1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не зборев за моите.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми беше поентата. Секој сака да живее подобро. Коментарот мој се однесуваше на оние села кај што условите се за никаде. Баш како што ти опиша. А и мислам дека членката мислеше на такво село.
     
    На lovestoneddd и Joi им се допаѓа ова.
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Јас општо напишав нема врска дали си пишувала за твоите, ама тоа што си го напишала држи вода. Има такви луѓе кои се со тој став и што ги делат луѓето на оние од село и оние од град. Ова што го напишав сакав само да се надоврзам на твојот муабет. И знам дека многу ќе се пронајдат во тоа што го напишав погоре.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Најпрво членката да даде детален опис за селото, за условите па и за самата куќа во која што дечко и сака да живеат. Не е исто село со 50 куќи две продавници, еден автобус на 2 саата, и село со 800 куќи со пошта, бутици, кафичи, маркети и слично. Посебно да се наведат основните услови за живеење, вода, струја, патишта и слично. Па после ќе даваме совети како што ;)
     
    На theowndemon, ane.bella, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Градска девојка фати дечко од скопско село.
    Нејзините неможеа да ги разделат, и збореа како нема да може да опстане со него, ама таа отиде бегалка.
    Наредните месеци и беше бајка...нејзините се помирија, се спремаше свадба, таа остана бремена...со еден збор, тоа беше нејзиниот живот од соништата.
    Но штом заврши свадбата, свекорот, свекрвата и маж и се вратија на поле да работат.
    Неколку недели таа уживаше дома, се додека не почнаа да и подговараат дека само седи и не придонесува ништо во домот, значи мораше да готви (понекогаш и за аргати) и да носи храна на нива.
    Е, тогаш почнаа циркусите.
    Завршија со нејзино враќање во ,,цивилизација,, сосе бебето.


    Асфалтот и нивата не се едно исто.

    Ако решиш да имаш сериозна врска и донесеш одлука да живееш на село, треба и да си спремен на тоа.
    Не го потценувам селото, напротив, се воодушевувам од нивната едноставност и работливост.

    И...ќе речете-само врска е тоа.
    НЕ ! Секоја врска може да премине во брак и тоа во секој момент.
    Ако не си девојка која може да одговори на обврските и животот на село, тогаш мора да ставиш прст на глава
     
    На baby-star, theowndemon, sparklie и 14 други им се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Exactly. Mислам дечкото нејзин се води според она боље прв у село,него последен у град :D Таму е неговата комфорт зона и таков нема да смениш никогаш.
     
    На Joi и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Може не е тоа проблемот, може сака да живее на село.
    Од град бегаат во село и обратно.
     
    На Antolinaa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Зависи од условите. Он уште сега и кажува како она треба да живее. Не е на арно. Очигледно е дека тој е навикнат на таков живот, а она тешко дека ќе се навикне.
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Е не се слагам со голем дел од пишаново.

    Испаѓа ко во друга држава да живеам.

    Селата во моја општина сите имаат добри патишта, сум била скоро во сите, не зборам од рекла казала муабети.

    Имаат канализација, имаат водовод, имаат струја, не греат топла вода со шерпи и лонци. Некои имаат 1 продавница, некои 2,3,4 зависи колкаво е селото.
    Имаат и кај да пиеш кафе. 3-4 кафулиња за седење има кај дм.Дечко ми е на 10 мин. од градот со кола. Таму има каде-каде подобри услови, отколку голем број на луѓе што живеат во центарот на градот и се тискаат четворица во 35 квадрати, ама битно се во центарот.

    Од селото каде што сум, со мерак одам, со мерак седам.
    Селата така се фино средени и дотерани, постојано се градат куќи бар во последниве 4-5 години. И тоа многу плански и урбанизирано за разлика од тука.

    Радо би поставила слики, ама не сепак ќе се воздржам поради приватност.
     
    На bittersweet, theowndemon, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Немој да мислиш дека немале подобра опција. Имале но немале финансии.
    И тогаш имало згради но тоа било луксуз кој не можеле да си го дозволат.
    Не може село да стане населба.
    А како второ село не подразбира тоа што ти го наведуваш полски вециња, кал, нечистотија. Јас по педантни луѓе од тие со село не сум видела. Село денес подразбира цивилизирана куќа со двор и чување домашни животни, одгледување зеленчук.
    Може немаш живеено во село, но не можеш да кажеш дека е нечисто.
    Луѓето на село се повоспитани и почисти, за разлика од луѓето во град. Се разбира постојат исклучоци и во двете категории.
    Твој е изборот дали ќе се сносиш или не, никој не може да те натера.
    Овдека дискутираме дека некои имаат погрешна слика за селото.

    Па бидејќи бара совет тешко. Не е страшно село, помирно е поубаво е, почисто, чист воздух нема галама ама за вистински уживатели. Е сега некои не сакаат село.
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2018
    На bebaa, Dust, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Тука се мисли на оние села што се во планина каде што нема елементарни односно основни услови за живот. Таму може и волци и мечки да те изедат и никој да не примети. (fingers)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Тие денес се гарант напуштени.
     
