Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    5.094
    Јас живеам во град цел живот. 9 години живеев во куќа, а сега живеам во зграда.
    Еве баш сега отворив прозор од собава, постар сосед го гледам долу во дворов од зградава плука ли плука кај што ќе стигне. Живот ми се згади.
    Дечиштата од соседите лани ги имаа откорнато сите цвеќиња што беа тука посадени, па уште ни ги ставиле во лифтот од зградава заедно со земјата. Не можевме да дочистиме тука.
    Алишта не можеш да ставиш на сушење - или ќе истресат чаршафче со трошки над чиста облека која се суши, ќе стават нешто нивно за сушење па капе ли капе врз алиштата. Еднаш една будала дури и исповрати врз спружени алишта за сушење. Од тераса, од 5 спрат.
    Секојдневие е фрлање ѓубре преку балкони, полни памперси, дури и ручек што не се погодил - ајде од тераса заедно со тенџерето.

    Ова е вистинската слика за "граѓаните" кои се маваат в гради дека живеат во град и играат мајтап за селаните. Така да, да имам сега шанса да се преселам во село не се мислам ама ич.
     
    На candy.cane, gjoker4e, GrevMk и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Абе ептен паметна ти... Спомнав расизам бидејќи не е убаво да ги делиме луѓето кој е од село а кој од град нели? Таквата поделба е исто како расизам.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе јас сум во 'град' цел живот, ама какви заостанати комшии, роднини, познаници, колеги сум имала.. ехеее
     
    На candy.cane, gjoker4e, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Има луѓе со заостанати мислења ама во град живеат. Немора да значи дека сите што живеат во село се затуцани и имаат заостанати мислења. 2 години со мене учеше дечко од Аеродром, поголем сељак немам видено. Што му вреди тоа што е од град кога никаква култура нема? Поентата ми е дека се зависи од човекот, не е битно дали живее во град или село.
     
    На gjoker4e, buba4e89, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Имам куќа во населба, а се би дала за живот во некое "австриско село". А ако бев во село, која ќе беше разликата? Не ми смета живот на село, сум живеела, јас не би можела да живеам во град опкружена со асфалт и ѕидови, загаден воздух. А тоа ти во колкав стан живееш, не ми беше поентата, изгледа не ме разбра. Не е до станот, до луѓето е. Мрзата ја спомнав во поширока смисла, а сите не фаќа мрза од време на време.

    Треба да се договориме еден ден да се најдеме да ме научиш да бричам петел, еве петелот нека биде на моја сметка :D
     
    На gjoker4e, Sanjichka007, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    А ти мислиш дека заостанатите сфаќања се поврзани со тоа дека се од село? Свекрва ми градска жена, а како размислува, баш заостанато. Ми се гади од нејзините сфаќања, верувај. Тоа нема врска дали си од град или село.
     
    На gjoker4e, Sanjichka007, WarriorAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.250
    Пол:
    Женски
    Коментарот мој се однесуваше на затуцаните села. Од лично искуство го напишав тоа. Јас да рмбам како коњ, а свекрвата да си ја прчи, нема шанси. А дечкото на членката очигледно не сака да направи ништо за да се подобри неговата состојба. Одма со уцени. Е не може така.
     
    На cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Селска раса и градска раса?
    Елитизам, класизам.
    Доста го мешаш расизмот кај што не му е местото.
    Плус, човек кој на јавен форум јавно промовира white supremacy да збори за расизам... Не иде друже, не иде.
     
    Последна измена: 17 мај 2018
    На MagsDestiny, Amellie13, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.842
    Пол:
    Женски
    А и тој збор, затуцани.
    Што е “затуцано” село?

    Без струја? Има млади луѓе кои уште живеат така? А како ќе се запознаат тие со “градски” девојки? Со коњ дошле до Скопје и ги извадиле од градските палати?
     
