Градска девојка со дечко од село

Discussion in 'Врски' started by Theodora, Jan 26, 2011.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,584
    Gender:
    Female
    Имам прилика да споредам живот во поголем град, помал град, и село. Во кратко време ги поминав сите 3.

    Прво и основно... што вие имате против земјоделството, кравите и сл? Не се раѓа во Житолукс лебот.... ако нема такви, според вас ЗАТУЦАНИ селани, нема ни леб да јадете. Ама кога сакате на децата да им дадете овошје и зеленчук, или СЕЛСКО јајце или коковче, трчате и барате од затуцаните селани да ви дадат, така? Ако тие што им се исмевавте, со папочната врвца што биле врзани за селото, и не можеле да се снајдат, па морале на нива да работат... е тие.. нив треба капа да им симнете, а не да им се ругате.
    Инаку со земјоделие и со сточарство може да се извади многу поубава плата, од 12 000 што се земаат во градот, од кои пола ти отишле во превоз и храна за на работа!
    Затоа малку пред да кажете нешто, размислете!!!

    Децата немале услови??? Во повеќето села, децата имаат училиште и градинка. Играат надвор, со топка, се дружат меѓусебно од најмала возраст, за разлика од граЦките. Не ги жалете селанчињата, барем тие ќе видат детство.

    Како и да е... да се живее во град не е супериорно во однос да се живее на село... поинаку е!!! Некој не може во град, некој не може во село.

    Прост народ со затуцани сфаќања има секаде (видовме и по коментарите во темава), не е карактеристика на селаните ;)

    А да, капењето со тенџере е одраз на недомакинлук а не на селски живот. Ете јас имам и семејство, и пријатели по многу села низ Македонија, и сите имаат најнормални купатила со кади или туш кабини, и бојлери.
     
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    Поголем дел од македонските села се ужас. И не можат да бидат подобри, затоа што во нив воглавном останало да живее старо население. Младите луѓе носат живот секаде. Тие се тие кои работат, создаваат, креираат, но ние по селата немаме млади. Веќе и помалите градови се соочуваат со тој проблем. За време на Југославија и комунизмот селата се испустија во име на индустријализација и мотото „ учи сине за да не се мачиш“. Нашиот народ се научи на фотеља и администрација. Во најбогатите држави земјоделието е едно од најпрофитабилните гранки, но во тие земји кога поминуваш во некое село гледаш убаво средени фасади, дворови, пешачки зони, паркчиња за рекреација, нема ѓубре, гомна, смрдеа. Има мали семејни бизниси. Нашите села се спротивно од тоа. Значи менталитетот на луѓето е на едно многу позавидно ниво.

    Од друга страна глуп ми е и муабетот моето дете нема да оди на театар, балет, пливање, приватни часови по ова или она. Ко во Скопје сите одат на балет и театар. Всушност 90% не одат никаде, туку дремат по Сити мол или кафичи.
     
    Tanjamm, Abeja, Joi and 1 other person like this.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Staff Member

