Горчлива вистина

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 5 август 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми објасни зошто луѓето се плашат од вистината, зошто нејзиното сознание некогаш е толку горчливо, може да не уништи, мач со две оштрици:?:..а сите велиме дека сакаме да ја дознаеме вистината??

    Дали се плашиме од вистината поради тоа што ќе не разголи, ќе не направи послаби, ќе не остави без одбрана?
    :?:
     
    На elimkd, Milobebence, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    14.999
    Допаѓања:
    141.258
    Затоа што вистината боли.
    Затоа што ни еден од нас не е совршен, а сите сакаме да мислиме дека сме.

    Сите си имаме создадено свои одбрамбени механизми, кои не штитат од суровата реалност. Најмоќен е динајлот. Се' додека си во динајл, ништо не може 'да те допре'.
     
    На Milobebence, Feminka22, Nalutena1 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Премногу широко е поставена темата, треба да ја допрецизираш.
    Коа идеш на лекар сакаш лекарот да ти ја каже вистинската дијагноза - Да девојко, имаш грип, не е обична настинка...
    Во кој контекст мислиш дека луѓето се плашат од вистината?
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Во било кој контекс да е кажана вистината, горка е и може да допринесе до поголемо зло околку добробит....вистината е чудно оружје кое може да донесе добро после некоја лоша работа, но не гарантира дека ќе се додржи....
    Чудна работа ми е, па еве и на форумов сме сведоци, дека на многу луѓе кои ја кажуваат правата вистина за себе, ние од старт сме сомничави и не им веруваме, се обидуваме да докажеме дека лажат, дека измислуваат за да бидат интересни....едноставно не сакаме да ја прифатиме таква како што е.
     
    На Milobebence и toogood им се допаѓа ова.
  5. jasbi

    jasbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    6.999
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која ја сака вистината по секоја цена болна или не , не е важно.
    Многу повеќе боли ако се дознае мн подоцна тогаш боли повеќе и малку тешко се поминува преку тоа.
    Затоа и преферирам секогаш да ја кажувам вистината, бидејќи лаги не сакам воопшто
     
    На Abeja, Milobebence, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Ретко има особи кои сакаат да ја чујат вистината по секоја цена, затоа што тешко можат да се изборат со нејзе, тешко ке го најдат крајот....осетлива е вистината, привлечна е, да, но не сме нели секогаш спремни да ја чуеме...некако внимателно сакаме да навлеземе во неа.
     
    На Milobebence, Flower123123 и toogood им се допаѓа ова.
  7. jasbi

    jasbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    6.999
    Пол:
    Женски
    Da vistinata boli, no lagata i krienjeto boli poveke. Moze ke bideme nemokni ne velam ne ako ja kazeme ili ni ja kazat vistinata, no jas ja odbiram vistinata i se boram so site sili
     
    На Abeja, Milobebence, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.493
    Пол:
    Женски
    Не боли вистината и искреноста, болат стравовите, срамот, неприфаќањето, тагата во настани и факти кои се вистински. Исто како што имаше еден цитат за љубовта, дека не е самата таа туку оние "side effects" кои се појавуваат во некои врски кои болат.
    А да, тука се и дрскоста и безобразието кои е во мода да се прогласуваат за искреност, а не се.
     
    На Lolipop23, MarigoldA, Milobebence и 18 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.655
    Допаѓања:
    192.028
    Пол:
    Женски
    Нема човек што не се плаши од најлошото па и лошото. Тоа е во самата човеча психологија така.
    Стравот е тука кај сите, тлее во секое битие само што разликата на обемот на истиот не е иста.
    Некој има поголема толеранција некој помала, за се па и за горчливоста.
    Сите имаме различен праг на толеранција но сепак ја имаме тука е, во нас е.
    Кој повеќе, кој помалку . Сите стравуваме од лошо, од болка, од умирање, од стравот кон најблиски итн..
    Така сме создадени.
     
    На Milobebence, Anabelle.Amorette, joy1 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Дали сакаш да кажеш дека прифаќајки ја опцијата на некој да му ја кажеш вистината, да бидеш искрена, ти всушност кај таа особа ја поттикнуваш болката, стравовите, срамот, наприфаќањата, тагата....
    Да заклучам...многупати опција вистина била погрешна и безцелна за крајниот исход на откривањето.

