Пукајте по мене колку сакате ама ќе го карам детево. Кој само по една недела од првиот сексуален однос го изневерува дечкото? Девојче, дечките те изневеруваат тебе, не ти нив.
Во врска бевме скоро година дена. Он е првиот дечко што го сакав вистински и што сакав да го поминам животот со него. Поголемиот дел од времето го поминуваме заедно. Неговите ме прифатија многу добро, станавме како семејство. Не сум погледнала друг и не сум помислила на друг. Имавме често караници најчесто поради љубомора,но не било ништо страшно.. Во последно време стана многу напнат и нервозен. Почна да не ми обрнува внимание, да се истура на мене поради други проблеми што немаат врска со мене,но јас се тоа трпев затоа што го разбирав. Се случи пред неколку дена да и јас имам проблем дома и нормално дека во него барав утеха и поддршка,но он буквално не се замараше со мене. Доволно ке беше да ми каже 2-3 убави збора и да ми даде до знаење дека е покрај мене.. Не се случи тоа. Не беше заинтересиран воопшто како ми е мене затоа што имал премногу проблеми. Се сакаме премногу, знам дека ме сака и знам дека стварно има проблеми и на работа и дома и со пари.. Вчера јас излегов со другарка и требаше он да дојде но не дојде,наводно заспал.. Јас обично не пијам алкохол ама имав потреба поради се што ми се случува ама претерав. Се опијанив многу, не бев свесна што се случува околу мене.. и направив глупост, се смував со друг дечко, а во тој момент дојде дечко ми во кафичот и ме фати на дело.. Знам дека сум крива и дека ке ме осудувате сега,но стварно не знам што се случи со мене, како ѓавол некој да влезе во мене и да ми го извади мозокот. Многу го сакам,премногу и никогаш не сакав да го повредам.. Сега нормално ми раскина и ме блокира секаде, сигурно и дома кажал на неговите кои ме сакаа како сопствена ќерка. Ке се убијам, не можам да си го простам ова,не можам да живеам без него.. Како можев Не сака веќе да ме види, плачеше додека зборувавме.. Искрено дечкото што се смував не ми значи ништо. Не е оправдување тоа што бев под дејство на алкохол,но стварно се исклучив тотално и не размислував ништо. Имал ли некој ваква ситуација? Што да направам за да ми прости?
Мое лично мислење е дека ништо, ама баш ништо не е оправдување за неверство. Сфаќам дека си сакала внимание и поддршка, ама ете и тој имал таква потреба. Требаше да најдите начин да правите нешто заедно, да се опуштите, да се оддалечите барем на кратко од вашите проблеми и ќе беше во ред. Како и да е над истурено млеко не се плачи. Се случи, јас не би простила лично. Единствено што можиш е да оставиш да помине некое време и да му дадеш до знаење дека ти значи и го сакаш, па негова ќе биде одлуката дали евентуално ќе ти прости. Без убивање. Не знам колкава си, но колкава и да си требало подобро да размислиш, и како и да е не е крај на свет се мора еднаш да помине така и ова...
ете јас се ставам во ситуација да го фатам дечко ми како се бакнува со друга никогаш нема таа слика да ми се тргни од пред очи и никогаш колку и да сакам нема да заборавам ....ти велиш бевте во кафич значи таму имаше и други луге што те виделе?незнам што да кажам дај боже да се лажам ама мислам треба да го заборавиш....то е најискрено од мене
Прво да ти дадам една критика и се надевам дека ке ти биде за последен пат утеха и нерасположението да не го бараш во друштво со алкохолот,барем имај мерка за ДОСТА ! Дечково ако те сака ке те побара пак и совет мој е да се држиш деновиве примерно и со подигната глава оти во мое време ако те начека дечкото со друг, ке те претепаше на лице место и на клоци ке те исфрлеше а никој од присутните нема да ти скокне на помош....за среќа добро си пролшла и на крај краева тука ке видиш колку те сака. Животот се состои од грешки, така се учиме и не си го ставај тоа неверство толку на срце...не постои човек што не нашравил превара, е сега кого го фатиле жив кој успешно се крие..хаххахах ке сечела вени ке се убивала....ааааааааааах ..камо да можам пак да се вратам во младоста.....немој да плачеш,,,ако ти прости добро ако не кој го врти..идемо даље у живот!
Секогаш можеме да надјеме причина за лошо да направиме,ама за правдање малце потешко.Според ова што го прочитав,врската тука дефинитивно завршува,све што било со тек на време заборави си го.Си направила катастрофална и фатална грешка,што нема поправање.И да ти прости дечкото целиот живот секоја караница ке ти го вади не од нос од гз.Верувам дека и неговите родители веќе ти имаат ставено точка и советувано него да нема никаков контакт со тебе,пошто си таква или ваква.Така да остави време да помине,било што било гледај да заборавиш на све,целиот живот е пред тебе имаш време.
