1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.415
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека во село животот не може да биде убав? Баш напротив.
    Ако имате добри работи и солидно заработувате ке можете да си дозволите се' што би можеле тие од град. Може ке ти биде потешко, нема да ти биде до газ работата, ке патуваш 10-15 мин., ама понекогаш мора жртва да се направи. АКО навистина сакате. Ако не, подобро ич не оди само да го обвинуваш подоцна и да се жалиш и да си го уништиш бракот.
     
    На Annath, Abeja, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  2. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Темава ми буди нагони да се обесам. Градска девојка:rofl::rofl::rofl:

    Каролина Херера на точење и неќам дечко од село.

    Девојки, ништо против вас :*
     
    На azelea, PinkGirl*, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Оти така маче? :wasntme:
    А граЦки дечко со селска девојка, зошто нема таква тема?
     
    На Annath, kikikikirika и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  4. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Оти по дифолт ќе се бесам и на неа. Оти вредностите се мерат по какви чевли се носат. Жал ми е што Тесла струја измисли. Ние сите сме за во пештери.
     
    На Indiegurl, Annath, zuto и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некоја ќе се нафати да живее во куќа со катастрофални услови, да оди во полско веце, да се бања со тенџериња, и др. Тука џабе е љубовта. Некои се научени на убав живот. И зошто жената да прави жртва? Зошто мажот не се жртвува?
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Сериозни сте со муабетиве? :headbang:
     
    На Annath, buba4e89, thequeen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.415
    Пол:
    Женски
    Морате да најдете заедничко решение за да ви биде убаво и на двајцата. Крај краева друга опција ви е да штедите пари, или кредит да земете и да си купите стан или под кирија да одите, ем никој нема да ви се меша дома :) . Ни ти, ни тој нема да се осеќате понижени. До тогаш секој нека си биде дома. Јас така би направила, ако стварно толку тешки услови за живот има кај него.
     
    На Dust и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Јас си го завршив моето. Коментирав за членката. Очигледно е дека дечко и има заостанати сфаќања. Уште сега и ги поставува условите. Следно ќе биде да ги слуша неговите за се и сешто и да биде безгласна буква. Има луѓе со заостанати сфаќања.
     
    На cresa-jagoda и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Сега луксуз е да се живее во село. Селата се поубави од градовите. Да не се залажуваме в село освен парк и куче или маче никој нема повеќе, нормално ако не сака. После работен ден со многу луѓе убаво би дошло релаксирачко попладне во природа. Зависи како секој го доживува селото и колку е одалечено од градот
     
    На Abeja, Dust, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Така не учат од дома.
    Не оди ќерко во село, ќе се мачиш цел живот.
    Кај го најде баш тој од село.
    Леле, тие во тоа место зли луѓе се, немој од таму дечко.
    Абе ти факултетски образована, тој без факултет. Најди си лика и прилика на тебе.
    Да си најдеш ќерко некој со куќа, да не му ја мислиш кај ќе живееш.
    Ќерко богат да си најдеш, цел живот госпоѓа да бидеш.
    И слични такви глупости.

    Тука се и машките што бараат домаќинки, па одма тргнуваат комплекси ако девојката има поубава работа од тебе. А тек па ако почне повеќе да заработува! Наместо да гледаат луѓето да им е убаво...
     
    На theowndemon, Annath, zuto и 12 други им се допаѓа ова.
  11. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    66.415
    Пол:
    Женски
    Извини јас те помешав со членката што го поставила прашањето затоа тебе ти одговорив, дека ти SummerGirl, таа SunnyGirl. :D
     
    На Dust, SunnyGirl2 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Ај да се надоврзам со свое мислење...

    Не се живее од љубов, но и без љубов и хемија не бива, според мене.
    Затоа сметам дека доколку двајца партнери исто или приближно исто размислуваат, газат, се однесуваат- за нив нема препреки, ќе наоѓаат решение за се.
    Некогаш едниот ќе го создаде балансот, друг пат другиот, и се така.
    Станбеното прашање е и те како голем проблем, и тука сметам дека треба гордоста да се симне, да преовлада разумот и да се одбере најдобрата и најпрактичната опција.

    Лошо е кога партнерот е врзан со домашните. Кога цел живот сите средства одат на купче и накрај кога имаш потреба од финансии кнап ситуација, зошто нели како дошле и пошле.
    Лошо е кога партнерот е навикнат на банда без команда, растел во семејство каде немал љубов, каде немал ред, не се знаело кој носи кој јаде кој пие кој плаќа, различни причини- но со негативно салдо.
    Лошо е ако потекнува од попримитивна средина која влијае на него, на неговиот речник, образование, начин на живеење, не е важно дал ќе се исшколуваш, кое е нивото/репер за солиден дом за домување.
    Лошо е ако неговите најблиски се навистина со закоревени гледања, да се нон стоп трачари и бери туѓо гајле додека своето тоне, да си даваат право се и свашта да прашуваат, коментираат.
    Најлошо е да се повторат грешките од родителите, која е смислата на животот ако вртиме во круг и нема напредок? Која е смислата да се сопнуваш на ист камен?

