1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го изневерив... и сега како понатаму?

Дискусија во 'Врски' започната од Morkov4e, 22 март 2010.

  1. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Соломонско решение. ;) Кога ќе размислам подобро и не е така лош принципот 50:50. :D
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ќе си кажам јас од лично искуство. Знаеш како викаат, случај паталец а не гаталец. ;)

    Го изневерив дечкото што го сакав најмногу. Може ќе си помислите дека сум контрадикторна, како така, толку сум го сакала а ладнокрвно сум го изневерила, сум му набила рогови на оној кој ми значеше се.

    До тој ден имавме совршена врска. Совршена е мал збор. Уживав во секоја минута помината со него. Се беше како во убав сон.
    Се додека тој не отиде на некој ден надвор од градот. Останав сама таа вечер, и се случи тоа што се случи.
    За време на чинот на изневерување не чувствував грижа на совест. Тоа дојде покасно, откако се освестив што сум направила. Најголемата грешка во мојот живот беше направена таа вечер. Немаше враќање назад.

    Тој се врати, а јас сакав да глумам дека ништо не било.
    Ама проклетата совест ме прегази. Не ми даваше мир. Во главата ми се вртеше идејата да му признаам. Глупава, мислев дека ќе ми прости ако бидам искрена. Дури и тука на Фемина барав совет дали да му признаам, сите ми викаа да си молчам. Да потиснам се во себе и едноставно да си продолжам понатаму.

    Сто пати се покајав што не ги послушав советите. Му кажав. Со кој памет, и ден денес си се чудам.
    Најироничното е тоа што прво ми прости, ама врската ни се претвори во вистинско мачење, пекол, ужас... Ни трага од тоа што беше претходно. Тој не престануваше да ми префрлува, да ме потсетува на тоа, да ми кажува како јас веќе не сум вредна за таа врска, како јас не се трудам, како заради мене нашата врска ќе пропадне.
    Не можеше да се издржи такво нешто.
    Сега веќе не сме заедно, се разбира. Tешко ми беше,и уште ми е претешко затоа што ја носам грижата на совест како најголема казна, дека јас сум расипала нешто толку прекрасно.

    Значи девојко, што и да правиш, само не му признавај. И молчи, најдобро на никој да не кажуваш. Напиши на еден лист што чувствуваш, олесни си, потоа искини го и фрли го. Било што било. Обиди се да не даваш знаци пред него, напротив, најди начин да му докажеш дека го сакаш, мислам дека тоа помага да не те измачува совеста до толку. Ако тоа е воопшто можно...
    Сите грешиме, а важно е да извлечеме поука од сето тоа.

    Затоа, ако сакаш да ја сочуваш врската, ни на крај памет да не ти падне да му признаеш. Ако се дознае од друго место е тогаш е страшно, ама да се надеваме дека нема да дојде до тоа.
    И гледај да не ти се повтори, секако.
     
    На BoyL, ciribiribela, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Danchi

    Danchi Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    12
    Yipman2 Така да кажи му... дека ќе дознае , ќе дознае ...дали од тебе или од некој негов другар што ќе те види со друг дечко ќе дознае ....

    Ало јас немам паралелна врска па да ме види некој со друг дечко па да му каже. Дочитајте ме па после коментирајте :^) Ова се случи на почеток на врската со некој што ни се видел у живот некоаш со дечко ми ни па живее во Македонија. Се десило еднаш и крај..а и не сум легнала со тој некој.. Иако и без секс сеуште мислам дека е неверство и се чувствувам гадно поради тоа.. А искрено ако дечко ми не дај боже ме изневерил а тоа се десило само еднаш и знам дека созреал и никогаш повторно не би го направил истото,не би сакала да дознаам.Зошто ? Затоа што ќе го носам товарот од неговото неверство а и да продолжам со него цел живот таа вечер ќе ја имам на мисла.Поготово не би простила ако ми кажал дека ме сака и дека сум љубовта на неговиот живот,бла бла.. а ако никогаш не ми изјавил љубов,тогаш воопшто нема да бидам навредена..Не ја повредил љубовта со тоа. А ако некој ти тврди дека ти си светот за него а при тоа те изневери,е тогаш би изгубила доверба во тој човек засекогаш..Јас не го сакав тогаш и баш ради тој факт не сум ја изневерила љубовта што ја осеќам СЕГА за него.. Тоа би било тоа..пак ќе кажам,не е лесно.. на секој може да му се случи..
    CRAZYINLOVE19 само што сакав да прашам дали некој имал искуство со вакво нешто,тој совет би бил некако најадекватен,пак ќе кажам, од страна најлесно е да се советува..

