1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Си правиш убава куќа, совршена... работите онлајн. Уживате у чист воздух и тишина. Заработката е околу 1500 еу месечно. Одиш до град на шопинг. На кафе. Пиеш пиво и сфаќаш дека у двор имаш скара. Викаш друштво уклучуваш видеобим со спорт и јадете скара и пиво. Седиш на лежалка лулашка и пиете кафе на отворено со пријателката на мир...

    Епа ако го има ова одма мажи се у село. Плус ако фатиш швалер ќе бега низ полето нема да се отепа од 7ми спрат
     
    На EuHenIa, Annath, blackwave и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    18.001
    Kaков швалер у село ма? Да се уцапа у каките?
     
    На Annath и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    За добар секс ќе скока преку каки ако треба. Од љубов абер да се немало цццц
     
    На Annath, Antolinaa, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И мене тоа ми падна на памет :?: барем струја има секаде. Тоа што топли вода во тенџериња апсолутно не е проблем со селото туку со мажот. Болјер е барем евтино да купиш.
     
    Последна измена: 16 мај 2018
    На Annath, blackwave, Antolinaa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Мои роднини живеат во прилепско село, земаат по 30 000 евра годишно од тутун, ама пак користат полско вц и се бањаат со потурање.
    Немаат пари да купат бојлер и вц шоља?

    До луѓето е и нивниот простилук и примитивизам, а не до селата.
     
    На jacqueline.s, Doozy, blackwave и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.691
    Пол:
    Женски
    И јас и сопругот сме градски деца од стари градски фамилии,и јас никогаш не би живеела во село.
    Нека личи колку сака на снобизам,но јас сум растена во град и тешко би ми било да менувам средина ,и мислам дека е најфер секој во врската да си ги размисли сите опции.

    И тие што се растени во село ,селото им е убаво,но мене не ми е,тоа не се села ко во Германија,тоа се сепак рурални средини,кај кои секои избори молат да им се асфалтира пат,со една ,две продавници, пред кои мажи пијат пиво,исто толку кафиќи,многу често мирисаат на ѓубриво за нивите,кокошки,прасиња,говеда,а можности за културен и социјален живот нема,па да не ги идеализираме селата како примамливи места за живеење.

    Имаме пријатели кои си отидоа од град во село да си живеат,нели воздухот ,природата и слично,но сега проблем ,керката има 16 год ,сака да се дотера и да излезе,во селото само еден кафиќ каде се собираат сите,училиштето е подалеку треба да патува ,и искрено дебело жалат и ја продаваат куќата со се земјата што ја купија.
    Имам братучетка која се омажи во село, не работеше на нива,ама секојдневието ја уби ,наместо да се излезе на кафе викаше јас пијам кафе со кокошките. :^)
    Не е се во мирот, воздухот и природата,и на планина ја имаш па не одиш да живееш таму.
    Треба да се мисли на се.На тие од село им е лесно во град да се приспособаат ,на тие од град во село малку тешко.Па нас земјоделите и сточарство ни се имагинарни работи,а не па да сакаме да ги работиме.Тоа е факт.
     
    Последна измена: 16 мај 2018
    На baby-star, blackwave, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  7. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Мислам дека го игнорираме главниот проблем.
    Дечкото ги има сите услови за подобар живот но цврсто се држи до тоа да живее во не толку добра средина поради неговиот став кон тоа како треба да изгледа еден брак? Јас сум мажот на куќата?
    Па не ми е ни битно дали моменталното место на живеење е во град или село. Имаш опција подобро. Не ја користиш поради твоите длабоки комплекси?
    Девојки немојте бе со вакви. Не запираат тука.
     
    На Joi, zuto, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Тоа што е подобро за неа, не значи дека е и за него..
    Релативна работа е подобриот живот..
    Можеби тој не се гледа вработен во некоја фирма за плата само за да живее во град..
     
    На Annath, Antolinaa, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  9. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Девојката имаше пишано дека тој не сакал да живее кај неа поради што не сакал да биде домазет. Не спомна работа. Во тој случај би застанала на негова страна. Ова мене ме асоцира на многу слаб карактер со заостанти мислења. Можеби сум грешка.
     
    На Joi, blackwave, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Најлесно оправдување е тоа со домазетот.. и не мора да објаснува на долго и широко..
    Потекнува од стари времиња..
    Старите знаат да речат - домазет е телевизор без глас. Слика има тон нема .. во превод - нема право на збор во туѓ дом..
     
