Да ама има разлика од ситуација до ситуација на прмиер ако некој крие нешто од некого јас би му ја кажала вистината пошто и ја не би сакала сите да знаат некоја ствар и само ја ко теле да не знам. Или пак ако некој не е талентиран за одредена ствар подобро е да му се укаже дека не е за тоа отколку да вложи време и труд залудно и на крај да фејлне итн итн.
Јас несакам да ми кажат било каква вистина, дури и сите мои пријателки да знаат дека сопругот иде на страна по други жени, јас сум им рекла дека несакам да ми кажат....не ме интересира.... Има една јапонска мудрост која вели дека искреноста се граничи со глупоста. тој што не е талентиран за некој спорт сам ке увиди дека не го бива, сам ке ги гледа своите не резултати и тугите напредоци...
Ауу погрешно е така некој да ти набива рогови а ти што? Да не знаеш? Понекогаш искреноста знае многу да помогне. И ја не сакам да ја слушам увек али подобро се чувствувавм макар била и болна отколку да ме лажат.
Нема потреба да расипуваме пријателство, нема потреба да рстурам брак....штом сама не сум приметила ништо.
Абе види и ја би сакала да сум чил како тебе и да не ми е гајле дал ме лаже некој или не. Права си, боље е али изгледа до личноста е има нешто у мене што создава бес доколку некој ме лаже или ме прави будала.
Мислев наслов е на некоја турска серија... Горчлива, слатка, кисела, лута- секаква ја сакам. Кој се зезнал и ме излажал, знае што следи.
Според мене, само лабилна личност може да ја игнорира вистината и реалноста, а притоа да наоѓа комфорт во лага.
Малце се „мешаат“ работите. Има голема разлика меѓу вистина и вистина. За некои работи нормално секој од нас сака да ја знае вистината. Некој спомна болести - во секој случај сакаме да ја знаеме вистинската дијагноза, нема потреба од залажување - треба делување. Исто така, верувам дека никој од нас не сака лажни пријателства, лажна љубов и сите други пропратни работи поврзани со истите. Макар и за љубовните болки, макар колку и да се болни, подобро е ја знаеме вистината, него ли да си го губиме времето залудно... "If pain must come, may it come quickly. Because I have a life to live, and I need to live it in the best way possible." Меѓутоа, како што една членка посочи, се сложувам дека во денешно време кажувањето на вистината во одредени случаи е дрскост и безобразлук. Ќе се задржам најмногу околу ова, затоа што многу ме иритираат некои луѓе во мојава околина, баш заради ова Значи, секој од нас знае кој е и што е, сите си ги знаеме своите маани и недостатоци. Еве бар, за себе да си кажам. Без разлика дали денес јас се чувствувам најубаво на цел свет, дали чувствувам дека очите ми сјаат со некој посебен сјај, дали се чувствувам одлично во новава облека или слично. На крајот од денот, јас сепак свесна сум дека си имам свои маани, свои недостатоци, свои фалинки. Знам дека не сум совршена, ни најмалку. И не ми треба човек истите да ми ги нагласува, пошто нема начин да ги сменам! Не гледам причина било кој од нас, да му ги укажува сите тие недостатоци на некој друг, и да кажува: Ама јас сум само искрен/а со тебе, не лути се! Кажете ми девојки, кое е задоволството ако сте „искрени“ со некој и ако му кажете: Дебела си, не треба да носиш светли бои. Преслаба си, не носи црно, те прави уште послаба. Имаш мали гради, зошто си се облекла вака? Дебели и куси ти се нозете, зошто си ставила кратко фустанче? Дали сте сигурни дека секогаш треба „до коска“ да сте искрени со другите? Всушност, горенаведените коментари не би ги сместила во искреност воопшто. Баш би кажала дека се дрски. Зошто сакате да му одземете некому правото да се чувствува убаво во својата кожа? И, од моево досегашно лично искуство - од лицата кои плескаат секакви лични и недолични коментари во лице, и баш заради тоа се класифицираат како најискрени личности - сум ги добила најлицемерните пријателства, најголемите лигавења (срцка, муцка, а зад грб сосем 10то! )... Не знам дали е случајност, или не, само кажувам дека е такво моето искуство. И, да. Јас сум искрен човек, за работите кои бараат искреност. А за недоличните коментари - еве, ќе кажам дека сум „неискрена“, затоа што сметам дека за одредени работи - меѓу себе не треба да се боцкаме. Затоа што знаеме колку е тешко добивањето самодоверба, и колку знае да биде лесно губењето на истата. Со психа не се игра. Од некои банални работи, настануваат многу поголеми проблеми. Особено кај младите, тинејџерите... Да не навлегувам, мислам доволно е. Се надевам не залетав од темава
Во твојот и мојот...и која е сега правата вистина!? Кој те сака тебе, ќе вели дека си ти во право..и обратно...а тука веќе делува натпревар, само не за вистина.
