1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градска девојка со дечко од село

Дискусија во 'Врски' започната од Theodora, 26 јануари 2011.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    39.593
    Пол:
    Женски
    Кога се омажив имавме можност да бираме меѓу строг центар и населба подалеку од градот. Го одбравме второто. Оваа населба е како село искрено. Две продавнички има, бавчи , ниви, кокошки чуваат во дворовите, а пред 2 год минуваа крави низ улицата. Ама многу е помирно, голем двор си имаме со трева, цвеќиња, поглед кон целиот град. Недостаток е што сме одалечени од центарот 4км ( а толку за овој град е многу одалеченост) или 90-100 ден во правец, па не можам да излезам кога ќе посакам. Во центарот куќата немаше двор, под тарасата минуваше главната улица, фрчат коли, галама, гужва, од сите страни кафичи,летоска не се спие од галамата. Ама се ни беше до газот. Јас пак би одбрала овде да живеам, па и ако е наречено ова село а не пригратска населба. Па и во околните села би живеела, не се многу одалечени од градот. Е сега да треба да бирам меѓу затуцано село на Плачковица и строг центар, центарот би го одбрала. Мислам дека нема некој млад што сака да седе усвета каде што нема ништо, затоа таквите села остануваат без луѓе и со празни куќи
     
    На crazylady, candy.cane, Cka и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.150
    Допаѓања:
    168.756
    Пол:
    Женски
    Препознав кај живееш:).
    Кроти си таму и уживкај.
    Над Скверо поарно да не е?!
    Цел ден бам-бам:doh:
     
    На eli25 и forumce им се допаѓа ова.
  3. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Секогаш се водам по тоа дека не е важно кој од каде е додека човекот има карактер и однесување.

    Имав дечко од град, кој испадна сељак кон мене, сум имала дечко од село кој се однесувап како џентлмен.
    Вистина е дека секој се стреми кон подобра иднина и подобро место за живеење, ама кое право си давате да ги навредувате "затуцаните" села и селаните ?
    Не може секое селце да напредува, не може секој помал град да биде метропола и поразвиено место за живеењe, како што не можете и да ги навредувате селските деца дека се неуки, неписмени или заостанати, познавам многу градски деца од "големото добро утро" кои не знаат да сврзат една проста реченица.
    Не може секој да живее на висока нога како што некои шмизли го сонуваат тоа.
    Јас искрено, би го одбрала животот на село затоа што сум навикната на мирен и спокоен живот со чист воздух отколку да имам брз живот исполнет со секојдневни стресови во некој поголем град.
    Доколку случајно би се преселила со партнер од село во поголем град тоа ќе биде само затоа што ме принудил животот на тоа и немам повеќе услови таму кај што претходно сум живеела а не дека многу сакам.
    Сум посетила многу села, во кои има каде да се лекуваат, каде да се школуваат и каде да имаат ноќен живот.
    Престанете со размислувањата дека е нешто посебно кул да живееш во град, отколку во село.
    Доаѓам од град, ама би се заменила со некој што живее во село.
     
    На Tanjamm, Milobebence, bebaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Ех, не менува. За тврдокорните градски скопјани, како Мамли на пример, се што не е од Скопје е опинок, сфаќаш? Затоа ти кога рече дека си од град, по автоматизам помислија дека си од строг центар на Скопје, оти нели, нема други градови во Македонија :)
     
    На Tanjamm, candy.cane, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    @SunnyGirl2 Ти уште во 2013 имаш пишувано дека имаш супер дечко од село на кој не му смета да сте и под кирија во голем град,а сега сосем десетто кажуваш :D

    Во врска со темава,разлистав мои стари мислења и ме фати срам како сум размислувала,ама од друга страна си велам млада сум била и опростено ми е :D
    Сум имала дечковци од село,да се разбереме не од некој ептен прерурални и ми сметале некои нивни недостатоци или манири како што милувате да кажете :D
    Ама сега не размислувам исто,и не правам такви некои си банални споредби.
    Крај краева,секој е доволно возрасен да пресуди каде сака да живее,нема потреба од потценување никого.
    Нормално дека животот во град е во поолеснителни околности,ама какви села има сега,посебно во мојов град,веќе скоро сите се урбанизирани,имаат секакви модерни услови за живот(освен молови нели) :D,не дека нема и позаостанати села,ама колку што знам во нив едвај живеат млади,на пример во Мариово,како најблизок пример кој го знам.

    Имам живеено на село(неколку години од моето рано детство) и добро знам колку е тежок селскиот живот,ама тоа беше пред 20 и кусур години,сега животот на село е поолеснат во смисла на механизацијата за работа и модернизацијата на 21 век.
    Ако најдам дечко кој ќе ме сака и почитува,нека е и од село,не би ми сметало.
     
    На candy.cane, Dust, Aleksandar1212 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Типична македонска тема. Во дваесет и први век луѓето бараат начин да стапат во контакт со вонземјани и Атлантида, а во Македонија, Македонците уште ги мачи прашањето дали е во ред градско момче или градска девојка да биде со момче од село или пак девојка... Добро не само тоа, да бидеме искрени, актуелна е и темата за Сорос и богот Македон.
     
