Градска девојка со дечко од село

Discussion in 'Врски' started by Theodora, Jan 26, 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,123
    Gender:
    Female
    Не може исто да се фаќа ако веќе не се жалат.
    Инаку заборавив да кажам дека и јас се слагам дека од село до село има разлика.
     
    SummerGirl likes this.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,258
    Likes Received:
    39,686
    Gender:
    Female
    Па не виделе поарно,зошто да се жалат? Што се тиче миграција на девојка на релација град-село, пак ке напоменам има разлика од село до село ( иако реков што подразбирам под село ) , тешко дека тоа ке опстане подолгорочно,посебно за некоја што е родена и израсната во град. Лесно е човек на убаво да се навикне,а на спортивното малце потешко, што знам и доста примери слични како оној што го даде @referentka
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,717
    Gender:
    Female
    Селата кои се блиску до градот се развиени, ама како што спомнале погоре, тоа не се села во вистинска смисла на зборот, туку населби. Девојката пишала дека со кола се стигнува за 30 минути, значи збориме за далечно село, и прилично сум сигурна дека има една продавница со оскуден избор на производи.

    Јас во селата во кои сум била немам видено кафуле, туку кооперација во централниот дел од селото и околу куќи. Точно е дека во речиси сите села има струја и вода, ама канализација нема.

    Во контректниот пример, не станува збор за станче каде што би живееле 3 генерации, туку многу подобри услови, меѓу кои и живеење во град.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,123
    Gender:
    Female
    Јас познавам блиска роднина што се омажи во село кое што беше пред пропаст, со кал и нечистотија како што ти нарекуваш, кое денес доста напредна. Има канализација,вода,струја, продавници,школо,ќафичи,ресторани итн.Овде има членки кои што се од село и мислам глупо е така да ги категоризираме како нешто ужасно. Луѓето во селото што го наведе Раф можеби виделе ама немале услови за град. Инаку мојата блиска роднина во ниту еден момент не помисли да се врати во градот кој е родена.
    Сакам да кажам дека ако го немате почувствувано мирот кој го нуди селото ништо не знаете.
    Едно е да читате од книги а сосема друго е да видите сами.
    На крајот секој е различен. Ова е само дискуција, а не терање некој некаде да се сели.
     
    Dust, RAF Camora and SummerGirl like this.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2018
    Messages:
    1,576
    Likes Received:
    10,984
    Gender:
    Male
    Ова е пример од таму за еден дечко моја генерација. Цел ден работи по нивите и кога ќе дојде дома гледа само креветот да го фати бидејќи е уморен . Станува рано и повторно истата приказна од почеток. Тој и самиот вели дека нема услови да замине , а од друга страна не сака да ги остави неговите бидејќи сами не можеле да фунционираат. Едноставно тој се грижи за нив. Многу такви млади луѓе тоа си го разбрале како да им е судбина. И истото што ти го напишав погоре ми го кажа и дечкото: Кога немам услови да си заминам задоволен сум со тоа што го имам, плус и не сакам да ги оставам моите сами -тоа се негови зборови.
     
    Dust, SummerGirl and buba4e89 like this.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    12,004
    Likes Received:
    143,670
    Ej... jas u selo ke se selam...upm. shvaler jok a?
     
    Annath, Antolinaa, Purelove92 and 2 others like this.
  7. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Joined:
    Oct 2, 2012
    Messages:
    2,954
    Likes Received:
    18,276
    Селото од каде што потекнувам јас е на максимум пола саат возење од дома. И не го сметам ич за далечно село. Околу 18 км е далеку од куќата каде што живеам. Има се од тоа погоре што напишав и има луѓе. Пред година дена,2 фамилии со деца ( првачиња се мислам ете + 1/2 години да се постари) продадоа се што имаа во градот, купија куќа таму. Имаат и телевизија, интернет, вода, се најнормално.

    Родителите работат, патуваат до работа. Децата идат после школо во дневен престој, исто како и кога би живееле во строг центар.

    Денес луѓево ( бар тие околу мене) строго избегнуваат центар и гужви. Сакаат да живеат на мирно место. И во светов повеќе мигрираат кон села ( ете океј се поразвиени од кај нас признавам), ама само кај нас е во мода што поблизу до центар да си. Тепачки за асфалт и бетон да се гледа.
     
    Annath, Dust, crimson and 2 others like this.
  8. Harper

    Harper Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2018
    Messages:
    686
    Likes Received:
    7,953
    Gender:
    Female
    Некои претеравте, ама стварно. Не збориме за села до кои се доаѓа преку брда и планини. Уште да пишевте дека можно е дури и White Walkers да излезат навечер |(.

