2019 сме и уште вакви поделби? Не знам кога ќе сфатат луѓето дека е до карактерот и воспитувањето дали некој ќе биде сељак, а не до местото од каде потекнува/живее.
Убаво е објаснето на постов над мене. Не знам зошто правите поделби. Дури на некои и срам им е да кажат дека се од село. А скоро сите што се прават Скопјани, се доселени од село или помал град, лично тие или нивните родители, баби и дедовци.
Познавам една од град што се омажи со дечко од село значи се упропасти на ништо не личе... нема ни услови за работа ни ништо само маалска продавничка и училиште ни аптека немаат значи чека автобус еднаш неделно од таму до град бесплатен за да изнакупува се за цела недела и те на пример детето дијареа ке има ке треба лек што ке прави? Затоа е најдобро во град каде што има повеке можности и услоги.
Не е објаснето во негативна конотација, очигледно не сфаќаш што сака членката да ти појасни. Според македонскиот речник луѓето кои живеат во град се граѓани, оние кои живеат во село се селани. Нема ништо навредливо, само така е правилно.
Сестро колку имаше социологија? Граѓани се целокупното население на една држава без разлика дали е од село или град.
Не мислеше ништо лошо @gjoker4e, едноставно буквално одговори која е разликата во именување, дури мислам дека сакала и да се пошегува во смисла дека нема некоја вистинска разлика. Барем јас така ја разбрав...
Јас колку што можам да разберам раговоров е за граѓанин и селанец и зато тоа што на луѓето им пречи човек од село, а која е причината за тоа е сеуште непознато. А за сељак човек без карактер никој не разговара. Значи друга е темава, а за вие божем ,,паметни” да испадните на нас ,,глупавите” ни кажувате што е човек без карактер значи тоа го насловов го нема.
Ок ајде како сакаш сфати не, ако мислеш дека се правеме паметни ете не знам, сите добронамерно ти одговоривме, а ти тераш на кавга. Не е темата за тоа ама муабетор меѓу тебе и членката ти го објаснивме кога веќе почнал.
Жити се кое е тоа село каде што еднаш неделно има автобус како го кажа ова како да е на 150км одалечена од некој град а не на 10тина..затоа што во просек сите села низ Мк се на 10-20км од некој град.. па град од град е на 40-50 км одалеченост.. Ќе си купи кола, има сега од 800 евра па нагоре. И ќе оди ќе испазари што и треба. И дете ќе однесе на доктор и брза помош ќе викне ако нема кола а е итно.. Сериозно, од кој филм ги вадите приказниве? Ако нема работа нека работи земјоделие. Кој сака да работи ќе си најде работа а кој сака да се жали ќе се жали додека дише.. Ти од кај си доселен? Во Скопје има многу стари скопјани.. А како што тргнало овие од внатрешноста ќе избегаат по странство, затоа што не им се исплати да плаќаат кирија во Скопје за некоја дупка .. Гледајте да најдете дечко/маж со душа. Вреден, работлив, разбран со цврст карактер. Дали е од град или од село не е важно. Ако сакате, заедно ќе постигнете СЕ!
@Dust ги замислуваат селата како оние на приказнине дека се сите такви. Јас живеам во поголемо село и скоро се имаме од редовни автобуски линии до маркети и училишта, амбуланти и сл. И дм е од истото село. Крај краева и да си со дечко од село никој не вели да останете тука цел живот. Јас гледам дека повеќе им смета фактот што потекнува од село.
Мое мислење, дека не е битно дали некој живее во село или град.Се изначитав толку не убави споредби за луѓето кои живеат во село,испаѓа како само тие да се дивјаци.Важен е карактерот,способноста односно дали е човек вреден трудољубив,без разлика каде живее.Зошто да не дечко,па понатаму и сопруг од село,ако има особини вредни за почит.Па низ темите се изначитавме за проблеми и маки,понижувања баш од градски луѓе,образовани,ситуирани од град.Е сега,дали е подобро таков некој кој на секој чекор ќе ве множи со 0,или некое добро и воспитано дете кое ќе ве држи како капка вода на дланка,ама да живее во село?