1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годините – мерило за зрелост

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 16 јуни 2010.

  1. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Не секогаш. Нормално вие што имате 25-30 години сте позрели од мене, но познавам и личности неколку години постари од мене, а сеуште не се созреани и се однесуваат како деца (јас сум позрела од нив) :!: .
    Значи сакам да кажам има исклучоци од секое правило :wasntme:
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа , познавам особа што има 26 години а се понаша ко да има 10
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Дефинитивно не. Имам запознаено возрасни луѓе со зрелост на тинејџер :rofl: .
    Инаку јас се сметам за презрела личност за мој години,а и многу луѓе ми напоменале дека сум прерано созреано дете.Така сум растела и сега тоа се одразува-негативно. Немам ниту брат ниту сестра,само ладнокрвно,скржаво сувштество.
    Уште од мала сум била weirdo, кога сите си играле јас сум гледала тв(цртани уште од дете сум мразела и општи фантазии како Хари Потер,најчесто документарци на дискавери), кога сите биле темпераменти,јас само сум седела во едно место и сум анализирала се околу мене,дури ни украсите не сум ги фаќала :D Моите дома нон стоп читаат нешто и јас го прифатив тоа. И до ден денес,морам нешто да читам..ако не книга,некој весник,статии на фемина,црнобело,билошто.
    Уште во забавиште сум научила да пишувам,кога сите учеле да читаат јас читав Моќта на подсвеста. Шала настрана,во второ одделение ја читав,иако не разбрав ни збор. Моментално ја читам Сонот и окултното од Фројд,ама тешко ми оди признавам :$
    Нешто што највеќе сакам е психологија :!: А после психологија,филологија,а учам медицина :D Сум искусила доста во животот,доживувањата и падежите во животот си го прават своето. Како и да е,од моја перспектива сето ова негативно влијае,бидејќи сега се губам во опшеството како тинејџер,ниту пак можам да се пронајдам како личност,се осеќам ко` изрод. И сеуште не можам да сфатам како некој може да слуша Слаткар ;( Или пак кога прават муабет со некој врсник,не можам да сфатам колку се плитки и површни и колку немаат прочитано 2 книшки :doh: А и во хороскопот (подзнак водолија) ми пишува,ова се личности кој созреваат прерано :D А како девица,анализирам се околу мене без ниеден пропуштен детал.

    Ај толку :D Заклучок: Годините не се мерило за зрелост.Зрелоста доаѓа од начинот на размислување и самиот карактер на личноста.Моментот кога ќе се осамостоиш,е дури тогаш стануваш целосно зрел. Имав можност да си правам муабет со психијатар,и овој после ми вика,ми се чини како да правам муабет со 30-годишна личност. Бтв,што мислите вие? Колку години имам? I bet ќе погодите поради изразите ;)
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Хипотетичко прашање ..
    Кога станува збор за годините во врска со зрелоста би рекла дека се зафиси од искуството
    зависи низ какви работи си поминал во животот ..
     
    На la-lita-e, CoCoGiiiRL, Inna5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    17.755
    Сметам дека немаат врска годините со зрелоста. Некој може да има и 20 години, да се однесува како 15 годишен.

    Искуството во животот, размислувањата, воспитувањето, општеството мислам дека влијаат доста на созревањето на личноста.
     
  6. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Се сложувам со горенаведените одговори :) Искрено секој човек си има свое искуство и како си се носи со својте години само едно не ми се допаѓа не ми се допаѓаат особите(девојчињата) од 15 16 години што предвреме 'созреваат' или мислат дека созреале ...! А ДА И МРАЗАМ НЕКОЈ КОГА ЗА НЕКОЈ РАБОТИ КЕ КАЖЕ МЛАД СУМ А ЗА НЕКОЈ РАБОТИ ДОВОЛНО СУМ СОЗРЕАН !
     