    Мислам дека секој ќе избега од ваква средина, а и љубовта ќе пукне.
    Добро ќе биде да партнерот успее да избалансира, доволно добро да се држи настрана, но сепак мора да има во глава јасна визија што сака од себе, од својот живот, и да го одбере тој пат.
    Заробеноста убива, не може со сила да се влечат некои конци, од друга страна ниту изборот не е решение, но затоа сметам дека стабилното и сигурно определување за личните цели ќе го создадат сами патот.
    Не велам да се откажат од своите родни краеви ниту од најблиските, но мора да е јасна границата во секое ниво од дејствување.

    Сензитивна тема е семејството, во потесна и поширока смисла. Знам дека не е ова темата- семејство, но тој партнер има семејство позади него, има свое минато и средина во која растел и која има директно или индиректно влијание на него и неговата личност.
    Е тие се сензитивни теми на кои треба да се гледа со сериозност и апсолутно да се решат со време.
     
    На azelea, bebaa, IronLady и 5 други им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Абе и војвоткана од Кембриџ живее во палата, па дискутабилно е колку е среќна
     
    На Annath, RoseRain, IronLady и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Сериозно ли нема струја во селото на дечково или преувеличување беше тоа со тенџерињата?

    Живееме во Македонија, а не во Африка, во повеќето села може да се живее удобен живот исто како во град, само многу работи ќе бидат на околу 15 минути возење.

    Не е проблемот животот во село, туку застарените сфаќања на дечкото. Ти имаш опремено живеалиште во центар на град, блиску до продавници, болници и слични важни институции, а он има куќа за реновирање во оддалечено село со сомнителна развиеност и сега вие треба да живеете таму бидејќи неговата машкост е кревка и понижување му е да живее кај жената. Јас не би. Размисли си добро дали можеш да прифатиш таков начин на живот .
     
    На Annath, sparklie, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Па јас не знам за какви села вие зборите, ама селата околу мојот град се катастрофални за живот. Немаме села ние како во Швајцарија,оти имав шанса да посетам неколку и поубави од нашите градови се.Таму од мерак би одседела цел живот.
    Што се тиче нашиве, добар дел од нив немаат канализација уште во 21 век, асфалт е мисловна именка, дувне ветар струја снемува, кал насекаде, смрдеа од стока.. Како сакате сфатете ме ама ја не би се нафатила на тоа,ма колку и да го сакам.
     
    На m.i.g, cresa-jagoda, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не се сите села катастрофални, некои навистина напреднале и имаат убави викендици. Да и јас мислев дека село е место каде има стари куќи и полско веце, ама што ќе си видиш со свои очи и ќе се увериш.
    Зарем мислите дека не сте се капеле со тенџериња како мали, па тоа беше богатство и детство.
    Вашите баби и дедовци така се капеле и оделе во полско веце па со гордост го раскажуваат тоа.
    А таа смрдеа од стока што ја нарекуваш те храни иначе на трева не можеш да преживееш.
    Какви ви се овие муабети, куќа се гради постепено и веце и вода ако се сака.
    Ако девојката сака сигурно нема да се пофалат со снаа во распадната куќа.
     
    На Annath, Abeja, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Јас ако ги слушам моите и правам се како што ќе ми кажат, за некои работи за кои ме советувале ако сум ги направел во најмала рака до сега затвор ќе лежев. Јас уште сега сум им рекол на нив дека може да ми даваат совети, а мое е дали јас ќе ги прифатам или не. Инаку сум им рекол и доколку во иднина не им се допаѓа девојката со која би бил заедно, да си молчат и да си го чуваат тоа за себе. На крај пак јас со неа ќе живеам ако мене ми се допаѓа таква каква што е тие нема зошто да ми се мешаат. Од друга страна родителите секогаш знаат да мрчат за се и сешто така да тие нека мрчат ти терај си го животот како што ти одговара.
     
    На cresa-jagoda, Dust и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот само местото. Очигледно е дека дечкото не може да се оддели од цицката на мајка му.
     
    На cresa-jagoda и RoseRain им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Муабетов дека и во село е добар животот, ми звучи исто како муабетот 'Ние сме убав народ'. :drunk:
    Сериозни сте дека и во село животот е убав? Сте биле вие некогаш у село, а тоа да не е познатиот комплекс кај Нерези?

    Прво, патиштата се ужасни, второ целото семејство ке зависи од превоз, трето 30 минути со кола и 10 минути пеш не се исто. Да не збориме дека нема ниту канализација, ниту болница, а не кафиќ или бутик.
    За пола сат со кола и до Куманово, Тетово и Велес ке стигнеш.

    Значи имаат услови да живеат во урбанизирана средина, ама ради егото би требало да живеат во место каде што има кооперација?
     
    На m.i.g, Doozy, Rubiii и 14 други им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Тие села што напреднале, каде што се гради на големо и се вложува во инфраструктура, т.е се модернизираат више не можеш да ги ставаш под категорија села. Прераснуваат во населби.
    Под село се знае што се подразбира. Баш тоа што го напиша и самата. Полски вециња, кал, нечистотија, будење со петли.
    Да,точно нашите предци израснале во таква околина и оделе во полско веце, ама знаеш ли за која временска разлика правиме муабет,од тогаш до сега ?Тие тогаш немале опција за подобро, за разлика од денес.
    Зошто јас во моите дваесети години би сакала да се носам со тоа, покрај комодитетот што го имам?
     
    На cresa-jagoda, oblace1, crimson и 2 други им се допаѓа ова.