Abe sigurna sum ama ponekogas si mislam deka ima shansi i da me iznveruva...iako mii ima dokazano deka premnogu me saka ( a inace prv mi e)
pa sega ne znam kakov vie odnosot vo megjuvreme,ama stom strasta sega se izgubila,ste razgovarale i toj ne se menuva,ti si go izneverila...ne znam zsto bi bile zaedno
ama jas go sakam toj me saka ...samo sto nemame redovni odnosi...a toa e mn bitno vo edna vrska.....nezzz shto da pravam...a da bidam so drug nemozam ni da pomislam posle toa sto se slu4i......se custvuvam necisto kako covek da imam ubieno bidejki go izneveriv...mn mi e kriv sakam da bidam so deckoto da ostanime zaedno no dalecinata si go pravi svoeto
Ne mu kazuvaj deka si go izneverila, tuku razgovaraj so nego deka toa vreme so go imate ednas nedelno za da se vidite,deka treba da go iskoristite maksimalno za na dvajcata da vi bide ubavo. Ne moze ednas nedelno se gledate i bas togas on da sedi na kompjuter, ili ti si dosla kaj nego i da sedite so majka mu i tatko mu, namesto da bidete sami i da si uzivate barem toj den sto ste zaedno.
Што и да се случи не се разочарувај. Тоа што било поминало, нема назад. Ти стискам палци се да се среди
Мој совет е што и да се случи, дали ќе му раскинеш или ќе продолжите, да не му кажуваш за неверството. Можеш да разговараш со дечко ти, да му го кажеш тоа што ни го кажа и нам, па ако треба дадете си време да одлучете дали можете така да продолжите. А тој вториот сака ли да почнете врска ?
tnx amore za srejkata......inace za drugiot mozam da kazam samo deka me bendisuva...si pisuvame.......veli deka mn me bendisuva aama zenkarce e .......pa taka da jas nemozam da bidam so takov vo vrska.....a plus si go sakam decko mi
Еве вака ти си со него една година а си го преварила на 4тиот месец ...и тоа САМО со бакнеж значи тоа не е ништо страшно..! епа ако не си му кажала тогаш сега после една година воопшто не му кажувај зошто можно е целата врска да ви падне во вода за нешто што се случило одамна и нема никакво значење за тебе ...а ако му кажеш и ти прости пак нема да е се исто меќу вас бидејки си му кажала многу подоцна а и цело време си го напаѓала дека ке те изневери !и уште нешто...дали си сигурна дека нема да дознае од некој друг т.е. кој е тој дечко0 со кој си го преварила некој од друг град од истиот град некој ептен непознат?(и тоа е многу важно а особено ако решиш да не му кажеш а подоцна дознае од друг ) МОЈ СОВЕТ: ако си сигурна дека од друг нема да дознае не му качувај зошто или се ке падне во вода или пак ке сте заедно но нема се да е исто и моѓно е и подоцна да раскинете ...а инаку тоа е само бакнеж би требало да ти прости за тоа...
Грижа на совест и страв од вистината Сум имала грдо искуство со неверство и никогаш тотално не се опоравив од тоа и затоа страв ми е да не го убие дечко ми она што не го знае, а го направив еднаш..Неверставата се гадна работа и тешко се пребродливи ,но дури сега сфаќам дека можеби потешко е да ја имаш грижата на совеста како сторител на тоа , отколку да бидеш изневерен. Кога го направив тоа, не бев заљубена во него ,но бевме веќе 9 месеци во врска..Типот со кој го изневерив е македонец, но не живее овде ,но иде 2-3 пати во годината во Македонија, али не сме од исти градови. една вечер го изневерив дечко ми со него. Немаше секс , имаше само допири и бакнежи. ми се повраќа од самата себе ,верувајте !Од тогаш има поминато 6-7 месеци и тек сега совеста почна да ме убива. Тек сега сфаќам што можам да изгубам доколку се дознае.. Стварно совеста е најмоќниот убиец и доволно е тоа што цел живот ке морам да зивеам со ова чувство. Никој не знае и немаат они двајца допирни точки а и на крај краева типот сигурно не би раскажувал наоколу дека ме измувал , ама сепак стравувам и се би дала таа ноќ никогаш да не се случеше. Дали да му кажам? Што ако некогаш во животот ова избие на површина?Што ако врскава стане пресериозна и води кон чекор понатаму и отпосле се дознае? Тешко ми е.. и се каам.. Се надевам ќе успеам да го закопам тој мој грев и никогаш повторно да не му го видам ликот. Ако кажам знам дека НЕМА Да прости,ни јас не би простила.. Можно ли е да се продолжи понатаму без никој да не дознае за мојата глупава,непромислена ,детска и импулсивна екскурзија ?Се надевам доволна казна е тоа што се осеќам ефтино и неморално. Господе , прости ми !
