Побогати се секако селаните. Пун фрижидер месо, градина, интернет, сателитска свашта има на денешно време. Скоро секое село во Македонија има и пат и вода и струја. Основните услови ги има. Секој натака со својот памет.
А те на пример ти треба доктор и треба итно да идеш во град или болница што ако ти е одалечено возење пола саат?Или ако ти избега автобусот со такси ли ке одеш ако немаш кола да те одерат?
Со проектот на Гвујо скоро секој град , да неречам и село, доби факултети, а цела Македонија не е 200 км долга Замисли во Њујорк децата на богатите кога ќе посакаат да студираат на Беркли наместо на Колумбија 4700 км за да си го видат студентот И друго нешто.. За ти да јадеш сирење, мора некој да ги пасе овците. Не може сите да бидат државна администрација Туку замисли.. Некои фарми се почисти од становите во строг центар на Скопје Што ќе и фали на невестата да нахрани 500-1000 овци за 1 час Спојлер: Мееее
Oд каде ја измкна таа статистика дека селаните се побогати жити се ? Испадна сиромаштија владее по градовиве, затоа каде и да мрднеш кафиќи, ресторани, кафани врие од народ,од немање ќе да е..
А мислиш дека тоа е се? Там и да нејќеш мораш да ранеш 10 усти почнувајќи од мајкаму па до неговиот трет брат, а и нема врска со мене тие што учеа беа пола од села и беа во поголеми градови кај шо имаше факултети, а и не е исто да завршеш факултет у Америка и у некое село хаха
На погрешен човек најде да кажуваш Нема сакаш нејќеш.. Ако сакаш ќе раниш и 20 усти. Ако не сакаш од дома нема да изнесеш грам храна. И не е селото криво за ранење 20 усти, туку карактерот на човекот Јас лично знам во Скопје луѓе што живеат по 3 генерации во 60м2 и двајца ранат 8 усти.. И што сега? Исто е да завршиш факултет во Америка и во Велес.... ако планираш да се вратиш и да живееш во Македонија И ова не ти го зборам од памет, туку јас од Њујорк се вратив во Скопје па не ми падна чинот.. Баш напротив.. А и ова со овците и кравите не ми е табу тема.. Туку...едно офтопик прашање кое не мора да ми го одговориш ама би ценела да знам колку години имаш штом имаш вакви радикални размислувања дека постои само црно и бело.. Чисто за да знам со кого разврзав дискусија Те поздравија овците од малешевијата Спојлер: ..
Ама јас стварно немам ништо против тие што се од село стварно има некои што се поградски ама околината е таква што и да направиш сите ке дознаат ќе немаш мирен живот за разлика од град каде што можеш каде сакаш и што сакаш да праеш.Секако дека има и позитивни работи во селото ама толку има и негативни...А тоа за ранење друго е да живееш со партнерто сами и со дете ке си помагате околу домашните обврски а во село ке живееш и со неговиот 3 помал брат и со мајка татко.
Е да.. и во Скопје ќе живееш со 3 генерации за кои ќе носиш леб дома, ама ќе пијуцкаш секој ден кафе во Тренд и ќе се дуваш како живееш во СК, ама и ќе кукаш како се е скапо... тоа, живот.. за едни мајка за други маќеа.. Јас знам луѓе што си живеат сами на село (и тоа не во ск) и супер функционираат.. а млади се.. дури и 3 деца имаат а жената ми е сметководител, не е закоравена селанка.. Дискусијава е џабе кога е тешко да се разбере дека се зависи од човекот а не од местоположбата.. Тој што е затуцан и во село ќе биде и во стан од 200м2 на улица Македонија.. Тој што е цивилизиран ќе биде и во село со 5 куќи и во село со 2500 жители..
'Солфеж'. Плиз, не се сите надарени за музика Немаат време за одење по курсеви децата на село, цел ден трчаат надвор. Ние тука 'градските' ги шетаме од една соба во друга. Да, практично тоа е, по цел ден се во некаква соба затворени. Солфеж 200км?? Кај замина? Во Косово? Цела Македонија е 200 на 250км Да додадам: 90% од населбите во Скопје (па и во сите градови) се бивши села. Оние 'ексклузивните' земете ги, како понов пример. Колку се далеку од центар? Како се стига до куќите со базени? М? Со 4X4, нели?
