Тоа такси ке го чекаш пола саат сите централи се од центаро, ако детето повраќа и треба инекција да прима итно ќе чекаме ли такси од градо да дојде пола сааат, колку шо има убави работи у селата како чист воздух, здрава храна има и лоши работи.
Ама ги направивте селава како сите да се со неасфалтирани улици, со смрдеа на стока, со капење со тенџериња.. Не дека нема такви ама реално, има и средени села. Јас и дечко ми сме двајцата од исто село, и не е онакво село како што набројав погоре. Големо село, асфалтирани улици (само по некоја дупка незакрпена), амбуланти, супермаркет, училиште, кафичи, интернет, телевизија, продавниче за брза храна, продавница за текстил, фризерници, превоз на секој пола час до градот (20 мин. оддалечен) од 6 наутро до 6 попладне. И уште планираат да градат. И од град да си овие услови не би биле лоши за живот. Да, се работи земјоделие, ама тие што си имаат солидна работа си ја работат работата. Е сега не се знае дали ние со дм ќе останеме овде или ќе одиме в град (ама и онака сакавме стан да си купиме). Во право е членката што не сака, да речам, попримитивен живот на село (што очигледно не е многу развиено), ни јас не би сакала таков живот. Ама некои мажи не сакаат да се одделат од мама и тато. Никој не е обврзан да живее некаде каде што не му одговара, најубаво да си направите компромис или секој по свој пат.
@LiliBoz @monik55 Научно е докажано дека децата растени во село се поинтелигентни од тие во град. Тоа не значи дека тие во град се глупи туку дека тие во село се поинтелигентни. И демек ако некој знае каде е Сити Мол тоа го прави поинтелигентен? Не знам зошто не се постави некое правило на форумов секој да смее да даде свое мислење без да се контра со другиот...
За да се развие дискусија мора секој мислењето да си го каже без некој да мисли дека некој му се контра. А тоа ти што велиш форумот да се направи пишеш мислење и толку е малку роботски и дискусија ќе нема. Кога ќе чујам или прочитам научно е докажано ми е посебно за превртување очи. Кои научници? Во која земја ? На колку народ е спроведено истражувањето? Не . Само научно е докажано. Толку. Ок.
Јас знам деца од село шо незнаат уште множење и делење и два реда маабет нз да напраат и често се примитивци, а јас примитивците не ѓи сметам за интелигентни
Не се глупи ни тие од град ама понашањето им е катастрофа за разлика од луѓето од село каде се однесуваат како што треба. И тие највеќе доспеваат во животот. Постојат исклучоци, но градските луѓе се навистина невоспитани, додека тие од село и единствениот сок да го имаат ќе го послужат. За жал некои поединци не се помируваат со таа реалност. Јас сум од град и гледам што се дешава. Градско дете не знае кој е главен град на Мароко ама тоа нема врска важно е од град, а за селско дете се зборува веднаш дека е неписмен и неинтелегентен.
Ако се од село не значи дека се затуцани во времето.Џабе да си од село или од град ако не ти работи свеста и немаш домашно воспитување.
Немој да ме јебеш Сите во екстреми одите. Стереотипи, стереотипи насекаде, а демек многу современи во размислувањата
научници од Франција испитувале во француски села и дојдовме до заклучок дека децата во руралните подрачја во Мк се поинтелигентни. п.с. никого не правам глуп. Сите деца се среќа и ум. Ама ова беше врвот.
Седни прај муабет со човек од село и ќе му ја видиш интелегенцијата. До тогаш, нека бидат стереотипи.
Сум правела, цел живот И со луѓе од град, и со луѓе од село. Колкави будали сум видела и во едните и во другите, јас си знам
Еве ја сум седнала, не сум дошла до тој заклучок. Особено затоа што повеќето амбициозни млади луѓе, најчесто го напуштаат селото за високо образование во поголем град. Какви се тие истражувања со кои научно се докажало тоа?
Епа што правиш дискриминација? Збориш дека не биле арни тие од село, а сега велиш и градските не биче арни. Изгледа на погрешни имаш наидувано. Одлучи се
пуста омраза што ви прави. Реков дека сметам дека не е точно дека е научно докажано дека селските деца се поинтелигентни од градските. Што најде спротивставено во моето мислење? Јас па од некој град да не сум, село е пола Македонија е село.
Зашто мене ми го ставаш тоа дека јас сум кажала дека е научно докажано?! Јас не го кажав тоа, паметните градски деца ја напуштија одамна земјавата исто ко и децата селото. Но не се работи за тоа. Се работи за културата воспитанието? Еве еден пример: Градска девојка оди на кафе кај градска другарка и таа има да ја понуди само со сок обичен од 15 ден. Градската девојка навикната на пепси, кока кола не го пие гадно и било. Кај градска девојка доаѓа другарка од село која го пие понуденото сокче. Што е разликата? Никој не го гледа трудот ниту размислувањето, што можеби градската девојка што имала 15 денари и биле последни, што ја понижила другава од град што немала да и купи пепси. А другава од село не е важно сок е,ќе го испие. Јас не велам дека сите се интелегентни туку јас зборувам од моја гледна точка.
Знам бубаче, тој дел од мислењето не се однесуваше на тебе, само ме интересираше Индивидуални се тие работи, има и скромни луѓе од град, и луѓе без осет од село.
Па мислам дека имаш омраза. Кон секој што не се согласува со тебе,веќе видено. Една дискусија не може да помине без навреди, нека.
По ова што го напиша, мојот заклучок е дека ни ти не си нешто посебно интелигентна, пошто правописот не го владееш воопшто. Јас како градска девојка од центар се омажив во село. И ништо не ми фали, напротив. Да, немам продавници, немам молови, немам канализација, немам ни комшии што ќе ме оговараат, напротив, секој си ја гледа работата. На почетокот се мислев, кај дојдов кај се запустив, ама како минува времето, сфаќам колку многу грешев на почетокот, а колку всушност добив со ова. Децата ми се постојано надвор, свежа храна директно од изворот, непреработена, нетретирана, непрскана, со мачиња, кучиња, кокошки и учат како се одгледуваат зеленчук и овошје. Не дека им фали нешто што не одат по курсеви за јазици (секако ќе ги научат) или на танци или на солфеж или којзнае каде. Раат имам, а тоа со пари не се плаќа. За култура и воспитување - секаде има секакви, не го одредува тоа местото на живеење, туку оние кои те пораснале. А за интелигенција, нема баш врска со местото на живеење.