    На buba4e89, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Еден секако ќе оди во нечиј дом. Барем можел да се потруди да најди подобра причина од тој изговор кој потекнува од стари времиња. Јас сум маж, мене ќе ме слушаш или ој си кај мајка ти. Нема компромис. Не се гледа среќата на другиот. Ги знам многу вакви за жал. Затоа и искоментирав.
     
    На Joi, blackwave, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Џабе љубов, ако нема нормални услови за живот, во примитивни услови, со човек кој има примитивно размислување еден ден љубовта ќе пукне.
    Врв ми е со тенџерињата... Никогаш не би се нафатила на таков живот, со таков човек со примитивни сфаќања. Слушнал ли тој за бојлер?
    Немам ништо против живот во село, ама да има нормални услови за живот, да не почувствуваш дека си во село.
    Е сега оддалеченоста си го прави своето, повеќе време се губи, се трошат повеќе пари за бензин. Ама има и позитивни страни, почист воздух, за тие што сакаат да живеат во куќа е совршено-мирно, тивко.
    Е сега кога би живеела во село би сакала да си работам работа во градот или според струка или мене што ми одговара, не би се нафатила да живеам во село и да се занимавам со земјоделство, сточарство.
    Во таков случај подобро немажена би останала.
     
    На blackwave, Someonespecial, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Звиси под какви услови искрено.Ако е океј типот,паметен, културен, образован зашто да не.Ама не би живееле во село, може за празник или на викенд да отидам таму да не би ми сметало ама не би можела да живеам таму.
     
    На buba4e89 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Може да биде најградскио , а да е најголемио сељак.
     
    На Antolinaa, buba4e89, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано. Проблем се заостанатите сфаќања. А сум забележала дека ги има кај оние од затуцаните села.

    А кај ќе ги ставите бојлерот и вц шолјата? Во дневна, спална или во кујна? Прашувам затоа што има куќи што немаат ни купатило.
     
    На ane.bella, Feminka22, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Не е слаб карактер. Машко его. Алфа маж. Сака тој да обезбеди за жената онолку колку што може. А да е некој да вика ај кај твоите да седиме ќе се прашуваме зашто му е така лесно да се тупне.
    Не велам дека е во право. Само донекаде го разбирам. Кај неа дома веќе има глава на куќа.
     
    На Antolinaa, Someonespecial, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  17. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Наместо машка страна, женска страна се трудам да на бракот/врската да гледам како на двајца партнери. Според мене партнерите треба да комуницираат и да се почитуваат меѓусебно, да знаат да најдат компромис во секоја ситуација.
    Не сум ни во врска, далеку од брак но кога би била би сакала двајцата да се поддржуваме еден со друг и мотивираме кон подобро. Не е битно дали куќата воопшто постои а уште помалку каде. Доколку и двајцата сакаат ќе најдат начин. Но и двајцата, како партнери, не тој како маж.
     
    На Joi, blackwave, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Да, но тоа е индивидуална перспектива. Мене ми се допаѓа односот каде мажот се труди да создаде дом, небитно град или село. Не дека понатаму нема да градите заедно. . Но кога веќе сме околу темава треба да се ѕирнат и мислењата од темата заеднички живот со родители. Не се баш сјајни.
     
    На cresa-jagoda, Dust, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.691
    Пол:
    Женски
    Kako i da e, realnost e deka zivotot vo selo ogranicuva .
    Ke imas dete, kade ke go nosis na solfez ,muzicko,igroteka, kurs angliski, sport, balet, teatar, kino, natprevar, nema toa, uskrateni se ovie i mnogu drugi raboti na koi ne se setiv.
    Treba na vreme da se misli dali mozes da zivees vo selo ili ne.
     
    На Joi, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Градската девојка која одит со дечко од село, наскоро и самата ќе стани сељанка :devil:

    Шега на страна!!! Тоа нема врска, зависи каков е дечкото и каква е девојката по карактер а не од каква месна заедница доаѓа. Има градски девојки и дечки што се неписмени, има девојки и дечки од село што студираат па и магистрираат, докторираат... но и обратно.

    Главно прашање дали си одговараат како личности, и дали на некој од нив им одговара географската локација на другиот во смисла далеку ли е, има ли автобус, пари за бензин, сало за точак.... ;)
     
    На Antolinaa, buba4e89, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.