Годините – мерило за зрелост

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 16 јуни 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.724
    Допаѓања:
    38.451
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека годините се мерило за зрелост. Едниот девер има 35 години, а во паметот е како дете. Едната јатрва има 24 години, а во паметот е како повозрасна.
     
  2. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Годините се мерило за зрелост. А исклучоците се последица на карактерот на човекот. ;)
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340
    На некој начин може да се каже дека се, но не се клучен фактор. За пример ќе се земам јас лично колку незрело размислував пред 5 години каково размислување, став сум имала тогаш а како сега, кога ќе ми текне за некој работи што сум ги правела се умирам од смеа. Но за жал има и такви што никогаш нема да созреат па и 200 години да имаат незнам како не им доаѓа умот.
     
  4. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Годините ама баш ич не се мерило за зрелост.

    Зрел си кога имаш одговорност за се. Таму се стига со вклучување на мозочето..
     
  5. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    се согласувам ;)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Ќе се согласам со претходно напишаното дека годините не се мерило за зрелоста.
    Врз зрелоста влијаат многу фактори, од кои и опкружувањето.
    На пример, од страна на татко ми сме шест први братучеди, од кои петмина сме блиску со возраста, а шестата братучетка дојде малку подоцна, па со неа имаме разлика од минимум 5 години. Отсекогаш сме ја третирале како најмалечка, буквално израсна со постари братучеди и братучетки, па тоа многу и влијаеше врз созревањето. Ми се чини дека нашиот третман кон неа како најмалечка што ништо не разбира, и даде мотив да се докаже дека сепак не е веќе мала и ги разбира работите.
    Гледајќи ја сега, сфаќам дека е многу посозреана од нејзините врсници да речеме, а и од мене кога бев на нејзини години. Иако си е по малку блесава :lol:
     
  7. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    Дефинитивно НЕ!
     
  8. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Зрелоста зависи од тоа што си поминал низ животот. Искуството е зрелост. Грешките што си ги научил низ сите ситуации, прифаќањето на одговорностите за своите години .. Од многу фактори зависит зрелоста ама дефинитивно не само од годините.
     
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Годините не се мерило за зрелост.
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Годините не се мерило за зрелост. Има луѓе кои се по 50 години и сеуште размислуваат како деца од 3-то одделение, а има и млади луѓе кои размислуваат позрело...
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.228
    Пол:
    Женски
    Се е до тоа колку е зрел човек од внатре самиот,до психата,и колку животно искуство има. Ништо не е до годините.
     
  12. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Се до она што го имаме (немаме) во главата хаха :D
     
  13. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Годините не се мерило за зрелоста од причина што постојат тинејџери кои размислуваат доста зрело, но постојат и стари лица кои размислуваат и се однесуваат како деца. :)
     
  14. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Годините никогаш не се важни, а најмалку за зрелоста. Ехе, јас си се однесувам како мало детенце, а видете ме колкава сум. :D
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.588
    Допаѓања:
    5.936
    годинкит ене се мерило...Пр. На некоја доколку и починат родителите или мајка и а има 2 браќа/сестри помали..ќе треба таа да се грижи за нив,куќата-што значи ќе созрее порано...
    Се е во главата,психата а не во годинките-ќе наполнам 18 и ајде ќе правам што сакам...Не!-За нешто да се каеш некогаш...(или можеби не)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    62.030
    Годините не кај сите луѓе, се мерило за зрелост. Точно е дека со поминување на годините се стекнуваме со искуства и поуки од животот, но не секој од нас знае де ги искористи како што треба.
    Пресудно за зрелоста не се годините, туку размислувањето на човекот и неговата подготвеност да биде ЧОВЕК!!!
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Годините не се мерило за зрелоста на една личност.
    Големо влијание врз нашите размислувања и ставови имаат воспитувањето,карактерот,степенот на социјализација и животното искуство.Ако умееме да ги препознаеме и примениме мудрите поуки, значи сме се изградиле во зрела личност.
     
    На eloves, UnknownLadyDi, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Годините не се никакво мерило за зрелост, понекогаш има и луѓе од 50 години што размислуваат како деца, а деца како возрасни. :!:
     
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Никогаш не сум гледала наа личност според своите години, туку според своето однесување и зборовите кои ги користи таа личност.
    Познавам дечиња од 5 години кои размислуваат логички и со сфаќање, а и луѓе од 50 години кои воопшто не размислуваат за делата што ги прават.
    Некои ја користат возраста, па не` нарекуваат нас децата:" Мочко/Мочла. Што разбираш ти? Јас сум попаметен и поискусен од тебе. Ти не можеш ни името да си го спелуваш а не па вакво нешто да ми кажуваш." Но реалноста е далеку од овие мислења..
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Оние κои велат деκа годините ја пρават зρелоста очигледно деκа во своите млади години ниκогаш не паднале под неκоја тешκотија, ниκогаш додеκа биле млади не доживеале тρагедија и дни поминати низ солзи не поρади тоа што ρодителите не им дале доволно џепаρлаκ туκу поρади тоа што ниκогаш не виделе со свои очи џепаρлаκ ниту паκ имале ρодител κој може тоа да им го даде, едноставно своите млади години ги поминале ρазгалени, затвоρени во својот κρалсκи пρеубав свет многу подалеκу од ρеалноста. Оние κои од млади доживуват пρоблеми и животот им е вистинсκа боρба повеќе од многу возρасни и тоа κаκо се зρели κаκо да имаат 44 а не 14 години на пρимеρ. Зρелоста не се меρи споρед годините κои човеκот ги има, вистинсκото меρило за зρеслост се оκолностите во κои изρаснал и боρбите κои ги водел од κои можел да стеκне зρелост и исκуство повеќе од многу дρуги луѓе κои не се соочиле со нешто таκво во живтот!
     
    На Snow-Star, nevermet18, ku4ence и 2 други им се допаѓа ова.