1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годините – мерило за зрелост

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 16 јуни 2010.

  1. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    точно де ка со се завси од искуство но погледот на свет е сосема различен од 18 до 30 или 40 години, млад човек неможе да биде толку оптеретен и да знаат сите млади дека треба да уживаат во тој период
     
  2. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Не се мерило за зрелост...
    некој многу млад може да проживее и искуси многу повеќе од друг постар или на иста возраст со него кој води монотон живот...
    се зависи од индивидуата,колку е спремна на предизвици за да созрева,или сака да остане во истата "удобна" состојба...
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не секогаш. И не по правило. Годините носат ред искуства со себе, по правило, но некогаш и 4годишно дете е поискусно и предвреме созреано да не речам (и за жал), од некои 20-30 и кусур годишни луѓе кои се сеуште дома со тато носи, мама меси, а мене ме занима баба кога ќе донесе пензија и кога ќе ги отворат студентските прашања и кенкам кога не можам да најдам чиста долна облека како да е крај на светов.

    Се зависи од средината, начинот на живеење, на растење, на воспитување. А и емотивната интелигенција е доста голем показател за нечија зрелост.
    Во глобала мислам дека родителите се во голема мерка одговорни за нечија зрелост или предиспозиција за зрелост. Ако го тинтраат детето веќе и откако ќе наполни 20 и кусур години, како буквално, дете и ако се однесуваат премногу overprotective - тогаш не можат да очекуваат дека од него ќе излезе самостоен и независен единец на општеството. Вака или онака, паразитчето во него ќе тлее и секогаш при најмал проблем ќе реагира несозреано и неприкладно за своите години.

    Се додека некој не е способен да преземе одговорност за нешто, за постапки или ситуации, а воглавно за себеси, се дотогаш си мислам дека тој човек не е доволно зрел. Барем за мене.
     
    На eloves и oceangirl им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Годините кај некои се мерило за зрелост,ама кај некои не се .
    Како поминуваат годините,особено кај машките,имам забележано дека прават повеќе глупости на поле на верност во брак,као демек му минува времето-додека може ќе трча по други.
    А и она дека децата и старите се едно исто-и тоа држи вода.
    Мада ,кога ќе видам постари,така средени па и начитани,навистина има што да слушнеш и да се подразмислиш малку .Нивните совети можат живот да ви спасат.
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Годините не се мерило за зрелост. Искуството да. Искуството го прави своето и има влијание врз зрелоста, но не во сите случаеви.
     
    На WiseGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Зрелоста се стекнува со искуството и интелектуалната надоградба, и ваљда емотивна...

    Зрел си онолку колку што мислиш дека имаш години, без да си ги знаеш годините што ги држиш сега.
     
  7. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Не се секогаш Годините – мерило за зрелост зависи од искуството можеби некое дете од 16 год е многу поздрело и попаметно од некој воздрасен , бидеќи имало многу повеќе видено и искусено работи од колку некој воздрасен . Или пак некој едноставно не сака да порасни колку и да има искуство зад себе
     
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.079
    Не се, јас сум била секогаш позрела од своите врсници и сум ги воочувала последиците од постапките кои сум размислувала дали да ги правам или не. А моите врсници си оделе на "жими мајка"
     
  9. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    некои влегуваат во пубертет и излегуваат,ама има и такви сто си остануваат таму цел живот;)
     
  10. Emma.Sun

    Emma.Sun Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    62
    Се мерило за зрелост..
    Језда има многу што се помлади а се многу помапетни и позрели за разлика од некои постари..но тоа се заедо иде со долгогодишното искуство,случувања и дешаквки од секојдневниот живот.. али во 90% од случаевите да се мерило за зрелост.. и по самите себе можеме да процениме дека како што растеме искусуваме нови работи од ки учиме и слично ! :)
     
  11. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Па најчесто се, ама еве јас како дел од младите погоре споменати можам слободно да кажам дека некогаш ми се гади кога ќе помислам колку незрели возрасни има. Е тогаш си викам: Е добро колку години има?