    На Alisa22, Animali, Schwanger и 11 други им се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Овој е друг. Тој се ожени со странкиња хххх
     
    На candy.cane и Rama им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Значи поопасен бил тој :D
    Извини вака,не сакам да ти се мешам во приватноста,ама ти ја начна темава.
    Ти си знаеш најдобро што и како е,ама ете не можеш да се нафатиш да живееш во село.
    Сите кажавме збор-два искуства и споредби село-град,извлечи некој заклучок.
    Ако навистина нема бојлер ко што кажуваш и се капи со потурање од тенџериња,не знам што да кажам,години немам слушнато за ваков пример макар и во помалите села.
    Седни го и убаво разговарајте да знаеш на што си,да не ти се ожени пред очи со некоја која ќе се нафати на условите за живот кој ги нуди тој.
     
    На Dust, Aleksandar1212, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Разговарај пак со дечко ти. И да појдеш таму, очигледно тешко дека ќе се навикнеш. Па ќе си ги собереш алиштата и ќе се вратиш назад.
     
    На cresa-jagoda, SunnyGirl2 и Rama им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Јас само еден гледам примитивен тука ти. Јас сум градско дете исто и маж ми. Тој со неговите се преселени на село јас сум мажена во село, има интернет како што гледаш, струја, вода, канализација, продавници, училиште, амбуланта, аптека, кафичи...превоз и јавен и железнички, скоро сите имаат автомобили. Младите повеќето после средното образование одат на фах. Тие што се дружиме се културни, прошетани луѓе кој не сити мол туку видиле работи што некој од град нема никогаш ни за 2 животи да ги види. Ако некој живее на село не значи дека по цел ден копа нива, чува стока и оговара...
     
    На candy.cane, Snowflake97, mssuniquee и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Tejjy

    Tejjy Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мојот дечко е од село па фала Богу ништо не ни фали. Се си е како во нормална врска и воопшто не е назаден (како што овие од градот мислат за тие од село). Мене ми е битен неговиот карактер, битно ми е да ме почитува, да ме сака , а за тоа што е од село немам никаков проблем.
     
    На candy.cane и Vitaly им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Примитивни? Душо да не се тие од селота и од помалите ''примитивни'' градчиња ќе нема што да јадеш.
    Со ова што го кажа покажува колку примитивна и искомплексирана нација се македонците. Ете затоа ќе бидете секогаш назад во секој поглед. На запад не гледаат кој е од град а кој од село, селата таму се посредени од градовите, а градовите таму се користат за работа и ноќен живот воглавно а тука се обратно се прави. Станбена зграда точно на плоштад... Со кој памет? Војна се води кој попрво да купи стан.. Е тоа е примитивно.
     
    На Tanjamm, candy.cane, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не е криво ни селото ни градот кај нас криви се луѓето :D
     
  14. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми разлика меѓу дечко од град и дечко од село?
    Значи овој македонски народ нема никогаш да се поправи.
     
    На didisi, La.loca, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Едниот е граѓанин, другиот е селанец. :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Знам луѓе што се од село и се класа луѓе, за разлика од овое градскиве. Секакви ги има и таму и таму. Да дадам прост пример, едните баба и дедо цел живот живеат во град. Двајцата само со средно образование, хигиената послабо, порано едвај децата на заболекар си ги носеле.. Другиве во село цел живот, завршен факултет, наставници беа порано, куќата им е поубава од станов мој, модерни луѓе итн..
    Нема врска од кај си, важно е паметот на кај ти тера.
    За дечко од село, би размислила малце повеќе на овие години заради одалеченоста друго не.
    А јас лично не би живеела во таква средина затоа што сум навикната се да ми е блиску и сегде да одам пешки. Тоа е тоа.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    За тие што мислите дека селаните се примитивни, прости, затуцани очигледно сте ги измешале поимите сеЉак и селанец.
    Има мал милион пример на луѓе кои што се од град ама се тешки сељачишта, без култура, без манири, немаат погледнато подалеку од својот нос, се исмеваат на се и сешто, а самите се за исмевање најпрво, а за разлика од нив има селани кои што се културни и образовани.

    Не секој што живее во село по дифолт е сељак и затуцан, секаде не има секакви.

    Една споредба ќе направам, има еден дечко во градот од каде што сум има многу пари од татко му, вози некаков си џип(не ни знам каков) има 5-6 коли сите се ауди, бмв, мерцедес и сл. Ама дечкото е сељак отепан, он мисли дека оти има пари он е над сите и се му е дозволено, оди по улица разбацено, се надвикува од една на друга страна на тротоар, кога оди некаде на кафе намерно колата ја остава одма пред кафичот(нема ни врска како е паркирана) да се гледа со која кола е излезен.
    Додека познавам еден дечко од едно село, и сам не знае колку пари има, што би рекле старите пара не броена, огромни полиња има со жито и со тутун, тоа мислам дека ни во хектари не се мери од што е преогромна површина. Си вози џип бмв х5, ама за разлика од овој од градот е културен и образован, не е сеЉак иако живее во село.
     
    На MarigoldA, Anna-Banana, Alisa22 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Значи и ти ги делиш едниов е господин, а другиов дебил? Пошо така се изрази граѓанин и селанец
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Никаде не пишува дека граѓанин е господин, а селанец дебил. Граѓанин може да биде и господин и дебил исто како што и селанец може да биде и господин и дебил.
    Граѓанин е човек кој живее во град.
    Селанец е човек кој живее во село.
    Граѓаните на град Скопје. Селаните на село Теарце.
     
    На WildMk, dayla, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.129
    Пол:
    Женски
    Епа пиши сите сме исто без разлика каде живееме. А не едниот е граѓанин а другиот селанец :). Бидејќи за мене нема разлика кој каде живее и кој што е.