По стапувањето во брак, на која годишнина и дававте значење, дали си продолживте да си прославувате од денот кога сте се запознале или се префрливте на денот кога стапивте во брак. Годишница според мене е денот кога сме почнале да бидеме заедно. А денот од стапување во брак треба само симболично да се одбележи. Ако не било се претходно немало ни до тој брак да се дојде
Најдобро двете Ако претходно сте ја славеле годишнината нема зошто да престанете - а годишнината од брак си има друго значење и тежина. Со оглед на тоа што мене мм ме запроси на годишнината од врската (која започна уште дента кога се запознавме ), имаме само два датума за памтење - но годишнината од брак повеќе ја славиме (на годишница од врска бевме во ресторан, на годишница од брак во Венеција )
ние годишнината од врска никогаш нешто посебно не сме ја славеле. една година јас ќе заборавам другата он и не придававме многу значење. за годишнината од брак која што се наближува ќе ке ја одбележиме со вечера во ресторан со фамилијата и многу ми е мило. дечко како дечко не беше посебно важно но од кога ми е сопруг ќе славам бе што хахахха
Јас не се сеќавам на датата кога се запознавме, или кога прв пат бевме на дејт, па кога прв пат...ју ноу тоа, не знам. Отприлика мислам знам кој месец беше кога заличевме на пар Годишнината од брак си ја бележиме секоја година. Не ми е парче хартија, денот мене ми е посебен и значаен, кога маж ми застана до мене и ми се заколна дека јас сум таа фром дис деј форвард ту лав енд ту холд додека смртта не не раздели. Јесте да развод е смрт за брак исто, ама јас живеам со надеж дека ќе е тоа за кои заветите се дадени. Мислам дека и многу други исто го мислат, оти кога и да ме праша некој мажена ли си, откако речам да, наредното е колку години сте во брак, не колку време сте заедно кое наоѓам е повеќе резервирано за луѓе во врска.
Тоа да, плус и оние "скапите" годишници (златна, сребрена, не знам каква) секогаш се однесуваат на брак, така да тој е тој позначајниот (и тој го честитаат луѓето)
Денот кога се запознавме беше 18 септември, а свадбата ќе ни биде на 14 септември (оваа Сабота). Близу ни се деновите може на 16-ти да славиме ете насредина да биде
И нас најважна ни е датата кога ја започнавме нашата врска! Од вчера сме и верени, а во ноември здравје Боже и регистрација, ама датата кога ја започнавме нашата врска мислам дека секогаш ќе ни остане најзначајна. Ќе ни биде важна и вчерашната дата, заради тоа што го започнавме нашиот заеднички живот, секако и денот на регистрацијата поради тоа што ќе станеме официјално маж и жена. Ама некако најпосебна ќе ни остане онаа кога ја започнавме нашата врска!
Има повеќе важни датуми во нашиот живот, и мислам дека нема потреба сите посебно да ги славиме званично...Се разбира, ние меѓу себе двајцата знаеме онака поинтимно да ги означиме деновите кои значат во нашите животи, но оној датум кој го ,,споделуваме,, со нашите најблиски е денот на нашата свршувачка, денот кога почнавме еден заеднички живот.
Јас воопшто не памтам кога се запознаваме, па нели, не бевме заедно веднаш, се мувавме прво, па после ајде, држ-не дај, демек ај ќе пробаме, па ај не вака, па ај не така... Така што денот кога стапивме во брак мене ми е најважен, а и тој само го памтам.
На нас ни е најважен датумот кога ја започнавме нашата врска, зошто токму на тој датум 6 години подоцна мојата љубов ме побара за жена. Денот на свадбата го одбележуваме, ама не со толкава еуфорија како денот кога започнавме врска.
И ние имаме повеке важни датуми кога се запознавме т.е стапивме во врска, на исти ден после 4 години се веривме, па на еден датум ние регистрацијата, а на други венчавката и сите си ги славиме поинтимно ние двајца, а мислам најмногу ке ја славам годишница од венчавка затоа што беше еден прекрасен ден
Во Октомври се запознавме. После една недела започна нашата врска. После неполни 2 години се земавме. Памтам дати.
Годишницата од свадба скроз небитно помина. А за годишницата од врска си одиме на вечера да си ја одбележиме. Иако бракот е битен, јас си сметам колку време сме заедно, а не колку време сме во брак.
Ние славиме три годишнини Денот кога се веривме и почнавме да живееме заедно. Денот кога склучивме граѓански брак. И денот кога го кажавме судбоноснота да пред Бога и свадбата.
Датум од кога почнавме врска си го обележуваме секоја година. Годнишнина од брак никогаш досега. Датумот кога ме запроси некако небитен останува. Мм не може да памети толку датуми а и вака полесно е, само си рачунаме колку време сме заедно.