    Joined:
    Sep 17, 2013
    Messages:
    14,458
    Likes Received:
    178,605
    Gender:
    Female
    Мислам дека го фатив и првото мислење во темава, па ајде со ред. Прво да ја советувам членката која ја почна темата - ако не можите да се согласите за местото на кое живеете, тоа нема да води никаде, постојано ќе има некој кој не е среќен. Сметам дека овие работи се зборуваат не прерано, ама ни пак касно во врската, особено кога веќе постои веридба, свадба. Јас сум далеку од венчавање со дечко ми ама знајме од прилика што како во иднината, некои суштински прашања како што е и местото на живеење. Пробајте и најдете компромис, зошто ако некој од вас двата попушти целосно - ќе страда и во тој брак ќе има криза, која сметам не е посакувана.
    Сега малку општо за селата. Има разлика од село до село. Ама навистина. Кога читав некои мислења се прашував дали уствари во иста држава живееме. Да, селата наши се најчесто мали, со една продавница, најчесто тие кои се повеќе оддалечени од градот се и помалу населени, од таму по една продавница, повеќе стока, работа на ниви. Ама одење во полски тоалет? Капење со тенџере? Ок, во иста држава живееме? Селата кои се поблиску до градот некогаш прераснуваат во населби, ама најчесто се опремени доста добро, развиени и „размрдани“, подалечните села можеби се помалку населени, ама не се за фрлање. Аман. Две продавници барем, кафич, игралиште, училиште (за жал до 4то ако не се лажам, и тоа е нешто што е стварно не доволно добро во подалечни села, што не е проблем во поблиските). Еве, го опишувам селото на баба ми. Единствено село какво што опишувате се напуштените планински села, во неколку што сум била, со максимум 5-6 живи, постари луѓе, кои не сакаат да се преселат. Другите куќи најчесто се или така зачувани, или реновирани во викендици.
    И пак се враќам на проблемот на членката. Баба ми живее во село оддалечено 30 минути од градот. Таа ми е најсакана баба и често доаѓа, ама има свои недостатоци. Да, нема редовен превоз, најверојатно ќе треба да користите автомобил за да одите во град. Да, нема градинка, училиштето е лимитирано, ама има комшии кои се како фамилија. Да, има работа, секое семејство има или нива, или крави. Ама не, не вршат потреба во полски тоалет, не, имаат струја, имаат соларно, имаат кабловска и сите благодети кои можи да се имаат во еден дом. Село кое е оддалечено 30 минути од град можи да ти прави проблем со работата. Покрај тоа што треба да возиш таму, прашање е дали имаш 30 минути да тргаш порано за да стигниш негде? Дали дечкото работи нешто во село, или работи во град? Ако работи нешто на село и тоа да му е главно примање го сфаќам, и би сфатила да си ти таа која оди во село, само зошто можиш да си дозволиш да патуваш, имаш и слободен ден, и одмор, ама тој нема. Од друга страна, ако работи нешто во град, тогаш не го сфаќам него. Баш му одговара да биди во град, се да му биди поблиску, па родителите може да се посетуваат било кога. Ова прашање добро разгледајте го и видете да сте и двата среќни со договореното.
    Доколку дечкото работи во селото пак ќе речам, сфаќам. Таа е работа поконстантна, треба рано да се станува, физичка и не можи да се дозволи многу патување. Ама ако проблемот со преселувањето настанува само за да не биди тој кој иди кај девојката само ќе претпоставам дека се работи за Балкански менталитет и ќе го жалам дечкото за работите кои ги испушта поради некаква гордост.
     
    Joi, buba4e89 and SummerGirl like this.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2018
    Messages:
    1,576
    Likes Received:
    10,984
    Gender:
    Male
    Ти сигурно си прошетал низ поголемиот дел од селата во Македонија по муабетов што го правиш. Или можеби грешам? Инаку може да се развијат селата и селскиот туризам, само проблемот е што на некој не му одговара така односно не сака да инвестира во инфраструктура. За развој на селата се чекаат донации од европски фондови односно треба да се направи проект за да добиеш средства. Инаку погледни колку проценти учествува земјоделството во БДП на нашата земја. Бидејќи нема пазари каде да се извезува земјоделскиот производ неговото учество е смешно. Веќе кога забегавте од темата и јас барем да оставам корисни податоци барем ќе научиме нешто од целата дискусија.
     