ok, појасни ми ако сакаш по кои критериуми стабилна личност бега од вистината и живее во свој наштиман свет ?
Не секогаш искреноста е издржана по дифолт. Тоа е изнесено субјективно мислење но тоа е и поентата всушност да го искажеш тоа што го мислиш но не секогаш значи дека ти држи вода искажаното а за искрени издржани мислења јас прифаќам искреност и искрена критика многу повеќе отколку убава лага. Не сакам да ме лажат.
Незнам како не разбираш бе душо..па нормално дека стабилната личност подобро ќе ја прими вистината, подобро ќе ја поднесе, нема да падне во депресии, нема да се сожалува, да прави сцени, да сече вени...итд..итд... Колку има обиди за самоубиство и убиство поради изневерување, колку сцени само прават лабилните особи кои дознавајќи ја вистината се губат од реалноста... Ме мрзи да пишувам вакви глупи споредби..па се знае дека лабилна личност не може вистината да ја оправи психички, може само да ја дотепа, да ја разори уште повеќе. Затоа реков дека треба да внимавате на каква личност ќе и соопштите вистина, дали ќе може да ја прифати или не..и на крај, која сатисфакција ќе добиете вие кои се удирате в гради дека имате доблест и сте секогаш искрени!???
Никогаш не сум се плашела од вистината и не сум бегала од неа! Многу луѓе ми ја трескале у лице и само сум потврдувала дека тоа е така баш затоа што тоа е вистина. Никогаш нема што да кријам, отворена сум со луѓето. So let's be real. ^^
Доказ дека вистината е навистина горка и болна и никој нејќе да ја прифати оберучке, форумов е жив сведок....РазбираТЕ нели ...само читнете во прашања за форумов..и се ќе ви стане кристално јасно... Дали ќе биде квалитетно незнам
Постои моја вистина, твоја вистина и вистина на секој од нас поединечно. Сите ние, во зависност од својот систем на верувања, убедувања и искуства, различно гледаме на една иста работа, настан итн. За мене вистина која не е поткрепена со доказ, не е вистина. Згора на тоа, сметам дека разумот се состои од вистини кои не треба се соопштат и оние кои треба да се филтрираат убаво пред да се соопштат, зошто другата страна може бурно да реагира на истата Сега ми текна на Сноуден и Асанж и тоа како завршуваат оние кои ја соопштуваат вистината ! Ај, да не филозофирам многу ....
И Никола Коперник како завршил Луѓето кои се основоположници на нешто ново,некоја нова вистина непозната дотогаш што во времето во кое творат е незамисливо да ја споделуваш секогаш се дочекани на нож. Тоа е и еден сигнал дека творат и работат на нешто грандиозно или размислуваат извонредно паметно и напредно пред времето во кое живеат а дека другите или не го разбираат нивното дело или се плашат од ново или најчесто им завидуваат.