@Azalea5 Да направиш не можеш ништо освен да се извиниш (иако тоа не е некое решение), уште еднаш да му објасниш дека го сакаш и да почекаш тој самиот да реши да се смирите. Но, не превземај ништо доколку има шанса тоа да се повтори. Мање-више се знаеме себе си, не го повредувај повторно ако не заслужил. А оправдување нема, ни пијанство, ниту намалено внимание.
Како прво кгоа дечко ти така се понашал си требала да разговараш што му е може го мачело нешто.А сега глеј да го сретнеш и да го викнеш да му кажеш дека тоа било грешка и дека сакаш да ти прости.Ако не прифати фала богу ќе се тргнеш од него и ќе го забораиш бидејќи ти си пробала а фала богу имаш и ти гордост нема да го молиш
Не верувам дека би го изневерила, на моменти сум сакала да го направам тоа, но откако ми кажа дека преку глава му е од такви работи бидејќи и претходно го трпел тоа, го изневерувале, од тогаш нема шанси тоа да го помислам а не па да го сторам. Не го заслужува тоа. Инаку, ако го изневерев ќе имав грижа на совест но ќе останев со него.
На многу неправилен начин е преставен зборот „неверство“. Неверството не е во сексуалниот чин, помалку во мувањето со друга личност, која не е дечко ти. За да се случи ова, постојат многу фактори кои придонеле: - Прво како што кажа една членка погоре, не ѝ обрнувал внимание, не ги споделувал неговите проблеми со неа, кога на неа ѝ требало раме за плачење, тој буквално ја изиграл... - Чести кавги, вербални препукувања, напнатост, а сепак постои огромна љубов. Може никој нема да ми верува, ама со one night stand со друга личност, врската со љубениот може само да се спаси. Како? Подолго време не ти обрнал внимание, во секој случај е подобро да поминеш една вечер со друг, за да го добиеш потребното внимание, отколку да се испокараш со него и да му направиш уште потешко да му биде. Доколку јас сум таа во врската која подолго време сум ги запоставила односите (не само сексуални), не верувам дека би ми пречело доколку мојот дечко ме заменил за една вечер, односно ме побарал во друга. Смешно звучи, ама на ваков начин само се спасува врската. И на крају крајева, вие што толку се јадете што од вакви или слични причини сте „го изневериле“ дечкото... Дали знаете дека на машките воопшто не им е гајле кога ќе им се пружи прилика, колку ја сакаат девојка им? Сите мои другари, за кои сум сигурна дека биле мртви заљубени во девојките, милион пати им се десило пред мене да се пуштаат на други девојчиња. Женски. Само си ја удирате глаата за глупости!
Се сложувам потполно во тоа што го велиш дека неверството не се состои само од односи и бакнување со друга особа туку има и други битни ствари што изневеруваат една врска, доколку тие "небитни" ствари не се ставаат на ум, кога пристигнуба бракот се случуваат и многу поголеми работи и доагањето до несогласност и незаедничко фунционирање на истиот и завршува со развод. Но не се согласувам воопшто со тоа што го тврдиш дека мажите не би испуштиле од рака добра прилика и ги изневеруваат своите девојки, жени небитно што и да се. Точно дека постојат и такви и јас таквото " пуштање" и митарење би го споредила еднаквост со неверството, и сметам дека воопшто не е во ред и е многу ниско и вулгарно однесување, но сепак си стојам на ставот дека не сите мажи се сељаци и плитки во мозокот.
@NovusOrdoSeclorum Браво, ми се допагаат вакви прогресивни ставови околу неверството. Ние лугето единствено обрнуаме внимание на сексуалното неверство додека сите други типови на неверства ги запоставуваме. Сексуалното неверство е најмалиот проблем на кој трошиме непотребно многу енергија. Ние би издржале и 100 години во лош брак каде односите ни се 0 ама затоа ако недај боже сексуално не изневери партнерот, без оглед што духовната поврзаност помегу нас е на едно високо ниво се фрламе во вода. Реално според мене тоа не само што не е нормално туку е и премногу себично. Кога јас би била во долга врска или брак и доколку се случи да ме изневери прво што би направила би седнала и би поразговарала да дознаам што е тоа што таа му го пружа а кај мене не го добива, дали јас нешто правам погрешно.... и тоа не само воопштено туку до најситен детал би инсистирала да ми каже што е тоа што таа му пружа а јас не. Многу пати сум рекла дека за да некој те изневери мора за тоа да има добра причина а проблемот можеш да го решиш само доколку за тоа разговараш а не да си го свртиш грбот и заминеш. Многу често ние девојките правиме грешка околу сексот и она колку се даваме во сериозна врска или брак и пред тоа. Често овде налетувам на одговори дека мажите од ку*вите(така ги нарекуваат жените со кои ги изневериле) го добиваат она што неможат да им го дадат нивните жени затоа што тие работи не приличеле за во брак. Јас би рекла дека ова е сосема погреше став и ставот дека ако си ти условно кажано ку*ва во кревет тој ќе има лошо мислење за тебе. Не, туку напротив уште повеќе ќе те сака и нема потреба да оди кај друга. Значи јас мислам дека за неверството секогаш се криви двацата партнери иако навидум едниот нема никаква вина.
