Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го изневерив... и сега како понатаму?

Дискусија во 'Врски' започната од Morkov4e, 22 март 2010.

  1. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Леле читам тука за неверство и се плашат да не дознае партнерот за еднаш што тоа го направиле,а јас што активно го варам 2 години ии памет ми доаѓа дури сега дека тоа што го правев не е убаво и дека треба да се одлучам што понатака со мојов живот ии двајцата некако ми се привлечни иако со едниот имам 4 годишна врска :worried:
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    многѕ неубо во животот е ко че седиш на 2 столици
     
    На Anabela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kajafeminka

    Kajafeminka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    26
    Еее баш на две столици сум али работата е во тоа што сега и паметот ми е помешан незнам што да правам со себе неможам вака цел живот,несакам ни едниот ни другиот да го изгубам
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Danchi

    Danchi Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Sawyer фала на советот, тоа и се очекува кога иде од машка страна ;) Ама ако кажам, ризикувам да го изгубам , т.е знам дека нема да прости и само ке ги закомплицирам работите, ;( а тоа дека ќе си знам за друг пат што викаш у право си ама кој вика дека размислувам за друга врска у животот, не ни сакам да има друг пат, ме раазбираш? Тогаш кога го изневерив не бев заљубена, сега сум.. СЕга ја сфакам грешката.. Он знаеше дека тогаш не бев заљубена во него како сега и за тој дел бев многу искрена ама оваа глупост од неколку минути ќе ја премолчам затоа што сега сум СИГУРНА во себе дека никогаш не би ја повторила.. Имало машки што се обиделе, но сум ги одбила и сеуште стојам на тоа. Луѓето прават грешки во животот и се каат .. Поентата е грешките да не се повторат.. И зошто би му кажала и би уништила се, за нешто што се десило еднаш и нема никакво значење ?Буквално ќе го убијам ако му кажам..многу добар човек е. Мене ми е само страв да не се дознае од друг..меѓутоа никој ништо не може да докаже а и помина извесно време.. Патем, од машки апсект да чујам доколку ти би бил на негово место , би ми простил ?

    Инаку за девојкава што вика го варала нон стоп.. Ти имаш помал проблем од мојов ,очигледно не се потресуваш многу околу тоа дали ќе го изгубиш :x :) Такво нешто никој не би простил..тоа не е толку лошо за нив колку што е за тебе .. чим се мислиш измеѓу двајца , најди трет ! :D

    Поздрав девојчиња и фала ви на сите за советите.. :* wish me luck
     
  5. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Епа не се седи на две столици... многу неправедно е тоа. Биди искрена и најди си трет. 8) Или пак не започнувај врска кога незнаеш што е тоа чесност... Инаку минато си е минато....повеќе да не се повтори! ;)
    Јас многу погрешив со тоа што му зборував на дечкото дека ќе ме изневери... па му се одмилив, почна поинаку да се однесува и сега не сме заедно...иако никогаш не го изневерив. Биди спокојна и креативна во врската.... со среќа :*
     
  6. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Какво гнездо за негување на варалици е темава,тоа е нешто страшно. Има да се смеете ако ви дознаат момците од некое трето место,тек тогаш ќе изгубите секакви шанси за да му се вратите. Освен тоа,постои сценарио да момакот со кој сте си го варале дечкото сака малку да си поигра со вас,па да ве уцени дека ако не сакате вие да си поиграте со него,тој да го пушти муабетот за варањето и да искомплицира уште толку. Еве како машко кажувам,варање стрикно не простувам,не зависи за колкава врска се работи,не зависно од тоа колку ја сакам личноста,ама ако постои некоја минимална шанса да простам,тоа би било ако дознаам од девојка ми. Пошто се друго би резултирало со тотално непогледнување во очи и чао пријатно без барање за објаснување. И научете се да си ги контролирате нагоните,тешејќи се со тоа дека "тогаш бевте млади,зелени и не беше ништо сериозно",не ви текна дека некогаш може и да стане сериозно? Ако не ви држи гзот,не влагајте во врска,или прекинете на време. Ако пак сакате да останете со момакот,помислете како би ви било вас да сте во тотално истата состојба. И не се тапшајте по рамо дека бакнежот не се смета за неверство,што треба,да го зајавате момакот за да се смета како изневерување?!
     