Грижа на совест и страв од вистината Овака од прва би ти кажала ,,кажи му,, ама ако подобро размислиш со оглед на тоа колку ти е стабилна и сериозна врската ,,не му кажувај,, . Не го повредувај ако е искрен со тебе, доволно е што си се покајала и си го вкусила забранетото овошје и сега се надевам дека ќе извлечеш добра поука. Некои работи неможеш да ги сватиш кога не почувствуваш на своја кожа. Ќе ти треба време да го надминеш тоа ама пази да не ти влијае на врската зашто психата е неверојатна работа. Секоја девојка/жена чува нешто длабоко во себе каде што никој не може да допре и останува само за неа таа мистерија
Грижа на совест и страв од вистината Штом викаш никој не знае , тогаш најпаметно ти е и ти да се убедиш дека тоа не се случило, и да заборавиш. Ако било нешто што не ти значи, ако не си вложила емоции во тоа, и немаш повеќе мисли што те влечат кон тој дечко, тогаш многу би било глупаво да му кажеш на саканиот и да расипеш се. Никогаш повеќе нема ништо да биде исто, а не вреди да уништиш се што имаш со дечкото, за нешто на кое не би му се вратила. Доволна казна е што имаш совест, така да, најверојатно од сега повеќе ќе ја слушаш, а и си сватила колку ти вреди врската со саканиот. Како викаат, ако не знаеш дека си ранет, не те боли. Се поретко мисли на тоа, најди си оправдание за совеста. Сто пати повторена лага , станува вистина. Така и ти повторувај си дека си му најверна цело време, бар со срцето си ваљда и убеди се во тоа, заборави на глупоста, и од сега биди верна (ако можеш)...
Грижа на совест и страв од вистината Целосно се согласувам, тоа што не се знае не боли, испери си го мозокот со лагата и убеди го дека е вистина... Нема фајде од тоа сега да му кажеш... Што ќе му кажеш, што ќе ти одговори, ќе раскинете, ќе се смирите, ќе ти префрла понатаму во животот.... за што? За моментална страст од 30 минути? За епизода? Ако момаков каже дека те измувал, ќе кажеш не! Кому ќе му веруваат? Тебе или на некој што го гледааат прв пат, како неговиот збор е потежок од твојот (макар и да го знаат од претходно)? Ако нема сведоци не се случило Исчисти си ја совеста, макар и насилно и уживај во моментите пред тебе не гледајќи назад во минатото
Мила Уживај си и ич не му ја мисли. Ако се дознае негирај и готово а и има поминато бајги време така да не му се секирај. Немој да мислиш дека дечкоти е светец иако сега така ти изгда во моментов,немој ни случајно да си помислила да му кажш или да бидеш нон стоп напната и на тој начин да се посомнева. Неверството во врска не е грев, а тоа што ти си го направила не е ништо страшно а и придонело колку што сватив уште повеќе да го засакаш. Затоа понекогаш и неверството има и позитивни страни, само треба да внимаваш со кого изневеруваш да не е тоа некој не дораснат за да се пофали на пола град. Доколку е дискретен или од друг град тоа е одлично како издувен вентил, и како превентива да не дојде до презаситување од вашиот партнер. Во никој случај нетреба да биеме во фил на паралелна врска но издувување 1-2 месечно може да биде и позитивно но тоа би требало да го знае и тој со кој изневеруваш за да не гаи емоции кон тебе за да покасно имаш проблеми.
Дечково е постар од мене 7 години и е озбилна личност , се бави со естрада , уметник на некој начин и ради тоа мислам дека нема логика да зборува и оговара дека се измувал со некоја таму обична девојка пред толку време..(не сум му прва ни последна). Ама сепак постои ризик.. Испадна дека на мојот дечко еден другар е пријател со познаник на дотичниов и сега јас почнав да си правам филмови,(али со познаников ретко се гледаат пошто тој не е од нашиот град) а претходно успеав некако сама себе да се убедам дека такво нешто никогаш не се случило.. Малце сум и параноична затоа што тој познаник не ме знае мене ни па сме од ист град а и не знам зошто дотичниов би отворил тема за мене со некој негов познаник. Не се врти светов околу мене па да седнат и по некоја случајност баш за мене да прават муабет. али пошто сум баксуз може баш и тоа да се деси. Али у право сте , no matter what happens, ќе негирам.. Не ме снимал некој додека се мувавме па за да докаже кога се десило тоа , можеби се случило пред да бидам со дечко ми .Леле живеам во страв ! Ако дечко ми дознае ќе дознае од трети личности а тоа е уште полошо , ќе го направам будала пред сите.. Девојчиња , ќе полудам..само на тоа мислам..
и јас го имам изневерено ама само со бацување не со секс,,ама пак ме јади совеста ќе полудам инаку имам врска од 11 години, ве молам за совет што да правам
Слушаш совети од девојкиве,сите ти рекоа не му кажувај и не се замарај,бла,бла,бла.Јас пред се како човек,не како машко ќе ти кажам да му кажеш,ќе ти биде тебе полесно понатака,може во моментот не,но ќе помине,а ако не му кажеш,ќе те мачи тоа и понатака,освен ако не ја изгубиш совеста.Биди несебична и кажи му,па тој нека одлучи дали ќе остане со тебе.Од грешките се учи и ќе си знаеш за друг пат...