1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Годишното обраќање на Обама

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Viiiiip, 25 февруари 2012.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Во своето годишно обраќање до нацијата, претседателот Обама предложи промени во даночниот систем, насочени кон тоа богатите да плаќаат повеќе: притоа, тој побара конгресот да го усвои неговото “Бафетово правило", според кое, секој што заработува милион и повеќе долари годишно, мора да плати најмалку 30% данок на сумата над еден милион.

    Како реакција на ова, веројатниот републикански кандидат на следните избори, Мит Ромни, жестоко се спротивставува на тоа: тој вели дека ако државата и натаму продолжи прекумерно да се меша во економијата , за неколку години “ние ќе имаме голем контингент на долгорочно невработени луѓе, кои ќе бидат зависни од државата за да преживеат". “Зависноста од државата", вели тој, “може само да создаде пасивност и бесперспективност“.

    Дали американската држава се ангажира премногу или премалку во прераспределбата на доходот?

    Дистрибуцијата на доходот во развиените земји: колку пати најбогатите 20% заработуваат просечно повеќе доход од најсиромашните 20%
    Америка (8,4 пати повеќе)
    Велика Британија (7,2 пати повеќе)
    Германија (4,3 пати повеќе)
    Кина (12,2 пати повеќе)

    Кој е вашиот став :)
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.226
    Не верувам дека мултимилионерите и мултимилијардерите би финансирале нечија политичка кампања кој сака да им собере 30% преку данок - тоа значи бај бај Обама на наредни избори. Освен тоа тие ќе си најдат правни дупки и начини како да си го заштитат богатството - многумина веќе играат со финти од типот: правно немаат скоро ништо, а на располагање фактички им е сè и сешто. Прочитајте ја "Богат татко, сиромашен татко„ и ќе ви биде појасно.

    Инаку тие 30% во што би ги вложила државата? Мене не ми користи сознанието дека некој е „казнет„ туку ќе користи ако тие пари се вложат за ан пр. социјална помош, поефтино или бесплатно здравство, нови работни места и тн. Ако ги вложат во прозиводство на оружје и финансирање воени акции низ светот, тогаш дотолку полошо.
     
  3. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Што знам.. имам чувство дека Републиканците ќе победат на претстојните избори
     
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Имам чувство дека сум згрешила
     
  5. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
  6. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181