    На thelittle17, srcekrsacka, Amore и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Danchi

    Danchi Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Никој не кажа дека бакнежот не се сматра за неверство.. Вие машките кога варате некако многу полесно е да им кажете на другарите "brat , uzivaj..si ja izvaral si ja izvaral" дури и фраери сте ,а кога девојче ќе извара ,ондак е смак света. Не се трудам да најдам изговор за тоа шо сум го направила, само побарав совет.. за критики и самата сум доволно самокритична. Ако изневериш еднаш, не значи дека спаѓаш у катеогирја на варалици ко шо кажа ти..тие таквите дури вараат и без грижа на совест over and over again.. Секој у животот може да згреши и да направи глупав чекор за кој цел живот ќе се кае, ама ако си извлекол поука од тоа и не се повтори значи дека си ја сфатил поентата. Нема потреба од вреѓање ,никој овде не извршил убиство,ни па некој е во позиција да му суди на некого.. Како и да е, намерата не ми е да се расправам, ти имаш свое мислење и го почитувам. Можеби ти би простил доколку дознаеш од девојката ама во мојов случај знам дека нема а прости.. Нема да го сфати тоа како човечки,несебичен гест..туку само како превара и ништо више.. Заради тоа не би му кажала , иако размислувам околу тоа.. Поздрав
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Прво,не зборев стрикно за тебе,туку зборев за тие што ти ја гаат идејата на тебе и на останатите кои тука побараа совет,да кријат. Втора работа,никогаш не генерализирај,јас не сум тие машките,јас сум веќе 3 години и 3 месеци во врска без да варам. На крај краева,секој некогаш има шанса да вара,секој некогаш се оладува,тоа не значи дека треба да си играш со нечии чувства. А тоа што ти си ја сфатила поентата не ја менува вистината,како јас успеав да ја сфатам поентата дека не треба да повредувам некого и тоа без никогаш во живот да варам? Или нели,сите сме ние различни па различно размислуваме? Па и да не ти прости,кога си можела да вараш,соочи се со последиците. И не мешај молим те машко-женски односи и варања у целата дискусија,збориме за индивидуи. Ако веќе мешаш,мислам дека треба да бидеш свесна дека во последно време повеќе вараат девојките отколку машките.
     
    На Amore му/ѝ се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Уживајте цуциња, не го слушајте момаков, многу знае он за женски чувства.
    БакнеШ не е ништо, ок? Мња.
    Бубкајте се со кој стигнете кога ќе ви прекурчи од дечкото и сакате промена од неговата плунка.
    Дури не ви влезе, не е неверство.
    Ма, ни тогаш не е, оти нели, срцето само за дечкото бие и нему му припаѓа, а Мара оти е без душа и срце, може под наем да оди повремено. :wasntme:
    И за батковците и нивни Столе важи истово.
    Дали сега сите бакнувалки имаме чиста совест?
    -Дааа учителке.
    Ок. Ајде сега да најдеме ново мажуле за лигавење.
     
    На thelittle17, srcekrsacka, Amore и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Danchi

    Danchi Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Иронијата на calliope ќе успееше да ме навреди , во случај да знаев дека не се обидува да биде интересна со досетлививе коментари ;)
     
  11. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    A ти ни од иронијата на калиопе,ни од мојата директност не извлече никаква поука,туку одбра да ги слушаш тие што ти го кажуваат тоа што тебе ти одговара? Твоите деманти ме тераат да мислам дека тие две мислења воопшто не ни ги зема во предвид. А апсолутно немаат со цел да навредат,зошто би се вреѓала од нешто што е вистина?
    Зошто чедо тогаш дојде тука да бараш совет,кога веќе имаш наумено што да правиш? :)
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абе, види Данчи, јас сум ти многу вицкаста особа, па те нечакав со проблемов ко центар пажња, па да се прошверцувам на твоја слава со надеж дека ќе ме приметат. :wasntme:

