, а што е најбитно и според начинот на размислување Сум седела со постари личности од мене и сепак моето размислување (што било сосема правилно) и нивното размислување немало допирна точка Во прашање е созревањето и реалното гледање на работите што кај некои е развиено во правилен момент, додека кај други за жал се развива во подоцнешниот период
Мерило за старост, но не и за зрелост. Според мене има 3 групи : -Луѓе кои цел живот остануваат "зелени" нажалост. -Луѓе кои животот на суров начин ги тера да созреат дури и предвреме. -И оние кои нормално созреваат со текот на годините.
Годините не се мерило на зрелоста се е до карактерот и до искуството. Едни со 22 се понашаат како да имаат 16, други со 16 како да имаат 22.
СЕПАК ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ГАРАНЦИЈА ЗА ЗРЕЛОСТ! познавам многу луѓе кои џабе ги имаат своите пример 25 години.. кога се однесуваат како ДЕЦА..
Годините не се мерило за зрелост.. Еве јас имам 18 години и за разлика од поедини мои врсници се чувствувам многу позрела. Според мене зрелоста доѓа со искуството во животот. Имам поминато доста тешки денови и сето тоа придонело да созреам побрзо, за разлика од оние на кои им е мед и млеко.. Ама ете тоа е..
Годините не се секогаш мерило за зрелост. Тоа си зависи од личноста, колку е способна да ги свати и да научи нешто од своите грешки. А и од тоа низ какви проблеми поминала. Еве јас можам да кажам дека на моите 17 години сум доволно зрела за да размислувам соодветно со моите години а пак што имам една другарка изгледа како од нејзините 13 години нагоре не помрднала. Кога разговарам со неа се чуствувам како да зборувам со некое девојче од 7мо одделение, Се понаша како детенце. Колку грешки само направила и никако да ги отвори очите. Само лелека за тоа колку била тажна и несреќна во нејзиниот живот, правејќи ја една иста грешка по 100ти пат. Кажи и ја целата вистина во очи и укажи и на грешката, советувај ја и пробај да и помогнеш, не прифаќа бре, мисли зло и мислиш. Но крај и краева на такви лек им нема.
не се согласувам со некои,а со некои да. ма има деца кои размислуваат како старци и обратно возрасни со детско однесување,затоа возраста не е релевантна за размислувањата и однесувањата,само искуствата(болни или не) можат да бидат мерило за зрелост а годините не верувам
Зрелоста доаѓа со искуството а не со годините, може некој во рок од 18 години да преживел многу повеќе од некој со 35 години, пр поминати само дома пред телевизор, компјутер и да научил повеќе животни лекции и да извлекол повеќе искуства, ова е мое мислење.
Зависи од карактерот на личноста но и од стекнатото искуство Лично за мене верувам и знам дека сум доволно созреана Тоа се случи пред две години, го претрпев најтешкиот период во мојот живот. Тоа беше шок за мене, како и за сите околу мене.
Се согласувам со форготен. Се зависи од искуството во животот. Некој на многу помлади години имаат доживеано и искусено многу повеќе работи во животот од доста повозрасни луѓе од нив.