    На VictoriaSan и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Точно.
    Кога ќе се спомне село веднаш се ствара слика на кал, крави и маалска кооперација.
    Не дека нема такви села, ама да бидеме реални, тоа се веќе рурални средини каде опстојува претежно старо население, младите се исселени.

    Ама, село е село.
    Нема молови, нема плоштади, нема кејови, нема булевари, нема пица сервис...
    На село животот е подруг.Побавен.Помирен.
    Нема динамика.
     
    На Doozy, Rubiii, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Еве во селото каде што живееле дедо ми и баба ми имаше 30 куќи и тоа е такво село во планина. Денес има 4 куќи во кои живеат околу 16 луѓе од кои скоро половина се млади луѓе кои немаа услови да си заминат од таму. И дали некоја девојка од град би се решила да оди да живее таму? Се сомневам искрено. Затоа убаво напишаа погоре од село до село има разлика.
     
    На Joi и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Дечки... ај малце да бидеме реални и да ја фатиме таа практична средина меѓу снобизмот (расизмот :rofl:) и идеализирањето.
    Воопшто не сум за дискриминација според потекло, ама не можеме да речеме еве на пример проблемот на @SunnyGirl2 дека не е реален и дека девојката дискриминира.

    Искрено, јас не би одбрала просечно македонско село како постојано место на живеење. (Потенцирам македонско затоа што во нашата држава со нејзиниот степен на развиеност, реалната слика за поимот село е сосема подруга од онаа во поразвиените земји. Да не се залажуваме побогу, од убавина ли се селат во странство и купишта луѓе и од помалите па и поголемите градови, а што останува пак за селата?)
    Не би сакала да живеам од земјоделство и сточарство, и во такви доста тешки услови какви што се реалност во повеќето македонски села. Сум учела/учам за интелектуална работа и таква сакам.
    Исто така, важна ми е близината до разни објекти и институции што ги нуди градот.

    Така што, воопшто не би ми пречело потекло од село на дечко, ама на некој со лично развиени сфаќања за 21 век и некој што има намера и амбиција животот и дејствувањето да го продолжи во градски услови.
    Секако, да потенцирам - зборувам лично за мене. Секој со својата флексибилност и размислување, ако на некоја друга не ѝ пречат дури и вакви поразлични околности како горенаведениот пример на членката - мене па нејзиниот избор уште помалку.
     
    На Doozy, cresa-jagoda, Dream-Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека некој млад човек сака да остане во некоја рурална забаталена средина, освен оние што доживотно си ја носат папочната врвца, па не им се оди ради мама и тате, а не ради лепотата на селото.

    Колкава сака нека е љубовта коа ќе се соочиш со реалните проблеми нема да ти биде баш до љубов дојдено. Не знам еве колку е фино дете сред ноќ да крене температура а ти да мораш со теренско возило по кал низ брда и долини да се возиш. Ова за најруралните места.
    И во нешто поурбанизираните не е така фино за живеење, ретко кај има аптека, амбуланта, маркет 1-2 со цени до плафон пошто нема конкуренција, итн итн.
     
    На m.i.g, Doozy, Rubiii и 13 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Епа дали се пожалиле тие дека не им е убаво?!
     
  18. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Не знам какви се села има во државава, но ете јас живеам во село. Сите патишта се асфалтирани, имаме големо училиште, пошта, болница, 4 кафичи, три бутика и два ресторана. Имаме буквално се што ни треба. Така да зависи од село до село. И се согласувам со мислењето погоре, членката да каже за какво село поточно се работи за да може да ја советуваме.
     
    На ane.bella, Abeja, VictoriaSan и 8 други им се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Па и да се жалат и да не се жалат исто им се фаќа. Кога немаат услови да си заминат, не им преостанува ништо друго освен да живеат таму. Жално е што не сме информирани за некои работи во државата, поради тоа што ТВ каналите не трујат со други работи кои не се важни ниту да се споменат.
     
    На buba4e89 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Ова е за мене село, во кое не би можела да живеам сега.


    Можеби би живеела да сум таму родена и научена на таков живот, ма да секој бега од калови, стока и земјоделие, дали во град дали во странство. И баба ми и дедо ми се од скопско село, па се земале и избегале во град. За во строг центар можеби немале пари, ама на неколку км до центарот се населиле.
    Приградска населба е веќе нешто друго. Има превоз редовен, вода, струја, канализација, асфалт, двор, шума, дрвца, бавчичка, зеленуло малку е подалеку од центарот ама тој мир и таа убавина не се менува со центарски асфалт.
    Девојката мислам баш за типично село збореше дека неќе да искочи од таму момакот. По описот у глава ми е мариово...

    Edit
    @kikikikirika moze ubava rab da se rab i vo selo ako zivees da, samo stiklite vo race da si gi nosis do pred rabota kade ke gi sobleces cizmite so kalovi. Zborime za klasicno selo, kade sto se gree voda za banjanje vo tendjerinja.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.