    Dust likes this.
  5. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    И пак доаѓаме до најглавното. Зошто не покажете со личен пример и да се омажите на село? Лесно е да солиш памет и да си широкоград кога се во прашање други личности.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,903
    Likes Received:
    39,300
    Gender:
    Female
    Убаво кажано. Тој што доживеал такво нешто, знае како е. А тој што не доживеал, може само да претпоставува. Колку од Вас би отишле да живеат во село каде што условите се мизерни? Членката која ја почна дискусијава баш за такво село збори. Нема елементарни услови за живот. И плус тоа, дечко и како да заостанал со времето.
     
    cresa-jagoda likes this.
  7. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,717
    Gender:
    Female
    Птиците црцорат, тревата е зелена, убаво е тоа, ама, некои луѓе не се родени за да живеат у село.

    Да чита некој од страна ке помисли дека во Македонија, село е идеалното место за живот.

    Сте навеле бенефити еден куп, ама некако ја заборавате основната пречка - превоз. Очигледно не живеете во село па велите дека има редовни линии и дека со кола се стигнува за пола сат.
    Океј, да речеме дека 30 минути не се многу, ама колку коли ви требаат? Дали секој член умее да вози? Дали има пари за регистрација и одржување? За некоја година, дали на вашето дете ке му дадете кола за да оди у кафана па у диско? Такси знаете колку пари е?

    Јас сум била во села и најголдем дел од нив се ужасни, пред се лошо изгледаат на око. Нечисти дворови, непријатна миризба од стока и живина, тесни уличиња со кал. Да не глумиме, ретко во кое село уличките до куќите имаат асфалт, најголем дел се посипани со камења.

    Оранжерии со домат, пиперка и остали градинарски култури, кокошки во двор и крави позади куќа - убаво звучи, ама кој ке се грижи за нив? Вие па овде зборите дека топ е да се живее у село?
     
  8. visit

    visit Истакнат член

    Joined:
    Sep 1, 2010
    Messages:
    28
    Likes Received:
    7
    Од село до село има разлика исто и од град до град,јас лично не би можела да живеам во град како што некој друг не би можел во село.Се е навика и добра организација.Селото каде што живеам има се освен амбуланта која е во соседното село па и во градот не ти е баш се пред нос што се вели.Најблискиот град Струмица е одалечен 11-12 км и се стигнува брзо учениците имат организиран превоз до училиште така да приказната дека селата се изолирани не држи баш вода.А зошто баш некому му сметаат оранжериите со домати и пиперки да ги гледа во двор тоа си е негов проблем или пак мисли дека доматите во супермаркетот магично се ствараат на полицата.
     
    Last edited: May 17, 2018
    Dust, Amellie13 and buba4e89 like this.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,123
    Gender:
    Female
    Абе ГМО :lol:
     
    gjoker4e likes this.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,044
    Likes Received:
    203,787
    Gender:
    Female
    Подобро тоа, отколку да спијат до 12 и да го изгубат цел ден.

    Никаде не реков дека се ми е мед и млеко, само реков дека ништо не ми фали, што не значи дека имам се. Ова што го имам ми е доволно, повеќе не ми треба.

    А искрено, по тоа како некој пишува на форум, каков речник употребува и како се изразува, вклучително правописот, доволно кажува за личноста. Ама не си ти крива, не ни го бива образованието :) башка што се нема желба за учење и личен развој.

    Секако дека не сум во некоја пустелија. Ама поарно ми е отколку кога живеев во центарот на Скопје.

    Не е битно од каде е човекот. Ако има љубов, ќе има и желба за компромис и заеднички одлуки. Нема едниот да одлучува за другиот, туку двајцата заедно.


    @Cosmi јас само си кажав. Не е дека детето мое не оди по воншколски активности и курсеви, ама со добра волја и организација, ни живеењето во село не е баук како што го направија на темава.
     