    И уште ова,во претходната врска бев изневерена и сама го осетив тоа без да ми признае..го напнав типот до степен на лудило и на крај ми потврди дека сомнежите ми се основани.. ама тоа да не ти било само еднаш туку два пати,три пати.. Женска интуиција страшна работа..Мажите шо немаат совест немаат,туку за интуиција се исто тапа. Е,од кога дознав јас умрев,буквално,таква болка немам осетено..некој што цело време ми кажуваше дека ме сака..и знаете што си реков од тогаш?Тој што е заљубениот у врската е два чекора назад...никогаш повторно да не си поверувала на машко! Изневери за да не бидеш изневерена.. Се пореметив буквално.. и затоа од овој апсект гледано посакувам никогаш да не дознаев дека ме изневерувал,врската што има иднина ќе опстане а онаа што не ја бива , дознал ти или не дознал секако ке се сруши, ама најдобро е да ја прекинеш без да дознаеш дека тој другиот те варал. Затоа сум за премолчување од една страна..
     
  4. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Сите совети да премолчиш се глупави, и максимално незрели.
    Ајде да речеме и дека тој нема да дознае од друго место, но ти самата ќе си ја направиш врската пекол. Ќе те копка дека ако си изневерила ти и не се дознава, можеби и тој истото го прави, а ти немаш појма, нема да си на сигурно со него, и верувај дека колку ти е помирна врската од негова страна, толку повеќе ќе те јаде дека и тој може да прави нешто настрана.
    Ја направи грешката, па повели, соочи се со неа. Што и да одбереш друго е одолговлекување и бегање од одговорност.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не се согласувам баш.
    Ако мисли дека може и сака да ја спаси врската, признавањето е неразумно. Тој сигурно нема да и се заблагодари за искреноста. Шансите тој да стави крај на врската се прилично големи.
    Луѓето премолчуваат и кријат и многу пострашни работи отколку една вечер со друг. Грижата на совест секако ќе постои кај неа, за да ја потсетува да не и се повтори пак истото!
    Кога јас бев во дилема дали да му признаам или не, тука прочитав нешто за што се каам дека не го применив... Дека во овој случај искреноста не игра голема улога, тој што изневерил сака само да си олесни на совеста со тоа што ќе признае, да не го носи тој товар сам/а. А со признавањето уште повеќе го повредува партнерот.
     
  6. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Не се согласуваш пошто се каеш зошто си му кажала на момакот дека си праела мучки позади негов грб,и не одрекуваш дека ти било убаво. Не мислиш дека повредата е направена во моментот кога си го бакнала/легнала другиот момак,а не кога ќе му ја кажеш вистината? Не те повредува тебе фактот што си играш со нечии чувства? Не те повредува фактот што те гледа со љубов,а сепак ти си посакала туѓо? Не признавајте,слободно,само после немојте да се жалите дека се машките гомна и дека само си играат,многу од денешните девојки заслужиле и многу полошо,пошто се далеку од тоа што се претставуваат. Сега дури и се уверив во тоа.
     
    На Rose96 и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тowelie, незнам каде си прочитал дека јас не се каам за тоа што сум го направила, баш напротив, во првиот пост спомнав дека најголемата грешка во мојот живот беше направена вечерта кога го изневерив. Како и да е... Мене ова со признавањето ми изгледа како полоша варијанта заради причините спомнати погоре, нечиста совест и обид за поправање на тоа што е направено.
    Ама грешката е тука, останува, без разлика дали ќе му кажам или не. Веќе сум си поиграла со неговите чувства уште кога сум легнала со другиот, нема назад. На крајот на краиштата, се случило само еднаш, со тенденција да не се повтори никогаш повеќе, затоа што ете, сум увидела некои работи.
    И да ти кажам, ова неверството ми донесе само една позитивна работа во животот, тој после тоа си го покажа вистинското лице, конечно кажа работи што никогаш ми ги немаше кажано, кои ми помогнаа да сфатам со каков човек сум си имала работа јас. Ете гледаш, се се случувало со причина. ;)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Чисто да прашам,веруем дека не би ти сметало еднаш да те изневери и он,колку да увиди некои работи и да сфати што сака,не за друго... ?
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Колку и да несакам , се согласувам со Towelle ...

    Како тоа ти довело позитива , човекот го покажал вистинското лице ....а што очекуваш , како да се понаша , ја да сум на негово место би те отерал у места кај што не си ни слушнала ... тој тамо се мачел нешто љубов ова она и сеа те остаил еднаш дома и одма изневерување
    и сеа очекување дека дечкото ќе биде - ех ок срце , се случило еднаш ..абе нема проблем , исто како да не се десило...

