1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годините – мерило за зрелост

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 16 јуни 2010.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не.
    Зошто?
    Познавам 9 годишно дете со кое еден месец делевме ист покрив.
    Тоа детенце е толку интелегентно, со толкаво големо животно искуство, поседува преголема упорност да успее во нешто, сака да научи и се интересира буквално за се'.
    Тоа дете знае да го цени животот повеќе од сите луѓе што ги познавам, вклучувајќи ме и мене.
    Просто ме фасцинира тоа дете, неговата грижливост и желба да се оттргне од маките кои не би му ги посакала ни на најлошиот човек на светот.
    Така да, не се годините мерка за зрелост, ова дете ми е повеќе од доволен доказ за тоа.
     
  2. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Годините - мерило за искуство - ДА!
    Но за зрелост - НЕ! НЕ! и пак НЕ!

    Со моето досегашно искуство, сум сретнала голем број на личности, да речам отприлика дупло повозрасни од мене, а паметот - сајла не им фаќа, благо да кажам. Детинести, глупи да речам - не е убаво...
    А сум сретнала и помлади од мене со памет на девеесет годишен старец(читај паметен, интелигентен, искусен, зрел :!: )
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Никако. Баш пред некое време си мислев, колку би било добро на некои луѓе според IQ-то да им се одредува возраста. На 25-6 години се однесуваат и размислуваат како осмооделенци. Од друга страна, многу помали (како што забележав и на форумот) размислуваат толку трезвено како возрасни и веќе изградени личности. На некои луѓе искуството им служи единствено за да ја препознаат грешката кога ќе ја повторат.
     
  4. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Не, не, не, познавам луѓе кои за своите години размислуваат презрело, исто и онкви кои размислуваат презаостанато. Искуството во животот ќе те натера на сите проблеми да им најдеш решение,да ги урнеш сите препреки, животот ќе те стави во ситуација кога ќе мора сам да одлучиш и всушност да создадеш свои ставови.
    Сето тоа те прави позрел, сето тоа те носи во светот на возрасните, колку повеќе човек има искуства, толку повеќе созрева.

    Според мене и родителите играат улога во тоа кога нивните деца ќе созреат, ако се уште се грижат дали нивната 18 годишна ќерка или син, небитно, станале за во училиште, доручкувале,... и ред други работи, нормално дека тие деца цел живот ќе чекаат од мама и тато, нормално дека ќе им биде тешко кога ќе се соочат со сериозните животни предизвици.
     
  5. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    За искуство и за мудрост, можеби - но за зрелост не. Човек може да созрее многу рано, на 9-10 годишна возраст, но и многу покасно. Па зошто тогаш да биде мерило за зрелост... :)
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Како и сите горни одговори, НЕ!

    Објаснувањето е едноставно. Некогаш,суровоста на животот не става во ситуации да созрееме многу порано од другите... И јас познавам многу на возраст помали личност,кои размислуваат многу позрело,кои многу реално гледаат на животот..Кои одамна ги тргнале розовите очила,чисто да не му сметаа во видикот. :)
    А и постои и обратниот случај. Многу повозрасни,еве да речиме на 24,25,26, години размислуваат толку незрело што ти се доаѓа да имаш пиштол и сите да ги испукаш! :D

    Годините се само бројка. Стари сме колку што се чувствуваме... :)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Секако дека не се мерило за зрелост!!! Јас колку само сакам да си ги живеам моите 20 год, како што доликува на 20 год млад човек, но за жал проблемите се тука и не ми дозволуваат да помислам и да се навраќам на тоа. Преголемите проблеми кои ми се појавија во животот на 16-17 години, ме натераа да морам да размислувам како да имам 25 години... премногу ми е криво поради тоа.
    Ама тоа е, незнаеш што те чека во животов!
     
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Искуството е мерило на зрелост, не годините.
    Некој што проживеал во 20 години,некој го нема преживеано ни на 60.
    Добро,лошо и све измеѓу..е искуство,а зрелоста доаѓа со искуството.
     
