Горчлива вистина

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 5 август 2018.

  1. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Во некои случаи вистината не е само важна,вистината е неопходна да се каже.Навистина нема потреба од лаги и лицемерие.Меѓутоа некогаш подобро даа си го голтнеме јазикот.Бидејќи можеби всушност тоа е само нашето мислење,а не вистина иако ни се чини дека е така(нема да ти успее,џабе се трудиш;не те бива за тоа;никогаш нема да те сака).Поради ваквите "вистини",само може некој да демотивираме и да му ја срушиме самодовербата.Од кај тоа ние сме 100 проценти сигурни дека е така?Зошто да не ги оставиме луѓето сами да си увидат дали нешто е добро за нив,или не,никој не може да знае подобро од самите тие.Или пак како може да биде добра таа искреност како на пр:дебел\а си,имаш широки колкови\мали гради\крив нос\нозе ко грисини итн.Што ќе постигнете со ова?Човекот ќе ослабе?Ќе и се зголемат градите?Носот ќе и\му се исправи?Или очекувате да направи корекција само за вас да ви биде убава за око?Не,тоа е само дрскост и некултура,и мешање во работи кои не се ваша работа.И намалување на самодовербата на некои поповлечени и почувствителни луѓе.
    Како реагирате кога ќе слушнете вистина кажана од мало дете,бидејќи сепак децата се секогаш искрени(бидејќи не размислуваат поинаку) на пр:леле теткава колкав г*з има.Родителите на детето ќе бидат посрамотени во најголем број случаи.Тоа е доказ дека ваквиот тип на вистина се некултурни.Ама сепак деца се тоа.Ама ние можеме да размислиме дали е во ред нешто да се каже.
    Во случаи како на пример:Вистината е побарана од нас,гледаме дека некој си наштетува со своите постапки,гледаме дека некој го прават будала тогаш вистината треба навистина да се каже
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Зошто луѓето се плашат од вистината?
    Тоа е многу просто. Затоа што вистината боли. Затоа што луѓето креираат свој заштитен оклоп зад кој се кријат со сите свои недостатоци, а во очите на другите воопшто не сакаат да ги покажуваат своите слабости и својата ранливост. Можеби се плашат да не бидат исмејувани, осудувани или омаловажувани од страна на другите, а тоа сигурно многу повеќе боли од самата вистина. Па самите свесно си ги замачкуваат очите.

    Знаете како велат, убавата лага е полоша и од најболната вистина. Колку и да е горка, колку и да е сурова, најдобро е да се каже.
    Но се зависи од карактерот на двете страни, па и од моментот, ситуацијата и тежината на самата вистина што треба да се соопшти.

    Имам поставено граници до која мера можам да одам со искереноста. Ако лицето со кое разговарам е спремно да ја прифати и не ме сфати погрешно тогаш бирам вистина. Но доколку гледам дека би можело да ги повредам неговите чувства бирам премолчување.

    Зошто премолчување, а не лага? На лагата и се кратки нозете. Кога тогаш ќе се дознае и би имало поболни последици од самата вистина. Друга причина е тоа што вооошто не умеам и не сакам да лажам. Не можам да се носам со последиците од тоа. Совеста ќе ме уништи.
     
    На RosettaStone и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека не лажам , но :!: лажам за небитни ситници како на пример : доцнев затоа што имаше гужва ( иако доцнев затоа што ми требало вечност да се спремам ) , купив тоа затоа што ми требаше ( иако можело да почека ) и слично . Никогаш не сум излажала за важи работи . И никогаш не би . Можеби не кажувам вистина , но го кажувам своето мислење од моја гледна точка . Доколку некогаш имам за задача да пренесам некоја информација , која би била болна за примателот ( да земеме пример дека боледува од неизлечива болест ) ќе вртам као киша око Крагујевца , но сепак ќе му ја пренесам информацијата . Само ќе најдам начин тоа да биде не така апансас па да го стегне срце човекот . Во што поблага форма би кажала :whew: . Иако за такви болести нема блага форма , сепак .. со осет .
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Секогаш сакам да ја знам вистината каква и да е, во случајов на темата-горчлива.
    Не сакам фарбање и мачкање очи со розе.
    Пример:
    Умираш утре
    Те изневерил
    Тоа е тоа.Вистината секогаш треба да се знае, бар ја така мислам
     
    На Nate- princeza, eliesaab, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    14.959
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се плашам од вистината. Нешто што највеќе мразам се лаги, неискреност и лицемерие. Прифаќам искреност до срж колку и да е тешка.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Колку и да не сакам да ја дознаам вистината во некои ситуации, претпочитам да не ме лажат, бидејќи кога тогаш се' излегува на виделина. А одложувањето само ја отежнува ситуацијата.
    Живеењето во илузија може да е удобно и да носи привидна среќа, но таа има краток рок.
     
    На Nate- princeza, hermosa и Justicija им се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш добив совет да не бидам брутално искрена :lol:
    Изгледа им пречи на луѓето вистината...
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    9.599
    Пол:
    Женски
    Не се демотивирај, зашто тоа ти што мислиш дека е вистина.... не значи дека е така.
    Не верувај во ништо што ќе чуеш, верувај само во половина од она што го гледаш.
     
    На Nate- princeza и Abel им се допаѓа ова.
  9. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.083
    Вистина и искреност исто е?
    Искреност е да го кажуваш она што го мислиш тоа по дифолт не значи дека е вистина.

    А вистината луѓето не ја прифаќаат, го прифаќаат само она што им се допаѓа и креираат своја вистина
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Каква и да е вистината секогаш е подобра од лагите и треба да се прифати.
     
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум на страна на вистината. Брутално искрена сум, го очекувам тоа и од другите.
     
    На sweet dreams ** му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    Повеќето се плашат од горчливата вистина и сакаат да веруваат во лаги само да бидат среќни а тоа што се во заблуда го игнорираат.
    Ја сум на страна на вистината макар да е остра како меч. И да, разочарана сум премногу од некои но at least знам што е вистина, мразам лаги.
     
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.739
    Пол:
    Женски
    Зошто не е само една. Т.е. затоа што голем дел од животот на луѓето денес е составен од (верување во) лага/и (од целокупен светоглед, религиозни, политички, идеолошки, до лични, свои, најбанални) како и лицемерие со кое и сами учествуваат . За да ја/ги прифатат горчливата/и вистина/и прво треба да се соочат со ова и си признаат, а за тоа треба храброст и развиен, јак карактер, а мал дел од луѓето денес го имаат ова. И така наталожените лаги што се напикани испод тепих, за да се соочат со сите нив ќе добијат нервен слом/психички колапс и егзистенцијална криза. И така. Укратко.
    CuPSc8tWYAAUa3D.jpg
     
    Последна измена: 6 август 2023
    На Zhukov му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    9.350
    Пол:
    Женски
    Бидејќи човечко око лакомо и вистината го ограничува.Или луѓе кои се само по нивно да е ,се они се во право ,различен табиет тоа е