Тоа ми беше поентата и драго ми е што ја сфати во потполност. Не сакам да бидам сфатена дека ги поддржувм оние идиоти од луѓе (мажи и жени) кои иако имаат сѐ во врската, а постојано го изневеруваат партнерот. Не мислев на такви површни луѓе. Се држев стрикно до оние членки погоре кои имаат огромна грижа на совест поради тоа што некогаш, под некакви силни емоционални околности имале односи со друг. Таа грижа на совест докажува колку тие го сакаат својот партнер, а тоа што го направиле, го направиле само ради него и ради тоа што се чувствувале запоставено од истиот. Или од некаква лутина (јас толку го сакам, толку се посветувам, а не добив тронка нежност од него). Не викам дека е лесно да се помине преку тоа со себе самиот, но секогаш треба да се има на ум дека неговото однесување довело до тој чин. Ќе каже некој: „Ако не ти одговара, не мора да го вараш, едноставно остави го?“ Не е баш така кога некого сакаш и си му посветен со целото срце. Неверството не мора да биде поврзано со секс. Повеќе ќе ставам под неверство да сум во врска со некој кој ме сака, а јас цело време размислувам на друг. Со тој друг не морам да имам ниту два реда муабет, може да ми биде само платонска љубов, но силна, значително посилна од онаа која му ја давам на партнерот. Во тој случај, сметам дека се повредува партнерот, бидејќи наместо целата розева приказна, можеш да го седнеш и да му кажеш барем „Не планирај ништо сериозно со мене, не сум спремна за емоционална врска“ отколку да манипулираш со нечии чувства. One night stand со некого кој не го ни сакаш? Верувам дека во тој момент сте размислувале на партнерот.
Најдобро е да се признае..едно што ако не признаеш совеста ќе те убие..друго..некој не заслужува да биде со тебе ако ти претходната вечер си била со друг а утредента упорно тврдиш дека го сакаш само него..за се треба да се има само контрола во животот па така и за ова. Со тој што си во врска заслужува почит и љубов..а не неверство и предавство...и да..кој еднаш изневери..никогаш нема да остане на тоа..секогаш стануваат повеќе пати..
Да е бил совесен било кој човек не би ни отишол да го направи тоа, а камоли да дојде да ти признава и да се правда
Навистина веруваш? Јас искрено не! Ако сум размислувала на партнерот не би била со некој друг. Имав долга врска и го изневерив затоа што не го сакав. Му кажав и ми прости. Бев помала 19 год и мислев дека така се решаваат некои проблеми. Не, не се решаваат. Ако некого сакаш и го почитуваш не го изневеруваш, а уште помалку па мислиш на него додека го правиш тоа.
сите работи ги правиме свесно, несвесно може да биде само на филм..така да..што и да речеме..се е узалуд..работава е да не дојде до тоа..дојде ли..после ебење нема каење..
Бев во градот кај што ми е бившиот...Инаку имам дечко заедно сме веќе 4 ипол месеци,ама кога бев кај другарка ми сега на гости излегов со бившиот 2 пати ништо не правеве само муабет на крај и се гушнавме и бакнувавме друго ништо..А дечко ми има многу доверба во мене,не мислев дека ке се случи и ова и јас да изневерам некого..Ама на бившиот неможам не да му кажам едноставно тој има посебно место кај мене,Сега си дојдов дома,и ми се јави дечкото да се видиме јас не знам како ке го погледам а што е најлошо немам ни грижа на совест...туку ми е тешко што го видов бившиот...А и дечко ми го сакам.се беше добро додека не отидов таму сега ми е се шубе..Не знам што и како понатаму..ништо не ми се прави.
@Sanya20 Мислам дека не го сакаш, туку живееш во заблуда дека го сакаш. Јас никогаш не сум помислила да го изневерам дм, а не па да го направам тоа. На бившиот му е гајле, те видел, те гушнал, сте се бакнале и чао. Ти си таа што ќе си ја тепаш главата ако дознае. Од друга страна си контрадикторна, викаш дека немаш грижа на совест, а од друга страна дека го сакаш дечко ти. Ти и пред да отидеш да се видиш со бившиот, веќе си го изневерила со самата помисла..