    АБЕ Тој сигурно кога си идела после во продавница мислел дека го изневеруваш со продавачот , а не па за повеќе

    Фала богу дека ќе побудали дечкото и нема да ти верува .... а што е најсмешно или пак најтажно како сакате сватете го да он изневереше додека ти си била надвор од град
    Тогаш
    одма пост

    МАЖИТЕ СВИЊИ , САмо други газови гледаат , како не им е срам ...ова , она , да умрат сите , вака така ..и после тој пост уште 10тина ќе се наредат ... да па како можеш на маж да веруваш , ова , она...
    ама ако женското изневерува ... ех се десило еднаш

    Си изневерила нема изговори нема ништо , барем што можеш асално да направиш следно е да му кажеш и толку ....И ДА ако му кажеш нема никад да биде иста врската , и 90% е дека ќе заврши оти не тебе туку него или нејзе ќе ја гризе совест секој пат кога ќе го напуштиш станот и ќе искочиш во град ....

    И тоа се нервирам , т.е не фер воопшто ако мажот изневери одма фрштат лоши зборови а ако е девојката крива тогаш ех се десило еднаш , се случува со причина ...

    АБЕ КО ДА НЕ СЕ ДЕСИЛО

    :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
     
    На Rose96, thelittle17, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Крејзи, не си во право, подобро е да се признае. Не само за себеси, туку и за партнерот, ако го сакаш нема да го правиш магаре. Секогаш кога ќе го погледнеш, ќе те потсетува на `се и како си го извисила. Ако сакаш некого треба да си искрен со него, макар тоа и да боли.
    И кога некој изневерува, нема право да каже дека го сака партнерот што го изневерил, бидејќи не е така. Не можам ни да замислам да го изневерам маж ми кој што го сакам. И не е пресудно само кажувањето-да во црква, во прашање е вистинската љубов и почитта. Не можеш цел живот да живееш во лага.
    Со тоа што си му признала, си ве спасила двајцата, бидејќи таа врска немала иднина со лажење.
    Дури можеби неверството требало да се случи, за да се опаметите и разумно да ја пронајдете вистинската љубов.
    Нели велат-од грешките се учи.
     
    На BoyL и MandyLane им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не сме веќе заедно, така да што и да прави мене не би ми сметало. :)

    За Yipman и Абеја
    точно е дека искреноста е темел на врската и дека без неа ништо не правиме, дека после неверството се губи довербата и слично. Се согласувам со сето тоа. Мене неверството ми беше товар и едноставно сакав да го споделам тоа со него, но еве признавам, не заради самата искреност. Сакав само да си олеснам, затоа што ете јас сум таква личност, не можам да кријам некои работи долго време. Ако не тоа, сигурно ќе почнев да му давам други знаци дека нешто не е во ред, поразлично ќе се однесував, па може и самиот ќе приметеше.

    Yipman, не се согласувам за тоа дека само за машките фрчат лоши зборови. На колку само осудувања наидуваат женски личности што ги познавам, а направиле вакво нешто. За жал, кај некои сеуште постојат малоумни и заостанати размислувања како на пример
    МАШКО Е, ДОЗВОЛЕНО МУ Е ДА ОДИ СО ПОВЕЌЕ, ДА ПРАВИ ШТО САКА :fubar:
    затоа што верувај, и со такви сум имала прилика да се сретнам.

    Инаку и тој ми кажа дека ме изневерил. Тоа сакав да го кажам со она-се се случува со причина. И тоа како тој си го покажа вистинското лице. Да не се случеше моето неверство, можеби уште ќе бев со него и немаше да дознаам со каков човек си имам работа. Затоа што тој немал намера да ми каже.
     
    На okcenzi и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723

    Без пардон и без влакна на јазикот ќе кажам: You are really nasty and selfish bitch, no hard feelings! ;)

