1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гордост или љубов?

Дискусија во 'Психологија' започната од smiley22, 26 јули 2012.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас сум секогаш за љубовта, освен се разбира во одредена ситуација ако е навистина гордоста во прашање и нејзиното сериозно нарушување од страна на партнерот.
    Вака размислувам бидејќи јас сум многу горделива личност и сум имала многу ситуации во кои несакајќи да попуштам без причина сум предизвикала кавга иако немало потреба и со ептен мала толеранција би поминало се полесно, ама пуста тврдоглавост.... :lol:
     
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Ако некој вистински ве сака никогаш нема да ја доведе вашата гордост во прашање ниту пак ќе ве доведе во ситуација да избирате. Без навреда ама најголема глупост ми е кога ќе кажат дека ја изгубиле љубовта заради гордоста. Сфатете дека во таквата ситуација не ни имало љубов. Прво ако некого вистински сакате нема срцето и душата да ви дозволат да покажувате гордост на него и да го понижувате, ниту па другата страна доколку вистински ве сака ќе направи да си ја погазите гордоста со тоа што ќе ве понижи.

    Така што според мене гордоста и љубовта во ниеден случај не треба да се поврзуваат, затоа што немаат никаква допирна точка, две сосема различни работи, немаат иста цел, ниту пак може да се надополнуваат.
     
    На disaster, sweet-star, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.196
    Допаѓања:
    10.835
    Пол:
    Женски
    Секогаш љубов.
    Ако една врска не успее, тоа треба да биде ако двајцата партнери не добијат доволно еден од друг, а не затоа што биле премногу горди некогаш да попуштат, простат или да се променат.
    Го сфаќам концептот да се сакаш себеси најмногу, ама љубовта значи да го направиш партнерот среќен затоа што ти ќе бидеш среќна за него, и секако тој да го прави истото за тебе.
    Јас би рекла почит над се. Да се почитувате меѓусебно, и да се почитуваш себеси. :)
     
  4. Lucijabella

    Lucijabella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    ...Njubavite zborovi se onie koi srceto gi cuvstvuva ,pogledot gi pokazuva ,a ustata negi izgovara ete toa e gordosta
     
  5. Sinookaa

    Sinookaa Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Премногу пати ја погазив гордоста но сфатив дека неможам јас секогаш да ја погазувам гордоста. Понекогаш тоа треба да го направи и личноста поради која ти самата си ја погазила својата гордост. Љубовта е прекрасна, ама не секогаш треба да се слуша срцето, понекогаш треба и умот. :)
     
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Се зависи од ситуацијата. Да, треба да се попушти во име на љубовта, ама немам намера да изигравам жртва или да си ја газам премногу гордоста за некој.
     
  7. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Љубов... Не дека гордоста не е важна, напротив многу е, но поради гордоста не се остварени многу љубови кои можат да ги разубават животите на многу луѓе.
     
    На Dimkovska123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    гордоста нормално ]:) знам понекогаш да попуштам :D
     
  9. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Баланс.
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Кога е во прашање љубовта заборавете на гордоста не одат заедно,јас сум за ЉУБОВТА. :inlove:
     
  11. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Каква е таа љубов ако ја згазиш сопствената гордост?
    Како очекуваш другиот да те почитува, ако самата не се почитуваш?
    Девојка со гордост секогаш ќе е почитувана и љубов нема да и недостига, додека девојка која е спремна да ја погази дури и својат гордост заради љубов цел живот ќе живее во лажна надеж дека тоа заради кое ја погазила сопствената гордост е љубов.
     
    На hermosa и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  12. chips.for.free

    chips.for.free Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    37
    Многу е точно ова што го напиша! Камо среќа сите девојки да го знаеја ова! ќе бевме многу посреќни.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Гордост или љубов...Не се ривали,туку придружници.
    Ако некој се почитува доволно себе си,другиот ќе има причина плус за да го засака.Па, нема да се доведе во ситуација да избира за да остане понижен.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  14. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326

    Не мешајте гордост со самопочит!
    Самопочитта е есенцијална, никој нема да ве почитува ако не се почитувате сами. Гордост (за разлика од самопочит) е да знаеш дека си крив а да не се извиниш. Тоа не е самопочит, тоа е претерување. Не за џабе е гордоста еден од 8те смртни гревови. Од неа никогаш ништо добро не излегло. Ве молам не мешајте ги терминиве.
     
    На aerodrom, babyblond, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Понекогаш треба да прегазиме гордоста за да бидеме среќни, а знаеме дека најважното нешто во животот е да се биде среќен. Но, понекогаш не смееме да ја прегазиме гордоста затоа што со тоа би простиле нечии неопростливи грешки. Сепак, секој случај е различен и мислам дека сме доволно умни за да размислиме и подоцна постапиме правилно :)
     
  16. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Љубов, но се ρазбиρа со гоρдост! Но не пρетеρано бидејκи со пρеголема гоρдост можеме да го повρедиме дρугиот κој не саκа, а и самите себе си. Сум пρиметила и имам и пρимеρи деκа оние луѓе чии гоρдоста им е на пρво место и поважна од љубовта, нивната љубовна пρиκазна завρшува почесто со несρеќен κρај. Но понеκогаш за човеκ κој навистина вρеди да биде твој сопатниκ и навистина те саκа мислам деκа тρеба да се смали нивото на гоρдост дотолκу е потρебно.


    Многу е потρебно во животот да имаш гоρдост, исκρено без гоρдост сме ниκој и ништо
    но се во свои гρаници. Луѓето со пρемногу гоρдост исκρено на живци ми одат и ме неρвиρаат, не затоа што се гоρди туκу поρади тоа што поρади својата гоρдост си го уништуваат животот.
     
  17. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Јас би рекла дека гордоста и љубовта се надополуваат една со друга.Одат во пакет.
    Во љубовта би рекла дека најважното нешто е почитувањето.По него е сакањето.
    Едно е да се каже те сакам,друго е да се каже те љубам.
    Те сакам многу се користи во изразување на ертоска љубов,затоа што нели постојат три типа на љубов.,во таквата љубов те сакам,значи да поседувам човек,а човек не е предмет за да се поседува,затоа најточно е да се искаже со те љубам.
    Мислам дека се додека има љубов од двете страни,гордоста не е потребна.
    Но ако љубовта биде искористена,тогаш личноста би требало да стави точка на таква љубов,и би ја избрала гордоста.
     
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам. Ми била погазена гордоста заради љубовта повеќе пати, и се за џабе... Во мојот случај повеќе нема да си ја погазувам гордоста и би ја избрала гордоста, затоа што ниско паднав заради таа љубов. Ама во други случаи, понекогаш во името на искрената љубов треба да се погази и гордоста.
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои некој што ја погазил љубовта заради гордоста.Тој за мене е идиот.
    Сите попуштаме во дадени моменти. Што ќе се случи ако во секоја ситуација сме горделиви?
    Во тој случај никој со никого не би бил, компромис најдобро решение.
    И некако не ми иде ова „Гордост или Љубов“.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.567
    Пол:
    Женски
    Порано мислев дека љубовта е пред гордоста. Но, сега сум попаметна. Гордоста не треба да се погази заради љубовта. Ако ја изгубиш гордоста си ништо, ако ја изгубиш љубовта ќе се најдеш нова.