    Не оспорувам дека постојат и такви села, ама во мојот град, таквите села претежно имаат 0 жители или па по неколку старци кои живееле цел живот таму. Не верувам дека млад брачен пар со деца би се нафатил да живее во такво село.
    Да живееш во село, не значи дека по дифолт ќе се занимаваш со земјоделство и ќе одгледуваш крави.

    А селата во кои има жители имаат и канализација и продавници и интернет и телевизија и превоз и се што го имаме ние во градот. Имаат се што е потребно за нормален живот. Селата кои се населени имаат и амбуланти, училишта, пошти итн.
    Е сега, нема молови, ама до нив ќе стигнеш со 20-30 минути возење. Ама молот не ти е неопходен.

    Јас би се нафатила да живеам во такво село. Баш е убаво после напорен ден на работа да одмораш во природа, убаво е да спиеш на раат и да дишеш чист воздух.
    А тоа не значи дека не би живеела во град.

    @SunnyGirl2 Размисли убаво сега, зошто животот не е еден ден. Доколку станува збор за село како првите, бори се, направи се што можеш за да го убедиш да живеете кај тебе, во подобри услови.
    Доколку станува збор за село како вторите, зошто да не. Сепак на крај, ти си таа која одлучува.
    Ама штом сте дошле до размислување за брак, сигурно не станува збор за врска која туку-така можеш да ја отфрлиш.
     
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,717
    Gender:
    Female
    Ама овде збориме за конкретен случај, пример твоето село е средено, сум била и јас во такви села, што би се рекло живи села, има и млади парови и деца, ама таквите села на прсти се бројат. Најголем дел од селата каде што сум била имаат една главна улица и земјени улички, од таму и идејата за кал.

    Девојката спомна дека 'вода се топли во тенџериња за капење' па од таму и ми е претпоставката дека правиме муабет за село кое не е идеално за млада личност. Зборам за личност која работи во град, личност која е навикната на асфалт и урбана средина.

    Според мене, село кое е толку далеку, веројатно нема редовна линија, туку автобус има на еден саат, друга опција е кола (па дали умее да вози, дали имаат финансии за две коли итн.).

    Сума сумарум, сметам дека при услови за живот во град, потешко е да решиш да живееш на нива, да палиш огин и да си ги комплицираш животот. Да не заборавиме дека во оваа куќа има свекор и свекрва, а можеби и баба и дедо. Јас таков впечаток стекнав од напишаното, нека ме поправи @SunnyGirl2 ако сум грешка.
     
  10. shz

    shz Форумски идол

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    6,296
    Likes Received:
    51,001
    Gender:
    Female
    Не значи дека е од село и работи на ниви или пасе овци, кози. |( По селата колку убави куќи има, дворови, си работат во град, си имаат добра работа.
    Не се сега селата како во старо време, сега се модерни имаат продавници, вода, струја,интернет итн.
    Важно пред се да имате разбирање, љубов, а село или град не е важно.
     
    buba4e89 and Antolinaa like this.
  11. ilyan

    ilyan Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2015
    Messages:
    1,865
    Likes Received:
    19,437
    Gender:
    Female
    Зависи во кое село. Има села кои се надвор од цивилизација има и урбанизирани села.
    И јас потекнувам од село и тоа Тетовско, има прости луѓе како и на секое друго место, извинете вака ама рална сум, ама моите родители не ме растеа по тие селски манири, тие се вработени, ме образуваа, шетав во урбани сеедини, одев по одмори и живеев живот шти пола од градскиве фаци , што се им е блиску не можат да замислат.
    Е сега се омажив во не баш центарска средина, пак живеам комотен живот, со убава работна позиција и изнашетана фала богу.
    Боље прв во село, него последен во град. Многу мразам што кога ќе се спомне поимот село ведаш се генерализира како во село си осуден на мизерија. Се зависи како ќе го организираш животот , колку ќе работиш на себе и како ќе се снајдеш, џабе да седам во строг центар ако рмбам во продавница и преживувам со 15000 ден. плата , нема да гризам од булеварите и плоштадите, шо дека има достава на пица ако немаш пари да купиш.
    И да се осудам да идам во селски клозет, да се потурам со црпка и да живеам класичен селски живот, не фала. Би се осудила да се мажам во село, ама сопругот да има амбиција за напредок во животот и да биде опен мајнд и флексибилен во одлуки за подобрување на животот, а некој сељак што виси пред коперација и треска пиво цел , ден малку потешко дека би прифатила.
    Се зависи од човекот, ако си туп и глуп, во Париз да те пратат со 1000000 евра у џеб, ќе пропаднеш како југословенски динари, ако си способен и "опулен" , без скршен денар и во село човек ќе станеш.
    Нити се живее во град без пари, нити во нецивилизирано село само со љубов....
     