Си разврзавме муабети, дадовме 300 описи за селото и за животот на село, а членката нит да се јави да пише дека има/нема струја, вода, канализација, интернет, асфалт, стока, ниви... Најверојатно сакала да ни даде тема за муабет, да се распишуваме и до карање да стигнеме
Во мое време децата во село што ваш беа поинтелегентни раѓаа деца на 18 години. Да ја прашаш кадее Сити Мол на пример нема да знае да ти каже.
Ееее ама дете од граТ не знае дека куче кога ќе се роди не гледа, односно прогледува тек после некое време Ни колку ци*цки има кравата а колку козата хахаххаа ова од основно никад нема да го заборавам. Не е битно од каде си и каде живееш, размислувањата само да ти се во тек со векот и годината. Тоа беше темата на муабет. Секој оди на поубаво, а типот уште во дневна во корито сака да се бајна.
Јас дете од Град што отидов во село да учам за крави и кокошки Кузнае што сум размислувала тоа време Зависи за кои села станува збор има во Скопје солидни села. На пример сега во оваа ситуација да ми кажат еве ти куќа оди во Соње да живеете море има да трчам мислам. А зимоска во снегот на санка надоле ќе се спуштаме
Хахаха алал да ти е. Има село и село. Јас типот за кој збориме од мариовско го замислив, додека скопските села имаат превоз односно редовна линија со градот. Лоша замисла за државчево, се се направи во Скопје и само Скопје, останатите градови ништо, а селата нивни ги заборавија. Село Дуф, слушнал некој? Има илјада такви села во кои живеат луѓе, ама ги дознаваме тек на тв кога ќе слушнеме како деца одат по 5км пеш за во училиште. Превоз никој не им обезбедува, значи од раѓање се осудени на макотрпен живот. И како истите да не избегаат во град и цивилизација. Лошо е интернет што имаме, гледаш до кај стигнал светот, а ти уште крави молзеш и во 4 стануваш за на нива, заработка, колку да не умреш. Ама не се криви децата, најмалку тие што се дојдени од околните градови и села во ск. Нив им е исто како нас во странство. Кој сака да си оди од дома и да се осамостои на 15/18 години? Наместп да излегува и живее младост, сметки да плаќа работи и да влече крај со крај. Додека јас сум одела во миднајт некој работел таму за да си плати кирија во Скопје и ако му остане нешто храна да си купи, ако не ќе јаде ајвар и мармалад од дома што му пратиле. Не е лесно ни малку, ама не се ни тие криви што кој и да дојде се повеќе го запусте државчето.
Ova e tocno. Kako ne, nemaat vreme ,nemaat drugi opcii, za zal. A tie sto se talentirani ? Sto pravime so niv? Nema da odat neli ,nie gi nosime sekade gradskive ,I normalno ke gi nosime ,pa koj vek sme?Sto treba kerka mi mesto da odi da uci jazici da ja pratam da odi na kurs za molzenje kravi. A deka se cel den nadvor ,toa malku morgen,bidejki nemaat kade da odat se cel den zatvoreni pred kompjuter. Neretko koga odime kaj prijatelive sum videla tinejdzeri obleceni, nasminkani setaat po glavnata ulica nagore nadolu. Greota e toa. Seloto ne nudi nikakov zivot za mladi lugje.
Точно. Тој што видел знае како е. Од искуство кажувам дека нема просперитет за младите. Затоа почнаа да бегаат. Ова го зборам за оние села кај што условите се ужасни. Едно продавниче, неасфалтиран пат, без улични светла, кога дува одма снемува струја, полско веце, без купатило, капе од покривот кога врне, мириса на крави, и сл. Не гледам овде услови за живот. Членката убаво се изјасни за условите.
Добро де 200 км така е зборо оти село од центар може да биде одалечено и саат и пола саат ако ти треба нешто итно а ако немаш кола шо ке праеш?
Ќе си платиш такси. Во еден правец е 150 денари. Ако секој ден имаш потреба да одиш до градот, ќе треба да плаќаш такси. А тоа е голем трошок. Дури и со кола да си. Има разлика од село до село. Само кој да сфати.