Не знам кој ми е посмешен, оној кој силно и неразумно верува во љубовта или непотребната инаетлива гордост. Кај мене тоа оди на следен начен: љубовта во моите години е пререлативна и минлива работа, дотолку што слабо верувам во неа. Точно е дека сум заљубена и среќна, но сум била заљубена и среќна претходно со друг, па кој не ми гарантира и за трет? Значи на крајот секогаш останувам само јас и мојата личност. Еден ден кога можеби подобро ќе размислувам најверојатно ќе се каам за некој мој „храбар подвиг“ кој сум го направила за љубовта. Па и се каам веќе. Така да, преголемото губење и тонење во неа ми е глупо рамно состојбата на Дон Кихот. Но, упорна горделивост? Сериозно? Тоа ти е исто ко и скромноста, кога немаш ништо, ги имаш двете, абе права шпанска хероина со цветче позади ушите. Реално, главните фраери завршуваат со таквите, ама друг муабет е тоа... Гордост, секој треба да ја има ама страшно ме нервира кога некој ја силува, па главно, во големи количини, ја имаат ситните души. Затоа, јас давам неколку шанси и ги потенцирам за да нема забуна, оти сакам да си бидам со љубените и да работам на нас (ако има простор). Но, доколку шансите не се искористени тогаш мирно ја затворам вратата ако порано сум ја трескала и така си заминувам со напрчен нос! И уште да додадам, со текот на годините гордоста се намалува на сметка на многуте заеднички моменти. Дјуран Дјуран го има тоа добро отпеано: „Passion or coincidence once prompted you to say pride will tear us both apart Well now pride's gone out the window cross the rooftops runaway Left me in the vaccuum of my heart... “ А ако со годините гордоста и љубовта не сме ги научиле да циркулираат заедно и паметно, е тогаш, имаме проблем.
За жал до сега претежно гордоста имала поголема улога. Знам и сите ми викаат дека ми е најголема мана, ама не значи дека некогаш не можам да ја потиснам, ама тоа од кога убаво ке се изнаинатам. Ај да не се правам многу лоша, имало ама ретки се тие ситуации кога гордоста сум ја оставила на страна.
Во љубовта ми ја повредува гордоста и ме понижува, па тоа не е љубов. Жената треба да држи до себе, ако сама не се почитуваш, кој сакаш да те почитува.
.. ...баш поради љубовта ја згазив мојата гордост...и тоа долго,долго траеше.....ама другата страна продолжи да ме гази и понижува така да болката ја претворив во сила повторно да си ја вратам самодовербата,дека многу вредам како личност,дека грешката цело време не била кај мене, и се роди внатрешен револт со одлука,заминувам гордо и со дигната глава ,иако внатрешно срцето ми крвареше.душата ме болеше,очите беа полни со солзи...едноставно се спасив.....
Интересно прашање Јас сега би играла ГОРДОСТ ПРЕД СЕ Имам осетено како е да се бира меѓу љубов и гордост, не погрешив дефинитвно ! Ако некој навистина те сака, искрено, нема да дозволи да ја ставиш својата гордост на коцка Мое мислење !
премногу сум горда не можам да молам ете едноставно не можам таква сум, а знам дека сум изгубила многу битни работи поради тоа еве тука си признав инаку гордоста не ми дозволува пред други да признаам
Ако се работи за сопствено дете? Детето нема да те сака? Нема ли за него љубовта да ти биде на прво место?
За да се има Љубов мора да замеша прсти и Гордоста,ако ја запоставам гордоста и се препуштам само на љубовта тогаш не ќе можам да бидам целосна,сепак се во свои граници
Гордост! И не само кај женските, треба да има и кај машките. Јас неможам да го поднесам она лигавење, молење и трчање по некој. Па не е последен/на мајка му стара, не е последен/на на планетава. Има други и секогаш ке ги има. Никогаш не сум молела некого кој ме оставил, а никогаш нема ни да молам. Искрено, не сакам ни да бидам молена. Ако јас сум го имала последниот збор, значи јас убаво сум си размислила за тоа и сум заклучила дека така е најдобро, по што, најмалце што очекувам е некој да ме моли да му се вратам или сл. Не можам никако да ги сватам оние т.н. „кучки“ кои ќе бидат со некој, да речеме, ќе има и љубов, но сепак ке ја прекинат врската. Зашто? За да ги молат да им се врати, за да трча по нив, бла бла... Демек они божици се, и живото без нив нема да може да продолжи понатаму
Кога е во прашање сопствено дете,мајка,татко,тогаш љубов ама кога е во прашање некое машко тогаш гордост.
ГОРДОСТ.. и тоа каква. Море ке му свртам грб и што сака нека прави. А они пак глупите што се изразуват со: ТЕШКО Е ДА МЕ НАЈДЕШ. ЛЕСНО МЕ ГУБИШ. многу ме нервираат. Се прават пре- нај горди а всушност се глупираат само.
Гордоста пред се Но се разбира да биди до границата,некогаш знаеме да бидиме горди од проста тврдоглавост..