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Секако дека некој што има повеќе животно искуство,ќе биде поразумен и посериозен,но и тоа не значи дека годините се мерило за зрелост..Може некој да е постар од мене пример а да размислува незрело(познавам такви).
    Значи,мислам дека работата е во човековиот ум,а не во годините. ;)
     
  8. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Јас мислам дека нема никаква ама баш никаква поврзаност помеѓу зрелоста и годините.Имам 14 години и додека којте врсници трча како деца од 5 години се тепа се однесува како помали од сестра ми што има 7 години јас правам со мојте другари озбилни муабети со мислам да прам понатаму како ќе се снајдувам во животот понатаму како и каде ќе одам да заработам пари за факултет и кој факултет ќе биде тоа за понатаму да можам да издржам семејство и седам на клупа и со зборој прам за заебанци :rofl: кој што не се гнасни :puke: како нивните и не ми е цел да гледам да спуштам некого на најниско ниво.Само што за жал мојте врсници не го сваќат тоа и имам друштво кое е поголемо од мене
     
  9. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    и се и не се
    во повекето случаи лугето со возраста стекнуваат поголема зрелос
    ама некои за жал га губат и таа сто ја имаат
    имам една другарка мислам дека од ден на ден е се поглупа :lol:
    не во смисла на глупа но не учи од своите грески и ги повторува постојана истите и мајкаи постојано истите казни :lol:
    а неа уво не ја боли
    (и го зема мајка и телефонот на 1 месец, оваа си го насла стариот во фиока си купила една џабест бројче за 99 ден. и без да знаат нејзините си има тел.)
    :x :x
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Годините се мерка за зрелост до некаде..зрелоста доаѓа од настаните што сме ги доживеале.... :)
     
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не.Некој може да биде зрел и на 12г ако поминал низ многу работи низ животот ја осознал суровата страна на животот а некој и 30 да има ќе биде ко тинејџер....индивидуално е :)
     
    На Gordana10 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  12. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Зрелоста зависи од многу работи, на пр. карактерот на личноста, колку една личност има поминато и искусено во животот, исто така сметам дека влијание има и начинот на воспитување, но дефинитивно годините не се мерило за зрелоста.
     
  13. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. 8) ...според мене не се годините-мерило за зрелост...
    ...има некои луѓе што се вечити деца без оглед на годините..
    ..зрелоста мислам си оди прво од воспитувањето од мали како да се однесуваме со самите себе си и со другите,одговорноста,почитта,самодовербата...сите се тие компоненти на зрелост,а со текот на животот се надополнуваат и се дооформуваат...ама кај некои,кај некои си остануваат исти... :emo:
     
    На nobody1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Дефинитивно годините не се мерило за зрелост.
    Некои луѓе никогаш нема да созреат...можат и 100 години да имаат а да се однесуваат како деца.
     
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Годините никако не се мерило за зрелост.
    Татко ми вика - Искуството е мерило за зрелост. И така си го знам цел живот :)
     
    На Barbie20, Gordana10 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  16. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Зрелоста иде со годините
     
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Да ама и немора да значи. Да земеме најбанален и најглупав пример. Имам другар што има 19 години и до сега немал никогаш девојка. Незнам зашто, склоп на околности можеби, а и не ми е место да прашувам глупо е. На пример дечково сега си фаќа девојка, помала 1 година. Што нејзе не и е прв дечко. Поентата ми е незначи дека е позрел од неа, само дека е постар. Во животот сите учиме и од работите што сме ги поминале, доживеале, па дури и од грешките, а тие грешки/работи што ќе ги стекнеме се викаат искуство. :)
     
  18. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    Зрелоста не се мери со девојките или дечковците и искуството поминато со нив .Нема да го земам за пример другар ти општо со вакво мислење можеш само да го изгубиш како другар .На таквите луѓе неможе и несмее да им се приговара за тоа премногу се осетливи и со право би се налутиле (во врска со зрелоста :!: а не за парнерите ДАЛИ и колку ги имале ).Созреаната личност знае да се носи со сите свои мани,да направи толеранција и компромис најпрвин со себеси па со другите ,знае да ужива и сам но и да сподели и добро и лошо со најблиските .Да ова се карактеристики за сите но џабе кога некој луѓе тоа го прават во погрешно време и погрешно место :fubar:
     
  19. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Според мене искуството го прави човекот зрел.
    А за да се здобие со искуство мора да има повеќе години.
    Така да,јас имам 20 години,но сеуште за некои работи не се осеќам зрела или компетентна.
    Ретки се оние случаеви кога детенце од 10 години има навистина вродена зрелост,памет во него.

    Мора да биде човекот мачкан со многу бои(како што викаат)за да биде зрел и искусен.И од таквите навистина може многу да се научи.

    А има и обратен случај,кога човекот има поминато многу,но сепак не му доаѓа памет.За таквите немам коментар. :D
     
  20. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Не годините, искуството е мерило за зрелост