Пред неколку год. другар од дечко на другарка ми ми рече „Како мозе градска цура како тебе со дечко од село,ај ти се молам„ на што му казав дека со таков памет далеку ќе стигне итн,да не давам многу со цела дискусија со него,не е вреден за внимание. Мојот дечко е роден и извесен период од детството зивеел на село,ама тоа не го уназадило во никој поглед,ве уверувам,тој си е академски граѓанин си има убава професија,најкултурни манири,нема сленг(тоа да го имаше би ми пречело малку ),дури читав како според едно истразување мазите од село имаат поголеми пениси,па и тоа потврдувам .Јас му велев „како јас си немем некои имоти на село да си се осеќам ко феудалец,земјопоседник од среден век „. МЕ НЕРВИРААТ ЛУЃЕ СО МЕНТАЛНИ ЛИМИТИ,ШТО СЕ ХРАНАТ СО ПРЕДРАСУДИ;А ДИШАТ ЧИСТ СНОБИЗАМ; ДИСКРИМИНАТОРИ СО КОМПЛЕКСИ КОИ САМО БАРААТ НАЧИН ДА ПОНИЗУВААТ. Што мислите вие за врска меѓу двајца од различни средини,не мора да е баш релација град-село,не мора да е ни мојата комбинација мозе и обратно тој од град,таа од село?
Во село да не живеат мајмуни случајно? И тие се луѓе! Дај немојте, со ваков ум и менталитет сите се селаништа И јас сум од село, ако ви смета мојата некултура и необразованост, не ме дружете веќе на форумов Теодора, ај сакајте си се, и не замарај се повеќе со вакви фуфиња од градот
Дечко ми е од село, па и од друг град. Јас сум Скопје, но мене тоа не ми пречи. Си го сакам него, а не местото од каде тој потекнува. Па ајде нашите мајки, татковци, баби, дедовци од каде се? Кај нас е глупо што постои она мислење дека девојките одат во град за да се омажат таму, а момците да најдат идеална прилика за нив. Дури и на дечко ми колега од факултет му рекол е кај ја најде оваа од Скопје, држи брат, па уште ако е сама или има сестра. И мојата фамилија не го прифаќа затоа што е од друг град и од село, ама мене не ми пречи, па и зошто би била со него ако ми пречи. Не знам од кога во љубовта почна да има толку препреки. Па сакајте се луѓе што е важно кој од каде е?
Да не бидам демоде и да ти кажувам дека љубовта не познавала граници или не знам што, ама полошо да си со сељак, него со селанец. Селанец е жител на село, а сељак е лице со загрозена психофизичка состојба. Што има врска од каде е? Татко ми е од село, и што, да не не го сакала мама моја? И татко ми си е образувана особа, судија е на основен суд, почитуван и ценет е низ цела држава, и што? Знае и кој е, и од каде е, и не се труди ништо да измени, зашто е човек, не е изрод некој да се срами од корените. А и нешто позанимливо: ако ни е срам да кажеме дека сме од село, зошто сите сакаме да одиме на викенд, излет или одмор на село? Зошто градиме или изнајмуваме викендици на село? Нема зошто да се срами ни тој, ни ти од тоа што живее во село, па и нагласокот нека му е таков. Човек треба да се срами од своите нечовечки постапки, од друго не. Спојлер И да знаеш дека нема врска од каде е, може да ти каже дека е од Америка, што за Македонија е уауууууу сензација, а само што ке отидеш таму, ке те бапне да ораш на нива.
Луѓето се мизерни суштества чија цел на постоење и суштествување се сведува на деградирање и понижување други луѓе, за да во еден миг се почувствуваат супериорни, кул и моќни и да заборават на сопствената мизерија во која се препелкаат и ситната душа која ја носат во себе. Причини може да се изнајдат илјада и една - надворешен изглед (убав, грд, дебел, слаб, клемпав, окле), финансиски статус (богат, сиромав, гребатор...), образование, потекло, различни вкусови и навики и тука некаде е и местото на живеење. Луѓето кои живеат на село не се марсовци. Се' некако сакам да напишам дека дека малата средина во која егзистираат наметнува некои други норми и традиции (демек повеќе трачарење, и она стандардното - абе знаеш мало место, секој знае се' за секого), ама животот во три различни градови низ Македонија, сите со различна големина и популација, ми се доволна лекција - дека секаде има граѓани и сељаци, секаде има добри и лоши луѓе, писмени и неписмени, а географската положба нема апсолутно никаква врска со тоа! И ич да не ти е гајле кој што рекол, и да не се замараш и комплексираш, доколку тебе ти е убаво и сметаш дека вреди, гледај да си го задржиш дечкото, а сите луѓе наоколу можат конечно еднаш засекогаш да се откачат од туѓите животи како главно хоби и занимација, да се погледнат во огледало и малку да се посветат на својот сопствен - доколку секако го имаат воопшто.