    Dust, eli25, bittersweet and 11 others like this.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    @Annath

    Ти како скопско девојче од Центарот се омажи во скопска околија или?
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,123
    Gender:
    Female
    Што е толку важно?
    И матичен да не сакаш...:P
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,597
    Likes Received:
    91,894
    Gender:
    Female
    Во ред,но не се сите села блиску до град па да можеш да се организираш.Какви села има,господ ги има заборавено,а деца раснат и таму.
    Потребна е организација но се е покомлицирано,а како раснат и ке биде покомплицирано.
    Еве види.
    Мојава мала уште од 6год оди на клавир,2х неделно часови,кога имаат натпревар по два пати дневно,англиски 2х неделно,одбојка2х неделно.
    Големата 2х неделно англиски и 2х германски,2х математика .
    Да живеевме во село кое е одалечено 20км незнам што би правеле.А кога треба да се излезе во град навечер па го мислиш 20 км натаму,па назад,не е исто нели....
     
    kikkki likes this.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,044
    Likes Received:
    203,787
    Gender:
    Female
    Не, Охриѓанка сум. Но тоа ништо не менува.
     
    buba4e89 likes this.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    6,164
    Likes Received:
    14,126
    Браво за твоите деца, се испофали. :clap: И да ти кажам има и од село па децата одат на глума, пливање, курс по јазици и слично. И замисли и од селата имаат луѓето пари и им обезбедуваат со такси да одат. Ако се сака, нема ништо да те спречи. А ти вака како градска жена, сите скопски села ги потценуваш?
     
    Last edited: May 17, 2018
    Dust, buba4e89, јolene and 1 other person like this.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    Сеедно. Голема разлика е да се омажиш во скопска околија и села кои гравитираат околу Скопје отколку не знам во велешко, пехчевско или делчевско.
     
    Cosmi likes this.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,044
    Likes Received:
    203,787
    Gender:
    Female
    Сигурно, затоа што ситуацијата кај нас е таква каква што е. Да живееме во нормална држава каде што не е приоритет развојот на главниот град на сметка на останатите делови, немаше ништо да смени.
     
    eli25, buba4e89, јolene and 4 others like this.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,597
    Likes Received:
    91,894
    Gender:
    Female
    Глупости, Не се фалам! |( За мене воншколски активности се потреба и се подразбираат..
    И не велам дека нема деца што одат ,а се од село,сигурно ги има,но е многу потешко за органзација.
    Не е исто да е на 200 метри и на 20 км.Само тоа.
    Немам што да замислувам дали имаат или немаат луѓе од село пари.:?:Кој спомна дека луѓе од село немаат пари?Никој.Незнам дали си од село но многу фрустрирачки постови пишувате.
     
    Rebecca_R and Joi like this.
  19. saren_petel

    saren_petel Активен член

    Joined:
    Feb 16, 2018
    Messages:
    299
    Likes Received:
    299
    Gender:
    Male
    Добра тема, бидејќи и јас потекнувам од село, порано девојками, а сега жена ми потекнува од т.н. урбана, односно градска средина. Затоа сакам и јас да напишам нешто на оваа тема.
    Треба најпрво да ги разграничиме предностите кои ги пружа селото наспроти градот и обратно, односно условите за живот во селото наспроти градот. Кога ќе ги разграничиме доаѓаме до заклучок дека во градот постојат "подобри" услови за живот (спортски и културни настани, кафичи, кафани, трговски центри, огромни продавници, сообраќаен метеж, загаден воздух, зимно време шетање со маски, фабрики, дискотеки, дрога и т.н.) поради кои "предности" врските на градска девојка и дечко од село се мн. ретки.
    И селото има свои предности, но жалосно огромен процент на села, поради негрижа од некои се упропастија. Не трба да зсборавиме дека има и села кои имаат мн. по убави услови за живот и опстанок на едно семесјтво одошто во градот.
    Но за жал градските моми поретко се одлучуваат на врска со дечко од село и покрај тоа што во голем број на села има услови за живот како во градот.
     
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Joined:
    Oct 4, 2015
    Messages:
    6,164
    Likes Received:
    14,126
    Не сум од село,туку од населба. Т. Е во Скопје затуцаните села на прсти можат да се избројат. Населбава каде што живеам е многу развиена, има се.