    Не те осудувам, ама не знам како си можела така да си го изневериш дечкото за кој велиш дека толку многу си го сакала. Баш заради ваквите девојки (не за тебе, општо зборам), машките ја губат вербата во љубовта и “утеха“ бараат кај ку*вите. Секој може да згреши, ама не треба да се греши свесно само затоа што хормоните ни здивеале или сме се напалиле како мајмуни. :) Луѓе сме, имаме нешто што се вика самоконтрола. ;) Не откривам дали имам девојка :D, ама и мене кога многу ми се е*е, а девојка ми се прави bitch и нејќе да ме задоволи со образложение ја боли глава, треба да и дојде и сл. не значи дека веднаш треба да ја заменам со ново пи*е во тие моменти хехе. А точно е тоа што можеби и crazyinlove19 го доживеала, имам и јас моменти каде што сум толку напален и мислам дека било која пичица да е пред мене ќе ја сексам, а притоа знам имам девојка во позадина, но сепак не би ја повредил. Како прво не се ни доведувам во ситуација во такви моменти да сум во близина на друго женско пошто може да биде опасно. :D Си пуштам порно сајтови и свршувам работа. :) Себично е да се изневери партнерот само затоа што ни се укажала прилика или сме биле напалени а тој/таа не бил/а со нас. Така што молчење никако, немој да ги лажеш другите. :) Кажете си ја вистината и соочете се со последиците или живејте доживотно со нечиста совест. Искрено не знам како можат мирно да спијат девојките кои ги изневериле своите дечковци. Како може некоја девојка мирно да спие знаејќи дека примала туѓ к*р, а наредниот ден ќе оди да се види со дечко и' и ќе го бакнува и сл. што е еквивалентно на тоа нејзиниот дечко да го издудлал ку*от на е*ачот на својата девојка (хаха јако го кажав ова)? Ццц треба јак карактер за ова, нека е со лесно за таквите девојки. ;)
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    122
    па тоа е главниот проблем со повеќето од девојките тука,мислат дека ако кажат ќе им биде полесно...а баш напротив ќе им стопати потешко,зашто тогаш освен што ќе ја носат својата болка..ке ја носат и болаката на партнерот.
     
  14. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Зошто да се изневерува кога со една личност може да се има се ?! Неможам да го сватам тоа..ако еднаш се изневери , ќе се изневери и втор и трет пат.А тоа воопшто не е ок.Незнам како после немате грижа на совеста
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jelena8

    jelena8 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем за кој сакам да прочитам и ваше мислење
    Со дечко ми сме во врска година ипол и пред 2 дена го изневерив, многу го сакам и незнам што да правам, помош или совет? п.с знам дека сум виновна
     
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Епа, кажи му и раскинете, едноставно не те заслужува
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.338
    Допаѓања:
    83.598
    Пол:
    Женски
    Ако твојата љубов кон него е толку голема зошто си паднала во искушение ? Зошто си го изневерила ?
    Ќе имаш ли лице да застанеш пред него знаејќи дека совеста не ти е чиста ?

    Ох побара совет но јас ти поставив прашања во кои можеби ќе си го најдеш одговорот
     
    На Princess.A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.133
    Допаѓања:
    88.428
    Пол:
    Женски
    Кој сака нека ме осудува ама ако сакаш да останеш со него, а знаеш дека нема шанси да ти прости ако му признаеш не му кажувај. Само и на лагата и се кратки нозете, па размисли дали и колкави се шансите да дознае.

    Има момци кои ќе преминат покрај неверство. Јас секогаш сум била искрена со моите, дури и пред да отидам со друг знаеле дека постои друг и ретко кога не ми простувале. Можеби било заради искреноста, можеби и они го правеле тоа, ама не кажувале, па не ми раскинувале, а јас сум им кажувала заради тоа што во тој момент ми било сеедно во врска со нив.
     
  19. evil_girl

    evil_girl Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Штом си го изневерила сигурно било со причина? А ако го сакаш тогаш зошто да го изневериш ?
    Ако мислиш дека не треба да продолжите понатаму подобро уште од сега решете го проблемот,а и подобро да дознае од тебе дека си го изневерила ,него од некој друг..Немој да си се лажеш самата себеси...Верувај..Вистината секогаш излегува на виделина..Кад тад.. :)
     
    На Princess.A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    излегува вистината на виделина да ама и не баш... на почетокот на мојта врска уствари не на почетокот нели е секогаш совршено туку негде на 1 година и неколку месеци и ја го изварав дечко ми незнам зашто ама ете го направив тоа може би млада и будалеста сега никогаш на никој не би го направила тоа ама ете тогаш бев дете и криво ми е за тоа ама биднало и никогаш не се дозна за тоа.
    е сега не видов колку години имаш и дали нешто не ви е во ред во врската незнам ни дали би можел од негде да дознае.се зависи како е мегу вас ... мое е да не му кажеш ако нема од кај да дознае ама рачунај дека ако стварно го сакаш тебе ке те боли секој ден да го глеаш и да му криеш а од друга страна ако му кажеш па незнаеш он како ке реагира..незнам како да те советувам бидејки не си подобјаснила убаво ... во секој случај си згрешила и тоа мн ..сега ја ако направам вакво нешто значи дечко ми не ми значи тој типот ми е боље...