    Last edited: May 16, 2018
  12. Mishela

    Mishela Модератор Staff Member

    Joined:
    Aug 19, 2010
    Messages:
    19,401
    Likes Received:
    82,100
    Gender:
    Female
    Не се селата како некогаш, ама на прсти се бројат поурбанизираните сепак.
    Не е ни секој човек способен да живее во таква средина и тоа во случајов е најбитно. Не е за пасењето овци, ете нека биде и фриленсинг „занимањето“, мене на пример би ме убила во поим тишината.
    Сакам динамика, сакам гужва, сакам луѓе.
    Тоа по аналогија не значи дека „се тепам за асфалт“, туку едноставно не се пронаоѓам во таква средина.
    Плус, да гледаме малку пореално - не секој има кола, за да може да си дозволи да возика до град кога било или да се остави да чека автобус или такси за да однесе дете итно до болница.

    А се сомневам дека некоја би заминала да живее во село, град, куќа, каде што ќе треба да грее вода за да се замие после работа. Или да остане со партнер кој од авион се гледа дека нема аспирација да го подобри квалитетот на сопствениот живот, па тоа е поразително за самиот себе.
     
    Last edited: May 16, 2018
    Doozy, oblace1, cresa-jagoda and 6 others like this.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Joined:
    Mar 29, 2012
    Messages:
    3,266
    Likes Received:
    70,865
    Не знам вие каде живеете, ама во градов мој 90% од местата што се рачунаат за села ги имаат истите услови како и во градов... Останатите 10% се планински села со по 0 постојани жители...
    И местово кај што живеам е село, па ништо не ми фали
    Се' е до личната перцепција и желбата за прилагодување на патот до среќата
     
    EuHenIa, buba4e89, IronLady and 5 others like this.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,903
    Likes Received:
    39,300
    Gender:
    Female
    Штом членката напиша греење вода во тенџериња, мислам дека се е јасно. Се знае за какво село се работи. Не верувам дека некоја ќе се нафати на таков живот. Таму имаат и заостанати сфаќања. Жената да седи дома и да чува деца, да ги слуша свекорот и свекрвата, и др. Од искуство пишувам дека условите таму не се идеални. Секој сака подобро.
     
    EuHenIa, kim.k, ane.bella and 4 others like this.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    6,164
    Likes Received:
    14,126
    Брее, ама ги направивте селата ко божем младиве копаат по ниви, молзат крави и слично. Колку знам што живеат во Стајковци, село е да, но си тераат нормално, не топлат вода во тенџере, ги имаат сите услови. Мислам глупости.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,903
    Likes Received:
    39,300
    Gender:
    Female
    Верувај дека има и такви села. Особено во внатрешноста. Жени ораат, копаат, молзат крави, садат, и др.
     
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    6,164
    Likes Received:
    14,126
    Добро, може да. Моја школска се омажи во едно село во Прилеп и садат тутун фамилијарно сите, значи типично село. Ама еве има села во Скопје што имаат услови и не копаат, ораат.
     
    buba4e89 and SummerGirl like this.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,903
    Likes Received:
    39,300
    Gender:
    Female
    Во право си. Ама членката си кажа дека условите не се идеални. Очигледно се работи за затуцано село. Таму не гледам иднина. Маж ми потекнува од такво село и самиот кажа дека таму нема успех. Повеќето младите си заминаа.
     
    Black girl likes this.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,988
    Likes Received:
    174,476
    Gender:
    Female
    Смешки прочитав наназад:D

    Па луѓе ако не сакате вода во тенџериња да греете, инвестирајте во бојлер.. ги има од 4000 денари па нагоре... мислам 4000 ден не се проблем за еманципирана, високо образована жена со сопствена плата..ако веќе мажот нема финансии..
    Ако се проблем, еве јас ќе донирам бојлер за мир и љубов во куќа:)
    Барем струја има секаде :)

