Дечки, навреди на релација град-село тука НЕ. Да дискутираме за врските, а не да се навредуваме.. Благодарам на разбирањето.
Ти си таа што ми пристапи да ме осуди за дискриминација. Ти си таа што еднаш кога пробав да и помогнам мислеше дека ја тролам. Преиспитај си го светогледот никогаш не сум влегла во конфликт со тебе, а ти тврдиш дека те тролам и дискриминирам.
Абе остај да не е така. Има села што имаат такси за пет минути, не треба да чекаат толку време за да дојде од ЦЕНТАРО.
Мамето и го расплакавте на темава. Мислам дека многу избегавте од рамката на темата. Треба да отворите нова тема со наслов: Предности и недостатоци од животот на село и животот во град. Мислам дека има логика зар не?
Охоо до кај стигнавте. Уште малце и почви ќе се анализираат. Ако е од село е домаќин ама не бил еб*ч. Ако е од град само јајца знаел да спржи ама е*е како политичар. Човечкото барајте го. Овчар на Хималаи е поспособен од пола македонци ама нели овчар е. Колку лоша слика имате за луѓето не е возможно. Не се селата проблем.
Ama decata ti se sega mali, sto bi se reklo vo peleni ,potoa ke im falat aktivnosti, nema da se zadovolat samo so igranje nadvor.
Абе, големо достигнување е да знаеш Сити мол кај бил Тој што сака да учи, може секаде да научи. Денес пак со интернетот, ич не е тешко. Дека нема активности, нема, ама додека се мали, додека не станат тинејџери, рај Божји е играње надвор. Да додадам: Татко ми, Бог да го прости, овци пасеше и факултет заврши. Никој не ти брани дури си со овците да го читаш Кафка, или Толстој, или Карл Саган.
Големиот ми е во школо, не гледам дека му фали нешто. Си имаат доволно активности, не се секирај ти за тоа.
@Cosmi, а со што треба да се задоволуваат? Колку деца израснале во села, па ништо не им фали. Оделе по кафулиња, дискотеки. Јас не сфаќам што подразбираш ти под поимот село? Некое ептен затуцано ? Ретко некој млад да живее во такво село. А според тебе подобро е седење на интернет отколку играње надвор, м?
Конентарот мој беше баш за затуцаните села. А очигледно е дека дечкото на членкава живее во такво село. И плус тоа, од старт поставува правила. Не е во ред. Се гледа какви сфаќања има.
Ок тоа за тебе. Ама Косми и се обрати на @Annath. Јас не верувам дека Анатх е од некое затуцано село.
Лелеее Сити мол Јас пак мислев ќе речеш каде е Скопско кале, Музејот, Стара чаршија Со Сити мол се е кажано. Не ми се коментира малограѓанскиот коментар дека девојчињата на село раѓале на 18. Може некои од село родиле на 18, ама провери статистика колку граѓанки абортирале под 18. Коментарот ти беше вишок. Можеби некоја што работи на ГАК ќе каже колку шмизлички што секој ден висат по кафиќите лигавејќи едно мочано кафе три саати, малолетни абортираат како од шала. Ама тоа друга тема нели, но кога веќе ја начна... На темава се изначитав глупости, "ќе паднам од столче од смеење" Граѓанките треба да излезат малку од асфалтот и канцелариите , станчињата од 50-60 квадрати, да прошетаат по селата, да видат како живеат луѓето таму. Родителите ли ве лажат немој ќерко од село он пасе овци, нема вода ни струја, сере у полско веце Абе по селата има паметни, образувани, домаќини, господини луѓе со куќи кои кога ќе ги видите на гз ќе паднете. Додека вие се стискате на тие мини терасички на кои немате место ни кафе на раат да испиете,на мирисот од асфалтот и воздухот со издувни гасови, селаните си пијат кафенце у двор и си дишат почист воздух. А тоа па колку се чисти, сум била во станови на академски граѓани, убила ме туѓа срамота, нечисто, мирис на непроветрено, некои со кучиња внатре живеат, глота, гадно ми било вода да се напијам. А има и такви кои и мало станче го одржуваат чисто, бидејќи се е до човекот, не е до селото/градот, ама кој да разбере. А тоа што некој спомна требало до болница многу да вози, не дај Боже да има толку итна потреба за болница, тогаш ни градот не го спасува. Само по Водњанска ќе патува од 20-30 минути со кола. Па читам заостанати деца имало по селата, не биле носени на курс, на театар, у Сити мол Детето од село побргу ќе стигне до театар отколку оние од град што ќе тргнат пешки, дека нели за 15 минути се таму. У голема заблуда сте. Сељачана има сегде, можда малку поќе по градовите Ама тоа е веќе работа на карактер. За госпожите што не можеле да поднесат мирис на штала, нека си го дишат градскиот воздух преполн со издувни гасови, наместо по трева нека газат мртов асфалт, наместо домашни јајца нека си купуваат хормонски, наместо тазе млекце нека си купуваат во тетрапак преработен по 3-4 пати откако ќе му помине рокот на траење. Асфалт има и по селата, е добро сеа тој у градот е градЦки. И во врска со споредбата, зошто жената да не можела 10 минути да оди пешки до канцеларија каде што цел ден ќе седи на столче, нека оди мажот пола саат до селото за да работи физичка работа. Колку неблагодарно, тука нема ни љубов туку себичност. Не и е страв на жената од селото, туку од фактот дека нејзиното газе ќе треба да мрдне малку поќе за до работа, ќе треба ручек да направи, да зачисти по дома, по дворот. Нема да биде исто се да и биде на дофат на рака, макар дишела отрови. Од ова ќе го извлечам единствениот заклучок "Работата го краси човекот, а мрзата го гнаси" Не е до селото, до мрзите е! А како за крај, не одете од крајност до крајност. Градските шмизли никогаш не би оделе со таков екстремен случај на дечко од село со полско веце, без струја и вода, кал до колена што пасе овци (а и не знам кај би го нашла таков, поише од градот не видела), па така не би имале потреба пред свадба да си ја чукаат главата дека неќат на село. Ако не и се свиѓал таков, нема да дојде до стадиум веридба. Или добар бил додека ја частел, ја шетал? Со него немало да има слога а оние што се три генерации 8 души во станче од 60 квадрати, поише слога имале, по цел ден да чекаат ред за у вц
Ти од село си, а? Јас живеам во станче од 60 квадрати и не туку ми го куди!! Маж ми што вика: Во Скопје ко бурек ги продаваат становите. Колку пари имаш? Толку? Так-так, ќе ти преградат колку сакаш соби внатре Сум живеела и во куќа од 400 квадрати. И во куќа од 100кв со полско веце. Секаде си сум си била паметна и културна. А Бога ми, и мрзлива И не туку бричи петли!
Маж ми при првата прилика избегал во град. Самиот кажа - Нема живот таму. А се работи за затуцано село, кај што нема иднина. Не ни помислува да се врати. А да не коментирам поарно какви заостанати сфаќања имаат неговите комшии. Да се чуди човек.