1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Големи мали лаги (Лиен Мориарти)

Дискусија во 'Книги' започната од I <3 Books, 14 февруари 2015.

  1. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Една од најубавите книги што сум ги прочитала годинава, а веројатно и години наназад! Не знам за вас, но јас просто уживам во стилот на Мориарти, а овој нејзин втор хит ми се допадна многу повеќе од Тајната на сопругот. Мистериите, емоциите, градењето на ликовите, врските меѓу нив... жената везе со зборови. Дилемата сега е како накратко да ви ја претставам книгата со 6-7 реченици, кога не знам ни од каде да почнам... Ајде вака...

    Училиштето Пириви е мало, прекрасно основно школо во близина на плажа каде децата учат дека насилството е неубаво и недозволиво.

    Но и покрај тоа, еден вечерен, родителски училишен настан се претвора во хаос и завршува со смртен случај. Пиштат сирени. Врескаат луѓе. Еден родител е мртов. Дали станува збор за убиство, трагична несреќа или нешто сосема трето?

    Родителите во Пириви ќе откријат дека малите лаги понекогаш можат да бидат најсмртоносни...

    Големи мали лаги е мистерија која ги следи животите на три жени и опасните мали лаги кои си ги кажуваат за да преживеат. Првиот лик со кој се сретнуваме е Медлин. Таа е енергична кавгаџика, една од водечките сили во училиштето, жена со мерак за озборување и надмудрување, но сепак прекрасна личност и страшно добра пријателка. По години живеење како самохрана мајка, сега е премажена, но се плаши дека ја губи својата прва ќерка во битката со бившиот маж кој ги оставил и двете додека Абигејл била бебе.

    Селест е една од оние неверојатно убави жени кои прават светот да застане и зјапа во нив. Таа има убавина, пари, две близначиња и прекрасен маж. Но дали нејзиниот живот е толку совршен како што изгледа? Ако е, зошто тогаш таа ги брои деновите до датумот кога планира да го остави?

    Џејн е млада самохрана мајка која вели дека дошла да живее во Пириви затоа што сакала да живее на плажа, но вистината е многу погрда и пострашна од тоа.

    Трите жени се спријателуваат без да знаат дека нивното пријателство ќе заврши со голема трагедија. Каква трагедија? - тоа е прашање што ќе ве мачи од почетокот до крајот на книгата, бидејќи додека ги следиме животите на трите жени и паралелно ги читаме интервјуата со рекла-кажала на останатите родители во училиштето, не можеме да погодиме што всушност се случило и кој е мртов. Дали умира Медлин? Дали можеби е Селест? Останува да откриете сами...

    Големи мали лаги е книга што не се остава, книга што ќе ве натажи и насмее, книга што ќе ве натера да размислувате. Ова е книга што не смеете да ја пропуштите.

    И не заборавајте, „Ова може да му се случи на секого!“
     
    На sia.bella, do-re-mi, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Прво морам да кажам дека ми е многу мило што добивме македонско издание на една ваква прекрасна книга! Со сигурност ќе ја купам и ќе ја подарам некому :)
    И мене ми се допадна многу повеќе од The Husband's Secret, особено затоа што ја читав после Big Little Lies, па нормално очекувањата ми беа големи :wasntme:
    Во темава ќе оставам линк од мојата кратка забелешка за книгава што ја напишав во Последна прочитана книга.
    Требаше да ја ставиме во клубот, можевме да развиеме убава дискусија. Ама ете темава може да ни послужи за тоа :)
     
    На I <3 Books му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Најубавата корица и не сте ја ставиле.:( Ова што сте ја одбрале воопшто не ми се допаѓа. :(
    Уште кога ја видов книгата корицата прво ми остави впечаток, а потоа кога ја прочитав уште толку ми се допадна. Ме потсетува на лагите, како се распрснуваат...
    Нејсе, што е тоа е, книгата е преубава, апсолутно вреди да се прочита и мило ми е што има превод и е достапна за сите.
    Само што ја завршив и вријам од впечатоци.
    И корицава ми е преубава, кажува многу за самата книга.
    Big little lies влегува во моите омилени книги и морам да кажам дека е далеку подобра од Тајната на сопругот.
    Стилот на пишување е крајно забавен, богат, течен, едноставно нема еден досаден момент во кој почнуваш да си правиш список во главата за обврски што чекаат да бидат завршени. No, sir.
    Книгата почнува со интервјуирање на луѓе кои ја раскажуваат својата гледна точка за некој настан. Ми беше крајно интересно како секој човек има своја верзија на еден настан, како субјективноста има огромно влијание, секој поради свој мотив различно доживува една ситуација.

    Потоа се открива што навистина се случило низ очите на трите главни ликови: Џејн, Меделин и Селест.
    Приказната се одвива во Австралија. Џејн се преселува со својот петгодишен син Зиги блиску до плажата и океанот. Нормално, има скриени мотиви за ова, но сепак смета дека и таа има право да ги искуси благодетите од живеењето блиску до вода.
    Местенцето е предградие каде што сите се знаат со сите и се поврзани на некој начин. Џејн се запознава со Меделин која има борбен темперамент и секогаш се залага за правата на угнетените. Меделин е пријателка со Селест која има совршен живот, богат, згоден маж и две момчиња близнаци. Трите стануваат добри пријателки.

    Поглавјата се делат на месеци пред Trivia night и потоа. Дури иако главното случување се открива негде пред крајот, низ целата книга има сплетки и интриги.
    Како човек да присуствува на некој досаден, малограѓански живот, озборувања, лажни насмевки и љубезности, сите се фини еден со друг, но нели, тоа е само на површината. Ама под површината го гледаме животот каков што навистина е, било каде, во кој бил дел од светот.
    Насилство, лажење, измами, предавства...
    Има и одлична перспектива на родителството, какви може луѓето да станат кога се работи за нивните деца, ја опфаќа темата на домашно насилство, насилството меѓу децата во училиште...
    Ова е една навидум површна книга која крие многу длабоки и болни работи.
    Уживав во секоја прочитана реченица и се надевам дека нејзината следна книга ќе биде исто толку добра.
    Во меѓувреме обавезно ќе прочитам уште нешто од неа.
    Има 5/5 од мене, книга која ќе ја памтам долго. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    И мене многу ми се допаѓаше оваа корица. Лижавчето ме асоцира на детство, на нешто искрено и по малку наивно. На она кога животот ни се чини сладок. А кога ќе пораснеме, некако целата перцепција за светот ни се менува. Сликата што си ја имаме во глава се распрснува на парчиња, зашто почнуваме да ја согледуваме реалноста.
    Некако повпечатлива ми е таа корица, повеќе внимание привлекува од онаа со куќата. Знам дека не треба да ја судиме книгата по корицата, ама тоа е првото нешто кое можеме да го воочиме кај една книга. Освен тоа, јас лично многу сакам книги кои се комплетно скоцкани, а тука спаѓа и дизајнот, не само содржината.
     
    На sasaSasa, do-re-mi и RainBow им се допаѓа ова.
  5. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Се мислевме за корицата до последен момент, ја имавме направено и другата :D ама и покрај тоа што е преубава, нема збор, стилски и визуелно „не личи на нас“, не е во ист стил со другите корици што ги имаме, повеќе потсетува на Три или на Арс Ламина и затоа се решивме за другата. Мора да се внимава и на тие работи :?:
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ќе почекам саем за да си ја купам на Македонски, иако ме заинтересира.
    Откако го купив киндлот цело време читам на Англиски, ќе си го заборавам јазикот.

    Инаку, за корицата се согласувам и јас со другите, дефинитивно е подобра таа со лижавчето. :)