    На Joi, Sanjichka007, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.250
    Пол:
    Женски
    Верувај дека има млади кои уште живеат така. А и такви кои нашле работа во Скопје или во некој од другите градови, само за да не живеат таков живот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Која иронија е да ги делиш луѓето според тоа дали живеат во село или во град а да си против тоа да се делат по боја на кожа. Или прифати сите поделби или не ги дели луѓето бидејќи сите сме исти.
    Ако е добар, има култура и почит мене ме заболе ''туки'' каде тој живее.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.947
    Допаѓања:
    81.259
    Пол:
    Женски
    Е кое село нема струја во 21 век? :^)
    И планинските села си имаат струја, не знам некој што функционира без струја бар.
    Инфраструктурата е дискутабилна, али струја...па не е ова среден век да палат газиена ламба. (facepalm)
     
    На oblace1, MagsDestiny, Joi и 9 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.842
    Пол:
    Женски
    Па нормално е да бараат работа по други градови, ако живеат во катастрофални услови. Ама не е до толку драматично, дека цело село е без струја и тоне во кал. Таквите се напуштени, повеќето си функционираат скроз нормално.
    Зошто да не се делат луѓето? Не е лошо да биде некој од село, ниту е страшно да се поделат на луѓе од град и селани.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.709
    Колку површни муабети читам... И после ќе се жалите дека не постоела љубов
     
    На bittersweet, EuHenIa, MagsDestiny и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Како такви не е лошо да си постојат туку ептен е понижувачки да ги сметаш за инфериорни оние кои живеат во село. Мене не ми смета ни тоа ама ми смета кога некој прифаќа една поделба а друга не.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.250
    Пол:
    Женски
    За такви села коментирав. Не дека се скроз запуштени, ама условите не се идеални. Значи, има разлика од село до село. Сум била во села кај што условите се супер, ама и во такви кај што нема птица да прелета.

    Туку, членкава никаде ја нема. А ние тука пишуваме.
     
    На crimson и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ти смета што никој не ти го прифаќа расизмот? Тоа ли била работата.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ми смета кога крадецот ќе почне да вика да се фати крадецот.
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    А да ве потсетам малце дека и мрзливи, шмизли и слични епитети за девојките од град се иста ограниченост и предрасуди како и затуцани за селаните.
    На крај и такви луѓе навистина заглавени во минатите векови како типот со тенџерињата вода (што патем и ѝ го удрил миленичето на членката, како што пишала во други теми) ќе испаднат вредни, добри души и покултурни и поинтелигентни од нас во град. Јер #семесинапово, that's why... (facepalm)
    Некои стварно не знаат тука нормално да дискутираат на вакви теми со било каква поделба.
     
    На oblace1, Lella, Joi и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Не реков дека му фали нешто сега туку дека работите и потребите се менуваат како растат.И нема потреба од ваков тон ,ниту пак да се почувствуваш навредено што живееш во село.Тебе ти е убаво,мене не би ми било ,а моите деца би биле ограничени .
    Израснале,морале,но и побегнале од таму ,има села каде што господ рекол пријатно,имаат вода,струја и чист воздух ,но само тоа е доволно за живот?
    Па ако е толку убаво на село и во такви затуцани треба да се живее и таму има свеж воздух.
    Кои ?
    Сум била во Фалише,тоа е тотално рурално село,немаат интернет бидејки немаат техничка можност,имам школска мажена таму,сум била во Брвеница,се шетаат по пат, Лешок една продавница и кафиќ.
    И да не ги идеализираме сега пак селата,како што е и напишано кој век сме уште немаат канализација,не одгледуваат био овошја и зеленчуци,немаат услови за тоа ,а кокошките и кравите ги хранат со секакви стартери и хормони,прскаат и тоа како ,мислав да не правиме филмови дека селава ни се шварцвалд со био храна.
    Живеењето во град нуди повеќе можности,и за школување и за културен и социјален живот,за работа,тоа е факт.
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.