    Коментарот ми се однесуваше на сите такви, зборев во множина, да не си поласка дека те персирав?
    Напротив, не те ни бев прочитала целосно. А, тоа што случајно си се нашла пост над мене и си си ја пронашла мувата за ишкање, не е моја кривица.
    Еве сега конкретно за тебе: Крај, краева, ќути си, нека те убива совеста и чекај си ја кармата.
    Освен “кажи му“ и “не му кажувај“, друг совет не може овде да ти се понуди, а ти гледам дека секогаш ќе го избереш вториот, за да си се оправдаш и спасиш, па џабе ние тупеле и 5 и 50 страници.
    Поздрав и ма нервоза.
     
  13. Boshkoska

    Boshkoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Добро бре луѓе, читам и не можам да ве сфатам... Како прво зошто изневерување ако го/ја сакаш, убаво ти е со него/неа и ред други работи, а ако веќе не/ја го сакаш и не ти е битен/а прекини, не повредувај туѓи чувства. Искрено додека бев тинејџерка, не ми сметаше да се бакнам со некој друг додека бев во врска, ама работата е што таа врска беше со времетраење од 2,3 недели, значи ништо битно. Е кога стаса време да се заљубам, да имам сериозна врска и дечко што ми одговара, сфатив дека тоа изневерувањето и не е баш така убава работа. Ставете се на негово/нејзино место и видете како ќе се чуствувате, како би ви било ако вас ве изневерат. И оправдувањата како сметав дека и тој/таа ме изневерува не држат вода. Муабетов ми беше за оние кои сеуште не изневериле, а оние кои веќе ја направиле таа грешка нека си се носат со неа и нека имаат храброст и нека си кажат, сметам дека ако сте сакани ќе ви биди простено, на крај краева никој не е должен да живее со и во лага.
     
  14. Danchi

    Danchi Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Ууу.. карма ! Тешки зборови паднаа. Сите секојдневно грешиме , некој помалце ,некој повеќе.. Пардон вие безгрешни сте, кармата ќе ве заобиколи во овој живот.. Не се така е црно-бело у животот..кажи му или не му кажувај.. А зошто да сакам да и олеснам на мојата совест со тоа што ке му кажам?Мене ќе ми олесни,него ќе го убијам.. до некаде е себично. А за морализирање ,знам, најлесно е вака од страна..
    Најјаки ми се коментарите од типот"па како можете да изневерите,па како ова она како ова" ..Eте така,можеме..и ѓубриња сме.. Еднаш сум изварала,не сум го правела тоа за да изиграм некого нити чувства да повредам, не сум таква личност.Тогаш немав чувства за него и му кажав дека не постојат.Сега кога го засакав ни у лудило не би ја направила истата или слична глупост. Христијански е да се покаеш и да побараш прошка од тој што МОЖЕ на сите да ни суди,под услов повторно да не го направиш истото.. Иксрено ,се радувам за calliope i како и да му беше никот на дечкото,пошто се безгрешни ..уствари чекај , викаат никој не е безгрешен..Па како тогаш се ставаат во позиција на критичари?
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Чедо,ти беше таа што побара тука совет,и одеднаш гледаме дека не ти ни треба пошто знаеш веќе што да праиш. И ме интересира многу,зошто го вараше? Што те натера да изневериш машко со кое си у врска,макар и немала чувства? Зашто и си влегла у врска со некој за кој не си имала чувства,и дали било неопходно да пробаш со друг за да сфатиш колку го сакаш? Ако мислиш дека е себично да му кажеш ти,помисли како би било да дознае од друг.
    Не се ставам у позиција на критичар,нити безгрешник,коментирам на тема на која ти и уште неколку барате совет и го кажуем своето мислење,што е тука толку лошо?
     
