Се надевам дека нема ваква тема на форумот.Ајде феминки раскажете ги вашите соништа каде сте ги сонувале вашите мртви роднини или пријатели. Татко ми е починат скоро година ипол.Го сонувам многу често и секогаш го сонувам како да е жив.Како во сонот знам дека починал уствари сум била грешка и тој се вратил од пат и јас срекна му раскажувам низ што се сме поминале додека сме мислеле дека е мртов( тато почина додека беше на пат во друга држава).Незнам,можеби од преголемата желба што сакам да е жив,нели викаат тоа што мислиме тоа и сонуваме. Што мислите вие,дали има нешто во соништата со мртвите,јас се тешам дека има , па чекам ваши мислења и искуства
Има тема за сонови https://forum.femina.mk/threads/Сонови.83/page-669 Јас два пати имам сонувано иста личност. Ми имаат кажано дека ако сонуваш некој починат тоа значело болест во блиска фамилија. Не верувам во такви работи.
Сепак мислам дека оваа тема е поинаква и поконкретна од онаа за сонови @Birdy bi1 нормално е да го сонуваш, факт е дека ти фали и постојано го споменуваш и мислиш а сонот е интерпретација на она што ни е на ум. Мајка ми е почината веќе 10 години и ја сонувам многу често. Интересно кај соновите за неа е што секогаш, ама баш секогаш, физички ми е недостапна и неприсутна до мене туку е или на работа или дома или негде ма трето место и во текот на целиот сон ја барам се обидувам да ја добијам на телефон или негде сме во гужва и низ толпата се обидувам да ја достигнам и никогаш не успевам да ја најдам. И редовно, пораката која се трудам да и ја кажам е дека цело време сме мислеле дека е мртва и колку е убаво што е жива, но на крајот од сонот, секогаш, таа повторно умира колку е само одвратно чувството кое наново го преживувам