1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Горење на косата

Дискусија во 'Коса' започната од Angella13, 18 септември 2013.

  1. Angella13

    Angella13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    7
    Значи девојки имам многу убава коса,ама така и ми е виткава и не ми е,никаква ми е.. И пред некое време така си ја носев каква ми беше ама сега овие денови ме ангажираа во еден фестивал и морам косата да ми биде убава,и или да ја пеглам или виткам,така неможе да одам и мајка ми така не ми дава ..И во недела ја испеглав до вторник испеглана,па вчера сестра ми ми ја прави таму некако со тоа нешто Лавица го вика и јас не знам што е,нешто косата ми е како тик- так
    и многу ми е страв да не ја изгорам,бев во аптека таму само силиконски капки ми даваат,а што може тоа да ми помогне и јас незнам...сега сакам вас да ве прашам што користите против горење на косата?и дали често ја пеглате,виткате?
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Имаш спреј за заштита на косата јас моментално го користам спрејот од тафт, но и покрај спрејовите косата ќе гори.
    Секако косата не смее многу да се пегла или витка, значи било каква топлина да се користи. сега ептен чим имаш мерак ок.
    Може да ти ја оштети до некој степен, се тоа зависи и какво ти е влакното.
    Наместо со топлина, виткај ја косата со витлери било какви, после стави и малку лак.
    За пеглање, можеш да ја исфенираш (иако и тоа ја гори косата :!: ) но мислам дека помалце.
    За тоа лавица ли незнам како беше не сум слушнала.
     
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    их бре кога ќе слушнам нкоја вака ми иде да и ја искубам тоа косата

    види што сакаш ставај косата гори, ама не од едно пеглање,јас секој ден што се вели ја пеглам,ако не секој преку еден сигурно ја пеглам исто и со пегла ја виткам и пак не ми е метла напраена-редовно си ја шишам си ставам маска за коса и готовооо

    ако веќе толку несакаш да ставаш ништо на глава виткај се со прталчиња или со оние сунѓер витлери убави локни испаѓаат и така

    муабетот ми беше зарем ставрно толку сте си заљубени во косата па верувате оти со 2-3 пеглања метла ќе ви стане, зборам ваа оти имам една другарка иста како тебе да и е убава косата ама да не ја оштети и да не ја шиша 3 години епа ако била толку дарежлива мајка природа сите убавици ќе сме биле бре
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    ^ да, од 1-2 пати неможе да изгори, ама од секојдневно може.
    Една другарка ја пеглаше така, ја испокина, ја изгоре, крш ја направи.
    Тоа треба да се избегава, факт!
    П.С и јас се немав шишано 3 години зошто многу споро ми растеше косата па и се радував...отидов само зошто мислев дека ми е кој знае колку оштетена од пеглање, фарбање, фенирање, за на крај да ми каже фризерот, не ти е оштетена, мн малце врвовите! Толку и скратив :D
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    да да се оштетува со секојдневно пеглање пример цел месец, ама не е до тој степен како што се прави театар: љељељееј ќе ми се оштети косата
    мислам имам другарка со таква маана и гледајки ја неа си претпоставувам како сега девојчево се опростува од косата
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Феминум не мора да значи дека некој е заљубен во косата ако се грижи за нејзе.

    Еве јас ке се ставам во група на луге кои опсесивно се грижат за косата повеке него за телото што се грижам. Повеке козметика и внимание трошам на нејзе отколку на било кој друг дел на телото. Едноставно сакам убава и здрава коса а ми се гади коа ке видам некоја девојка со коса до под гз која е изретчена,изгорена од фарбање и пуна метил.

    Ја немам испеглано со години баш ради тоа горење и оштетување бидејки и ја пред 10тина години се опседнав со тоа постојано пеглање секој ден или секој втор ден па си ја напраив ужас косата.

    И фенирањето ја гори ама ете мора особено зимно време бидејки сигурно нема со мокра коса да излезам од дома. Летно време 3 месеци ја одмарам од топлотни шокови.

    Не можам да кажам дека идам редовно да ја шишам ама еднаш во 3 или 4 месеци сигурно. Имав долга коса до неодамна но летово ја скратив до врат за да ми се обнови колку толку и да ми се зацврсти бидејки од постојано стегање у реп почна многу да ми пага и да ми се тенчи.

    Убаво е од време на време испеглана коса сигурно од еден третман нема да се оштети и да изгори ама постојано секој 2 ден никад повеке не би ја пеглала. Едноставно се помирив со тоа дека косата ми ни ваму ни таму ,ни права ни виткана и си ја носам така.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Зависи какво е влакното.
    Некои имаат тенко влакно, лесно пука, па со пеглање може премногу да се оштети. Уште па и ако е фарбана/шатирана, тогаш треба многу да се внимава.

    А еве сестра ми гајле нема, влакното дебело и цврсто, се пегла често, ама многу ретко и пукаат врвовите. Некој друг толку многу да се пеглаше, метла ќе ја направеше косата...
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    да да се сложувам јас со тоа дека е убаво да се одржува косата и ја имам милион работи за коса и внимавам на косата,единствено што е прашање овде е дека девојкава е активирана за некоја емија како што се сеќавам беше, тоа е кратко време и секако не е секој ден,а таа е во паника дека косата мнооогу ќе и се оштети за тоа кратко време
    сакав да и кажам на девојката дека апсолутно нема потреба од толку плашење од пегла

    тоа за влакното не сум го знаела прифаќам :!: ,ама и да се изгори тоа се 5цм не повеќе ќе ги скарти тие 5цм и готово
     
  9. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Јас немам мака со горење на косата, ја фенирам, пеглам и пак малку ми е оштетена на врвовите. Ама сепак сакам да пробам од тие спрејовите за заштита од топлина на косата, па да ми препорачате некој?
     
  10. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Многу ретко се пеглам а со фенот се сушам на секое миење но фенот не ми ја гори косата и косата не ми е изгорена :)