    Јас лично гледам што се може да има контра ефекти од вистината, дали ќе има позитивно или негативно...ретко кажувам, гледам да балансирам, да премолчам...
     
    На Milobebence и toogood им се допаѓа ова.
  11. DontLetMedown

    DontLetMedown Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Лагата ни да дава надеж и ни помага да гледаме со розови очила,зашто погледот со нив гарантирано е подобар.Затоа повеќе ја сакаме.А вистината ја чувствуваме во себе.Тоа е онај лошиот глас што понекогаш и тоа како знае да биде точен.Се додека некој не ни ја каже директно во фаца.Е тогаш не сече,не прободува.Затоа што е горчлива и затоа што ни ги скратува сите убави соништа.Не враќа во реалноста,која станува се потешка и потешка за согледување.
     
    На Milobebence, joy1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Точно така, убаво кажано...Дали сме подготвени да ја прифатиме вистината, најбитното прашање треба да биде..не е само се на виделина да ставиме за на нас да ни се олесни душата, туку треба да процениме дали нашата вистина ке направи нуклеарна експлозија кај некој, дали ке му го уништиме животот или ке му го опрајме.
     
    На Milobebence и DontLetMedown им се допаѓа ова.
  13. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    И јас имам таков впечаток дека сите одбегнуваат да ја слушнат вистината јас по неекогаш и не сум расположена да ја слушам.
    Ако вистината ја перцепираш како безобразлук и дрскост тогаш значи те боли.
     
    Последна измена: 6 август 2018
    На Milobebence, baba Rada, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DontLetMedown

    DontLetMedown Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Јас мислам најдобриот начин да ја прифатиме вистината е кога ќе се соочиме самите со себе си и кога на глас ќе си ја признаеме.Понекогаш ничии настојувања и докажувања не можат да влијаат, се е во нашата психа и во нашите мисли..Колку побрзо ќе си ја признаеме,побрзо ќе одиме напред да ја промениме.
     
    На Milobebence, baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Taka babe.

    Prasanje za site

    Koj ja znae pravata vistina?
    Pravata vistina ,Toa se samo licni spekulacii.
    Jas toa go vikm " si nemala rabota pa si pravela filmovi".

    Eve Jas na primer sum mnogu povrsna licnost I koga slusam tugi "raskazi" od edno mi vleuva od drugo mi izleguva.
    Pocituvam sekogo I pocituvam parvo da si kaze kolku saka I kako saka. Ne istrazuvam dali e vistina ili ne I ne trosam vreme I mudrost da rasvetluvam nekoj moj viduvanja "dali e vistina ili ne".

    Toj del so bolesti I umiracki na bliski, tuka nisto nema nejasno.
    Mojot tatko koga umirase (a mlad pocina) jas bev 100% sigurna I spremna deka toa ke se sluci vo slednite dva dena.
    Mojata majka e drug vid na sonuvac. Taa mislese deka tatko mi ke izleze od taa situacija.
    Eve, kako najbliska licnos I po 20 god. nikoga ne sum spomala za toa.
    Koja e mojata cel da I go unistam sonot na majka mi.
    Zasto treba da go povredam nekoj, od kade jas znaev deka spas nema, koja e potrebta da I ja unistam fantazijata koja nadez I davase, zasto seto toa?

    Ostavi vremeto da si go pokaze svoeto.
    Samo vremeto e toa koe ja znae istinata,

    Istrcuvanje I pokazuvanje kolku si mudar, kako si otkril, a demek nikoj dosega neznael e bezpotrebno.
    Na kraj kraeva od kade ja znae pravata vistina. Mozda ima sao eden zbor + koj prikaskata ja void vo druga dimenzija. Zatoa sedi si madro.
     
