Нема поголем грев од неверството. И да, не е до тој што е изневерен, туку до тој што изневерува е. Тој не е сигурен во себе, затоа и фаќа кривини на страна.
Ама многу повеќе би го болело на тој/таа "чистиот/чистата" за изгубеното време, а со тоа оди чувствата и надежта за таа (вистинска) врска и дека би успеала.
Знам, ама се обидов да ја доловам ситуацијата со друг член. Јас сум од паднатите борци што се разочарале некогаш од некоја девојка.
Vaka malku backstory za da moze poubavo da me razberete... Vo brak sum so mm skoro 2 godini. Razlikata vo vozrast ni e 9 godini (jas 22 toj 31) Maz mi nakratko kazano e homofob (jas sum bi no toj ne znae) rasist/nacionalist (kako i da e go deli narodot sprema boja na koza, vera, nacionalnost). 19 godini bev koga se zemavme, mlada i naivna. Mislev deka sme sovrseni eden za drug ignorirajki gi bukvalno site negovi negativni osobini. Toj raboti kako obezbeduvanje vo 3 smeni. Moeto rabotno mesto ne go spomnuvam od privatni pricini no se slucuva nekogas da rabotam i od doma na kompjuter. Ova se sluci neodamna. Mm bese 3 smena na rabota od 10 casot navecer. Taa vecer trebase da zavrsam vazna rabota koja mi trebase za slednoto utro no kompjuterot pocna da isklucuva i nikako nemase da mozam da zavrsam se. Problemot bil vo polnacot. Mu se javiv na eden kolega i mnogu dobar prijatel (od sredno) bidejki znam deka ima potpolno ist kompjuter kako mojot za da mi pozajmi polnac. Mi rece deka ke bide kaj mene za 20 minuti. Dodeka da dojde veke bese 23:45. Docna bese za kafe no sednavme, zapalivme cigara porazgovaravme malku i vo moment na 10 sekundi tisina mi se pusti i me zalapa. Neznam zosto no ne se protivev. Lapanjeto premina vo dopiranje pa vo seks. Da bidam iskrena najdobriot seks vo mojot zivot (prethodno sum bila samo so mm na toj nacin) Ova se povtori uste ednas vo petokot zosto ne bevme na rabota a maz mi rabotese. Neznam sto sega. Neznam zosto voopsto go storiv toa i toa dva pati. Mozebi zosto celo vreme bev stegnata od strana na mm, ne izleguvav nikade bez nego, duri krijam od nego i deka pusam cigari... Vo vrska bev so nego od 16 godini a se zemavme koga bev 19. Mozebi zosto nemam iskuseno mnogu raboti vo zivotot sega nesto odvnatre me vlece da pravam raboti koi mi se zabraneti. Sidenote: Prijatelot so kogo go storiv toa mi izjavi ljubov uste od prvata godina vo sredno no se povlece koga mm mi bese decko. Sto ponatamu? Nekoj ima sovet?
Млада си, прво бракот ми делува дека ти е токсичен и нема никаква љубов во него, па ми делува дека разделба е најдобар избор, а и бракот бил преизбрзана одлука за која сега ми личи дека се каеш. Чим дошло до неверство нешто фали, да си била среќна немало по друга личност да посегнеш. На години си кога се можеш да започнеш од почеток во животот. Разведи се, не се мачи ни ти повеќе, а и ни мажот ти не заслужува да е со особа која била со друг, не верувам дека за неверство има решение искрено освен ако немате отворен брак/отворена врска ама сопругот ми личи дека не е ни малце таков тип по ова што го опиша... Можеби ќе ви е подобро да започнете нов живот во кој нема да сте заедно...
Ако не си се противела убаво ти било, и очигледно дека не го сакаш маж ти како што си мислела кога некој друг успеал да разгори искра во тебе. Но ако тој те сака, не треба да го лажеш (како што го опиша воопшто не ми се допаѓа како личност) и да го завршиш ова на време. Млада си, имаш време да си ја најдеш среќата. Не велам да започнеш (одма) врска со другиов, ама не треба ни лага да живееш.
Мажот не го сакаш, тоа да го заклучиме прво. Второ, грешка се прави еднаш али ти два пати си имала секс со другар ти што значи убаво ти е. Трето, гарант е некој ропак чим ти е страв пред него цигара да запалиш. Најубаво ќе биде да се разведеш или цел живот ќе ти биде вака, он на работа ти со другар ти.
Тоа што не си излегувала никаде, што имаш страв од него, што немаш искусено многу работи во животот не е зелено светло за да изневеруваш. Ниту пак тоа што како што кажа е хомофоб, расист или националист не е некакво оправдување. Никој не заслужува да биде лажен и изневеруван. Од горе напишаното јасно се гледа дека ти него не го сакаш и сакаш да се ослободиш од него. Не си барај оправдувања за тоа што си го направила. Седни и размисли, расчисти прво сама. Дали и колку го сакаш? Дали можеш да се носиш со тоа што си го направила? Дали можеш воопшто да живееш со некој што сака да те контролира и да ти забранува? Кога ќе си дадеш одговор на овие прашања, ќе знаеш што понатаму.
Оти по дифолт заклучувате дека не го сака маж и'? Од кога се сексот и љубовта иста работа? @Alis.Kobra муабетов требало да го ставиш во Брак, не во Врски.
Не мора да е рамнодушност, посебно ако е еднаш-два пати.. Ама дефинитивно, изневерувачот треба да си го преиспита односот со партнерот.
Не можеш да бидеш рамнодушен ако некого го сакаш. Не било доволно еднаш, па ај два пати. Поголем аргумент од ова нема. Мене ми кажува дека и сеедно и не и е гајле, што е сепак мое мислење. Затоа и реков да се преиспита и да си даде одговор на некои прашања, тогаш ќе знае што понатаму.
Најверојатно си ги изгубила чувствата кон маж ти. Ако ти било убаво со колегата/школскиот и ако има хемија помеѓу вас двајцата, тогаш маж ти не е за тебе, бидејќи истото ќе го повториш пак, па ако дознае ќе имаш поголем проблем. А голем проблем ќе биде и причината што ќе треба да ја смислуваш за да му кажеш да се разведете...
ај вака седни сама и размисли што сакаш по два пати секс со друг човек верувам мозокот ти е сарма и незнам ни колку ке можеш да размисиш правилно ја не се сложувам со другите дека треба одма да се разведиш небитно дали овој другиот ти обека нешто или нешто трето така да остај на времето да видиш како ке ти биде тебе лично подобро