    Сакам да кажам, дека за некоја личност да биде зрела има многу фактори кои би требало да се исполнат.
    Не зависи само од годините, туку од околината, семејството. Зависи што се таа личност пребродела, и пораснала ментално.
    Зрелоста е една сложена фаза, карактеристика која подразбира уште посложени елементи.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Годините ама воопшто не се мерило за зрелост.
    И за зрелоста влијаат многу x и y факти.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па според мене, најчесто СЕ мерило за зрелост. Сепак со годините си доаѓа и искуството, секој нов ден е едно искуство плус, од секоја грешка, наша или туѓа, имаме шанса да научиме нешто.
    Секако, немора да значи дека секогаш е така. Познавам личности 20 и кусур, па и 30 години, а во однесувањето наликуваат на мали деца. Но тоа е... такви имало и секогаш ќе има. :|
     
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Па до некаде годините се, но мислам дека доаѓаат времиња кога годините немаат големо значење со зрелоста. Колку стануваш повозрасен се си поискусен, но немора да значи дека неможеш да бидеш позрел од своите врсници.Тоа може да зависи од луѓето со кои си опкружен, колку отворен однош имаш со родителите и што уште не. Како што ги гледам помалите од мене, ми изгледа дека идните генерации многу ќе се разликуваат од нас а и од тие пред нас. Сите се чувствуваат позаштитени, погорди и што уште не, но всушност сите се на исто ниво, а неколкумина само можеш да забележиш дека се многу зрели за свои години. Имам помал брат кој наскоро ќе полни 9 години а веќе поставува многу прашања од темата на сексот :o јас негови години не сум знаела што е тоа мување :^) Така што освен тоа што сакам да кажам дека идните генерации ќе бидат и се многу понапредни од нас, исто така многу повеќе луѓе ќе се издвојуваат со својата голема зрелост.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не, годините не се мерило за зрелост туку каков памет носиш во главата и воспитување од дома :) ....
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    1.082
    Пол:
    Женски
    Годините воопшто не се мерило за срелост.. нормално, не може 10 годишно дете да ти размислува како 20 или 30 годишен, ама па затоа се почесто 30 годишниве џабе ги напукале годините кога мозокот им заостанал во прво одделение. Се повеке среќавам такви личности што се однесуваат како што не им доликува на годините, а таквите никогаш нема да созреат, па и 60 години кога ќе имаат, такви ќе си останат, заостанати!!
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    дефинитивно не.
    Јас имам 16.5 години и размислувам многу озбилно.Сите ми велат -ко мајка ми да ја слушам ( кога зборам за нешто).Ама таква сум,озбилна.

    А дечкото со кој се мувам (мував) е 22 години и многу е детинест.Дете во душата.Воопшто не му се приметуваат годините.Многу е неозиблен,дури и од меене понеозбилен е .. не е зрел ни за озбилна врска,.а не па за нешто повеќе :x
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не се воопшто.
    Знам некои кои имаат дваесет и нешто години а се однесуваат како деца.Исто знам и некои тинејџери кои размислуваат доста зрело за свои години.
    За себеси можам да кажам дека сум нешто на средина.За некои работи уште се однесувам незрело и не сфаќам некои работи озбилно.Од друга страна пак сум доста сериозна како личност.Некои кои се дружеле со мене можеби не ме доживуваат како таква затоа што се трудам да се вклопам во друштвото,и покрај нив и јас се зезам и глупирам понекогаш.Ама не сакам многу детско однесување,понекогаш и се заморувам кога некој нон-стоп се шали.Некако повеќе ми одговара посериозен муабет.

    Јас дури и во средношколските години (не беше многу одамна де) не сум се однесувала како типичен тинејџер.Не сум се трескала од ѕид ако некое машко не ми се јави или не знам што.Не сум се никогаш замарала за такви глупости.Работата е што кога ми почнуваше тинијџерскиот период ми се случи нешто неубаво дома и баш тогаш кога на излегување некои од другарките се замараа за тоа дали некој вака или онака ги погледнал јас си имав други секиранции.Па можеби поради тоа тинејџерските проблеми не ми изгледаа нешто страшни и не им обрнував некое посебно внимание.
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Годините неспорно се единица мерка за зрелост, иако, секако, не се единствено мерило. Практично, зрелоста е животно искуство што го има некоја личност.

    Секое искуство не те прави попаметен. Некои паталечни искуства вредат години и години. Некои тие искуства ќе ги видат брзо, додека, некои никогаш. Некои ќе бидат позрели од другите засекогаш, бидејќи едните никогаш нема ни да бидат зрели.

    Сериозноста не е доказ за зрелост,според мене повеќе е зрело да знаеш да бидеш несериозен кога треба, да знаеш кога и колку. :!:
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Хипи.
    Секако дека постојат исклучоци. И онакви кои се многу позрели за свои години, и онакви кои се премногу површни и глупави за истите. Познавам и такви и такви.