    На M.B., Milobebence и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.882
    Пол:
    Женски
    И дрскоста и безобразието се искреност и вистина, онаа вистина што не сакаме да ја прифатиме. Таквиот начин на кажување на вистината не е секогаш провокација.
    Да, вистината може да биде горка, за оние што сакаат да избегаат од неа. Оној што ја прифаќа, нема проблем со соочување со истата. Во тоа се разликуваат оние што ценат искреност и оние што се селективни па ја делат на искреност или дрскост. Некои се поискрени и поотворено зборуваат па не се омилени меѓу луѓето.
    Може да биде страшно соголувањето, само за личности со маски на себе. Како да сте ги фрлиле во оган. Без своите маски, без својот штит, тие се слаби и немаат каде да се кријат, немаат како да се заштитат. Во тоа е маката.
     
    На mira.mira, Milobebence, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.422
    Допаѓања:
    13.589
    Пол:
    Женски
    Мене не ме боли вистината , јас ја сакам да ја слушам само вистината колку и да е тешка , мене само многу ме погодува кога последна ке дознаам а сите знаеле !!
     
    На Milobebence и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Бидејќи целиот концепт за човековото постоење во умот на луѓето и нивната вистинска цел на сето она што го прават во овој свет претставува една голема лага...

    Реалноста е сурова, најчесто неприфатлива за мнозинството и така, луѓето ја имаат таа иритантна навика да ја претворат реалноста во илузија, а илузијата во реалност.

    И тука лежи одговорот на прашањето зошто вистината е "горчлива" - луѓето не сакаат да ја слушнат вистината бидејќи не сакаат вештачките илузии што ги создале во својот ум да бидат уништени.

    Самиот принцип на реалност е искривен и неретко се чувствува незадоволство во поглед на случувањата оклу нас на оваа планета.

    Неможејќи да се прифати ова, се бара бегство од вистината и од самата реалност во која живееме.

    И покрај тоа што од физички аспект не е возможно да се избега од реалноста, човекот тоа го прави преку психолошки пат - креирајќи илузии, и во неговата потсвест си мисли и се утешува дека ја победува положбата во која се наоѓа.

    Започнува да верува во нешто што не е реално, и никогаш не се изморува од верувањето во тоа.

    Но дури и при манифестацијата на таквата делузија, една мала доза на свест е присутна, свест која не може да биде прелажана од лаги и себеманипулирање.

    Така, човекот константно има тенденција да ги избегнува лицата кои имаат потенцијал да направат тој да почувствува разочарување и да доживее како неговиот имагинарен свет се руши пред неговите очи.

    Сепак, не сум изненадена од ова - самото човеково постоење претставува чувствување болка и страдање, како и среќа и радост во одредени моменти...
     
    На Flower123123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски
    Нее ни е страв од вистината, туку од она - а потоа што? Вистината многу е битно кој ти ја кажува и како, во кое време, дали многу избрзано или малку покасно. Јас лично сакам да ја дознаам вистината, по секоја цена, сум поминала низ сито и решето и пак сум ја одбрала слатката, не горчлива вистина. Зашто што побрзо дознаваш што е што или кој е кој, побрзо пребродуваш и продолжуваш, а вака се залажуваш цело време кога ќе се свртиш наназад. Сите сакаме да се играме со вистината, понекогаш и чувствуваме дека има нешто што треба да го дознаеме, ама молчиме и си чекаме, зашто поубаво ни е така нели, да не се сами повредуваме. Едно знам, дека животот е премногу краток за да живееме во лаги и молк.
    Пак ќе кажам многу е битно каква вистина и за што се работи.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    Вистината да се каже некому, може да биде опасна па дури и погубна..лоша работа е...Јас лично не ги сметам искрените луѓе дека тоа им е позитивна карактеристика, повеќе ми делуваат на егоисти, саможивници и без емоциии....Јас подобро ќе премолчам, макар да повеќе сакам да излажам, на тој што треба нема да му ја кажам вистината, туку ке го излажам со позитивни работа, ќе барам било какви зборови за да го усреќам, оти неговата радост ќе ме усреќи и мене, додека неговата тага и огорченост што би произлегло од спознавањето на вистината, неговата душевна болка, после и јас неможам да ја издржам, како камен да си ставам на срце...ми се има случено еднаш така да разочарам особа, така да и го претумбам светот и погледот кон иднината...бевме уништени и двете...НЕ, повеќе нема да кажувам вистина...пелин чист е...
     
    На edna_malecka, toogood и Milobebence им се допаѓа ова.