Тој другарот што рекол така е сељак. А да бидеш сељак е лошо, а не селанец (всушнот не ни употребувам некаков збор за луѓе од село). Јас се дружам со такви луѓе, за некои не ни знаев и ептен случајно дознав од каде се и никогаш за ништо не сум приметила некоја разлика, ама баш ништо. А небива јас во Њу Јорк се родив и пораснав па сум нашла да зборам, а уште помалку да деградирам. Боже мили, во нашава државичка има помали и поголеми села....та Скопје јаката метропола. Тие што само се занесуваат со такви ствари нека ги прашаат бабите и дедовците од каде им се. Леле живи глупости, од село бил....а од нашиве села, до нашиве градови разликата е неколку жители плус ете тоа единствената разлика, а понашањето можам и да кажам дека далеку подобро на оние поскромните, што растеле во поприбрана средина од колку оние шмизли и фраерчиња од "центар" (да не ме сфатите погрешно, несакам да ги навредам луѓето од центар, нормално дека има исклучоци, само сакам да направам спореба дека тие не се ништо повеќе....и секој нормален би го сфатил ова, оние што прават разлика извините ама ве сместувам во групата сељаци)
Луѓето од помалите места,селца,градови,населби се далеку пофини,непосредни,културни и пристапни,отколку овие покондирените од нашата демек метропола. Нека не те засега тоа.Тој е сељак и мал у душа што рекол така и ги цени луѓето така.Само површен и ограничен човек може така да размислува.
И дечко ми е од село Никогаш ниту сум помислила, леле овој од село, којзнае каков шупак е. Само некои искомплексирани личности можат да зборуваат сељаци ова, она, поради сопствената несигурност. Каков е човекот воопшто нема врска дали е од село или град.
има разлика помеѓу селанец од село, односно сељак од град...или како беше онаа српската: он је изашо из села, али села од њега никад
Мразам да генерализирам, ама последниве 4 месеци на работа се' на тоа ми укажува - производот кој го нудиме на пазарот е нов и скоро никој нема никакви информации за него, ниту како се употребува и како е конструиран. Кога доаѓаат луѓе од помалите градчиња, онака срамежливо, дури извинувајќи се, ги гледам буквално пропаѓаат во земја и си признаваат дека не разбираат, не сфаќаат, па може ли некој да им појасни, и сите, ама сите до еден ми се извиниле што ме задржале подолго во објаснувањето. Фини се, културни и имаат доблест да си признаат кога нешто не им е јасно. А сите од големиов град кој глуми метро-пола, кај не знаат апсолутно ништо како и остатокот од луѓето, па се уште дрски и арогантни, глумат буквално лудило, ми мафтаат со телефончиња на тач и фрчат закани од типот - ќе ве пријавам кај шефот заради неуслужливост. Искрено, не можам да се изначудам од кај доаѓа таа ароганција и болна самоувереност и сила, добар процент од луѓево се во сериозен филм дека ако адресата во личната карта ти е скопска, поседуваш нешто сензационално, па дури и вредиш повеќе од другите луѓе. Се обидувам да си го објаснам овој синдром, засега безуспешно.
Во нецели 2 милиони народ за една држава стигнавме да се делиме и по оваа основа.Алал да ни е.Конкретно кај мене дома мама е од село тато од град.Роднините од страна на мајка ми се срцки невидени, обожавам да сум во нивно друштво, ме релаксираат до максимум.Додека пак овие од градот на секое видување прво ми гледаат од глава до пети, прошушкуваат мегу себе и почнува тоа кој како што.Сакам да кажам дека местото на живеење не го маркира човекот каков е,а и се додека двајца се сакаат ама баш најневажно е кој од каде е.На крај краева може ќе се оделат и ќе живееат на некое сосема трето место. До каде ќе стигнеме со овие сфаќања и поделби по секоја можна и неможна причина..истрагата е во тек...
Подобро сељак со градски манири,отколку граѓанин со селски манири.Ама многу е тешко кога опинок ќе стане чевел.
Срцки сте сите !Јас и немав,немам и нема ни да имам комлекси во врска со потеклото на дечко ми. А и зиво ме интересираше дали ќе коментира некој кој ќе го прифати ставот на оној горенаведениот ограничениот! А оној синдром кој го опиша Трендафилка на работа и мене ми е и тоа како познат и одвратен.
Хм па која ограничена тиква со извинување можела така да се изрази?! А демек сите што сме од град сме градски деца со педигре. Абе ај. Една работа е тоа од каде потекнуваме, а друга како не извајале како личности родителите, средината, ние самите. Ах, некои вакви работи многу ми го дигаат притисокот, дури не можам да поверувам дека сеуште некој воопшто може вака да размислува. Многу ми е криво што во нашата државичка сеуште до голем степен владее она „ама што ќе кажат луѓето, па нели ти е срам“ и слично. Па уште е посмешен фактот што на саат и пол возење со кола и оп - веќе си во друга држава, луѓето имаат потреба да се чуствуваат елитно ако се од град. Баш без врска. Ма каков принц Вилијам, каква плава еминенција и аристократија, луѓево се од Скопје, алооо! Абе секакви не има, а за оние кои вака размислуваат можам само да речам - о за греoтка, немаат попаметни работи кои ќе им ги окупираат мислите па ронат вакви бисери. Априори осудување и класифицирање врз основа на тоа дали е некој од село а дали од град ми е туѓо како поим. Уште повеќе доколку се работи за врска. Оперирана сум од вакво за мене крајно малограѓанско и ограничено резонирање.
ne diskriminiram SUM IMALA DECKO OD SELO nema vrska dali e od selo ili od grad bitno e kakov covek e!!
Преска заборавив да искоментирам А ти ова нешто ко истражување си правела или? статистика како иде? колку со колку? според кој процент потврдуваш? ме заинтересира ептен п.с не се лути, се зезам малку, за остнатиот дел од постот апсолутно си во право, ама вакви испади веќе не Мислам, ако размислиш логично зошто некој од Кадино би имал поголем пе*ис од некој од Лисиче....поради 10те километри???
mi se dopadja muabetov bas me iznasmea alicalnwonderland sekoja cest ! [mod-kirilica:2a0f8z85][/mod-kirilica:2a0f8z85]