    На calliope и Amore им се допаѓа ова.
  16. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Машки
    Хммм,па неможам да знам дали би ти простил,но искрено се надевам дека не би ти простил.Кога нешто ќе се скрши,колку и да го лепиш никогаш нема да биде исто...така и ова,и да ти прости,пак ќе му остане таа слика во глава,и пак ќе знае да ти префрли за истото...Не гледам никакво фајде од признавањето во твојот случај,само загуба,но незнам,едноставно човечкото во мене ми сугерира дека треба да му признаеш,но тоа е мое мислење,ако ти си решила така,и можеш да го носиш тој товар на грб,тогаш терај така.Тоа што не си била заљубена во него не значи дека е оправдано неверството,но ако не си го љубела,си можела бар да го почитуваш.И ти ме праша од машки аспект да слушнеш мислење,ма да нема машки-женски аспект,секој е различен,затоа сеа јас ќе те прашам од твој аспект,дали би сакала да ти признае твојот партнер доколку те има изневерено,или поубаво би ти било да остане закопано во минатото,под претпоставка дека се случило само еднаш ? :)
     
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.144
    Ако тебе те гризе совеста, значи мораш да кажеш.
    И не е себично да му кажеш, себично е да не му кажеш.
    Ти си погрешила, свесна си дека било грешка, дека нема да се повтори, али откога ќе му кажеш што си направила негово е тој што ќе одлучи.
    Мој совет ти е да му кажеш, иако гледам дека теглиш кон некажување, и тоа повеќе оти мислиш дека ќе те остави, а не оти мислиш дека толку многууу би го повредила. :)
    Батали приказни од таков вид, не се за верување.

    Иако сметам дека џабе збориме, ти пак нема да кажеш, али тоа е тоа, ако сметаш дека можеш во лице да го гледаш, терај.
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Освен тоа што има разлика да згрешиш нешто и да изневериш некого , тука повеќе се крева прашина на тоа дека сега девојчето изневерува ама ако еден ден истото нејзе и се деси после ќе пише на форуми како мажите се свињи и како само изневеруваат а друго ни тој дечко не заслужува да така биде третиран , исто како што било која девојка тука несака да дечко им да спие со други ..


    Така да кажи му... дека ќе дознае , ќе дознае ...дали од тебе или од некој негов другар што ќе те види со друг дечко ќе дознае ....
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Не ми се читаат сите мислења па затоа ќе дадам општ совет. Сметам дека секој треба да ја знае вистината колку и да е болна, а кој нема храброст да и погледне на вистината во очи значи уште не е спремен за овој живот. ;) Вистината боли и повредува еднаш, тогаш кога е кажана, а лагата пече и повредува во сите моменти од кога е сторено неверството па се до неговото (не)кажување. Исто така мислам дека ниедна мајка не родила девојка/момче да бидат правени идиоти и будали со тоа што некој ќе ги изневерува и нема да им кажува, а тие со “гордост“ ќе си ги носат рокчињата. Не сум бил до сега во ситуација нити да изневерам нити да бидам изневерен (се надевам :D), меѓутоа имам хипотетски размислувано како би реагирал доколку на пр. девојката ме сјебала зад грб и ми го крие тоа и јас случајно дознаам. Едноставно ќе избувнам и ќе ја разбијам на пола. :D Во тие моменти повеќе ќе ме боли тоа што криела од мене и се однесувала како се да е во ред отколку самиот чин на превара. Затоа стојам на мислењето дека без разлика на последиците треба да се признае или ако сме толку сигурни дека никогаш повеќе нема да си го повредиме партнерот, да го задржиме неверството како наша мрачна тајна. Прашања? :)
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ima resenie,toa e najmal problem,ke mu kazes da brkne druga za da te izneveri i toj,koga ke ti se vrati ke bidete i dvajcata iznevereni pak potoa ke si bidete zaedno.