  9. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Годините носат искуство, а за зрелоста е релевантно. Познавам многу луѓе, кои, да не претерам, ама на свои 45 години се однесуваат понезрело од мене. Некој што си е затупен - ќе си остане затупен! Но, секако дека не размислуваме исто како пред 10 години. Еве јас приметувам дека од година во година стекнувам поинакви размислувања за се околу мене, и кога ќе се присетам дека пред две години сум имала некаков детски став за нешто, дури и се чудам како сум можела да размислувам на тој начин! Значи, дали и кога ќе се постигне зрелоста е индивидуална работа, некој созрева многу рано, некој подоцна, а некој па воопшто!
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Искуство носат, во ретки случаи не следува искуството со годините. Зрелост? Па и не баш.
    Ќе посочам пример од форумов, sexualka.
    Сметам доволно кажав.
     
  11. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Годините НЕ се мерило за зрелост. Барем не во најголем случај.
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Годините можат да бидат само мерило за искуство, но за зрелост НЕ НЕ и НЕ! Знам многу кои се постари од мене а се со памет на 10 годишно дете, но знам и помали од мене или некои на моја возраст кои се навистина зрели, интелегентни и паметни. Но сето тоа е индивидуално.
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Годините НЕ се мерило за зрелост!!
    Искуството е! :)
     
  14. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Годините не се мерило за зрелост, некои порано созреваат некои покасно :)
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    До некој степен се пресудни, до некој не. Зрелоста иде со искуството, а искуството со годините. Така да му доаѓа дека сепак зрелоста до некаде иде со годините. Како и да е, неможе некој 15 годишник да биде позрел од 35годишник баш поради возраста и годините. Ама во мали интрвали, некој 20 годишник и те како може да биде позрел од некој 25год.
    Значи како што кажав, до одреден степен има влијание
     
  16. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Се согласувам со Гордана, сега некој постар има повеќе искуство и на некој помлад може од „искуството“ да му каже како берел пиперки,а некој помлад на некој постар да го научи нешто така да тоа не мора да биде исто за сите. ;)
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Зависи :?: Точно е дека годините прават искуство и знеање а со тоа и зрелост ама има доста исклучоци :)
    На пр. ако некое дете многу учи и учи и потоа станува позрел и од своите родители :) Ама зависи и во која смисла :) Бидејки нњкогаш децата ги учат родителите :D Верувале или не :D
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Најпрво кога го прочитав ова ми прозвучи како генерализација,а тие веднаш ги отфрлам кога станува збор за живи и здрави човечки примероци,прекрасни во својата разновидност и со самото тоа непредодредени за било каква конформистичка униформност.

    Годините носат плус брчки во аглите на очите,плус бели влакна низ косата,некои делови од нашето тело повеќе ја губат битката со гравитацијата и др. меѓутоа не секој станува ментално позрел.И не се согласувам дека се и мерило за искуство,има и луѓе кои живеејќи во посебни изолирани услови,или па од чиста емотивна флегматичност или па под стакленото ѕвоно во кое живеат под протекторатот на своите родители,партнери и др.„старатели„ остануваат надвор од животните искуства,дали перманентно или доволно долг период за да се создаде непремостлив gap.

    Она што мислам дека годините го вршат како влијание врз повеќето од нас е зголемување на одговорноста кон себеси,блиските и општеството.Оној премин од безбедноста на детството и бркањето на пеперутките во возрасна индивидуа која треба да се образува,заработува за живот,создаде семејство и сл.Токму во овие сфери мислам дека е најголемото влијание и трансформациите кои настануваат кај нас кога цифрите почнуваат забрзано да ја пратат аритметичката прогресија.

    А за тие кои од нивни причини кои не ми ни будат интерес да ги дешифрирам,никогаш не научат ништо за зрелоста и одговорностите си велам секоја чест на глупоста,ама па си го имаат правото на тој избор и не ме засегаат,додека некој лично не ми се инфилтрира во живот,не дај Боже.
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlWithSmile

    GirlWithSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    Годините и се и не се мерило за зрелост сепак според мене годините не се пресудни зашто има луѓе кои ги познавам 25 години се а се однесуваат како 12 годишници и обратно некој многу помлади а се однесуваат повозрасно според мене мерило за зрелост е искуството колку повеќе има искуство човек толку е позрел
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    во никој случај годинните не се мерило за здрелост ..... ;)