    Од друга страна па ќе речам ... викендичката кај Марков Манастир ми е 25 мин од Центар.. членката пишала 30 е неговото село..
    Да стигнеш до Јурумлери, Идризово па дури и Петровец исто толку ти треба време..
    Па до едно Драчево да стигнеш ти треба толку ако заглавиш само мааалку во сообраќај..
    Е тоа е за Скопје..
    Арно ама за Берово да речеме, за 30мин ќе стигнеш и до Делчево а не па до околните села..
    Мнозинството села не се баш урбанизирани, немаат по 5 бутици и 5 продавници, асфалтирани се мнозинството од патиштата... Е сега.. за во "цивилизација" т.е за до Берово, Делчево или Пехчево им треба 20-30 мин..
    Притоа квалитетот на живот не може да се спореди со тие села во Скопско.. Но и покрај тоа, јас немам видено некој да топли вода за бањање во тенџериња.. гледам некои селски куќи веќе и соларни панели поставуваат, а не па да топлат вода..
    Па да знаете во какви непристапни предели имам отидено по бачилата и планиниве, офроуд аватура со џип...стигнуваш таму и гледаш сосема солидна куќа со соларни панели, со соларно за вода, со вода спроведена до чешма во кујна..а е на крај на светот што се вика..

    Друго... секој треба своите приоритети да си ги постави во животов, а не да дојде работава пред веридба па да си ја чукаме главата од ѕид.. Додека сме во врска со некого, наш неуспех е ако не дознаеме какви планови има за иднината.. Не може после години врска, јас да не знам дека ( на пример) дечко ми сака да живее на планина, да чува крави, овци и кози и да не се пресели во Џеваир кај што го чека сауна, базен, фитнес центар и што ти не..Тоа не можете да ме убедите па што сакате речете..

    Ако со тек на годините не се пронаоѓаш во неговите планови за иднина, фер е да го пуштиш човекот да си најде некоја што се пронаоѓа во такви услови..

    Кокошките несат јајца, а богами слатки се печени..
    Кравите даваат млеко и во просек 1 теле годишно..
    Овците даваат млеко и во просек 1.5 јагне годишно ... некои сорти и 3..
    Козите исто даваат млеко и скоро 2 јариња... не ми е целта да ве едуцирам за сточарство:D

    Муабетот ми е, ако мажот е вреден, нема ни да дозволи жената да се плетка околу стока на село, ако си има своја работа..
    На крајот на годината, козите овците и телињата на мажот ќе донесат 2до3 пати повеќе приход во домот, отколку платата на жената..
    Оваа математикава од погоре дека некој се фати за финансиите и љубовта..дека од љубов не се живеело..

    Можам само да кажам дека од мрза не се живее... од се друго барем ќе се преживее. А ако сте упорни малку, може и ептен солидно да се живее..
    А колата под гз и од кое сакаш село биди, за 30 до 40 мин си во најблискиот град каде што можеш и од пиле млеко да купиш..

    Да резимирам...
    Памет во глава додека сте во врска..
    Памет во глава кога ќе решите да напуштите некого само поради тоа дека сака живот на село
    И памет во глава при избирање на следниот партнер... се надевам дека од грешките ќе научиме..
     
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,338
    Likes Received:
    18,234
    Gender:
    Female
    За членката која ја поттикна дискусијава.
    Бидејќи не бев сигурна дали добро помнам или сум ја помешала со друг член и' ѕирнав низ мислењата и да, таа членка е, која секојпат во „што би му кажале“ има само погрдни зборови за него, која бараше совети за дали да остане со типот кој насилно без причина и го удирал миленичето, и на крај испадна и дека се само 6 месеци во врска, од кои само 10 дена заедно, а другото на далечина.
    Мислам, шта речи, шпанска серија со турски преобрт, и сега на крај ова со згреана вода во тенџериња.
    На крај, секој со свој памет и свои одлуки, ама малку е очигледно дека нема што да се решава тука, или јас трипам? Па, кој би сакал да живее со таква личност (каква што таа сама го опишува), и тоа во такви услови?


    За остатокот од темава, апсурден е целиот концепт.
    Сѐ се сведува на тоа кој каква личност е и со какви амбиции, а не од каде потекнува.
    И, има разлика од село како приградска населба, каде е сѐ исто како во самиот град, освен што ги нема трговските центри, болниците и слични установи, и запуштено планинско село без елементарни услови.
    Се чини дека многумина при споменување на село помислуваат веднаш на ова второто, и во такво секако дека никој (?) не би сакал да преживува - зошто живеење е мисловна именка, но кога се работи за првата варијанта на село, таа е реалност за огромен број луѓе и во неа нема ништо лошо (ок, се уште има места каде не се сите улици асфалтирани и нема одвод и сл., но тоа е друг муабет, кој не е од круцијална улога).
     
    ane.bella, blackwave, oblace1 and 9 others like this.