Според мене, децата од село се многу по културни и работливи отколку они од град. Не се срамат да работат било каква работа, за разлика од градските деца кои се научени стани во 2h, во пижами мама ќе донесе да јадеш, мама ќе крене, спремај се излези, де во овој кафич, де во оној ќе живеам цело време на грб на мама и тато. Не им се работи за 200е, не им се работи на нива. Кај они од град ќе работи за 200е или на нива, да копа, да сади. Ма немој.
Е извини, ама ни твоевп не чини. Не сите од град ги мрзи да работат, не значи дека ако сум станала во 2 дека мама се ми средува или дека само одам на кафиња. Ова твоево е исто ко да кажеш дека некој од село само на нива знае да работи и нема основна култура.
Многу генерализирање на темава. Сељачишта има кои живеат во село, исто такви има кои живеат во град. Што се тиче градска девојка во село. Све зависи колку е развиено селото и какви услови има за пристоен живот. Во темава ги мешавте приградските населби кои биле село, ама се урбанизирале, со села во права смисла на зборот кои како такви постојат и ден денес. Еве пример во околината на мојот град, има типични села, од кои се повеќе млади се иселуваат заради фактот што нема услови за нормален живот. Без асфалт, без аптеки, без маркет туку коперација со роба од титово време, превоз на 12 саати, такси над 300 денари, струја снемува при малце појак ветер. Според мене, поголемиот дел од градските девојки, научени на комфорт, кафиња, прошетки и сето она што го нуди животот во град, не би можеле да се снајдат во типична селска околина. Бар за себе би рекла дека со сигурност не би ложела да се адаптирам, а која може зошто да не.
Јас сум од село, што од како паметам за себе има аптека, здравствена установа, дуќани на секој чекор, основно училиште, игралиште за фудбал. Во моментов има и неколку елитни ресторани, два маркети , пункт за плаќање од Т-мобајл, три кафичи , на излезот од селото има приватно училиште и бензинска станица. Но, мажена сум во град и не можам да споредам село со град. Во градов има аптека што работи 24 часа , пиљари исто, тобако , клинички центар кој е секогаш отворен за не дај боже.. Во селото го нема тоа. Не дај Боже дете температура да фати ноќе, мораш да чекаш до наутро за да му купиш лекови, ако на човек му се слоши ноќе, мора да го носиш километри до болница, да не зборувам за амбулантите возила кои никогаш немаат слободна кола за интервенција. Еднаш ни требаше итна помош за дедо ми . Чекавме 20 минути додека имаа слободна кола да пратат , а требаше само инфузија да му стават. Да имавме кола и да беше дедо ми подвижен , ќе го однесевме сами, но во тој момент дедо ми беше парализиран, а кола немавме. Дојде екипа по 50 минути чекање. Затоа село и град не може да се споредуваат. А кога сте кај мажење , ако муабетот им оди на двајцата, ако се сакаат секаде ќе им биде убаво.
Едноставно не оди,ние девојките од град сме научени на друг начин,сум била со дечко од село и не оди,дека е од село,не е научен да излегува,немаше пари баш баш
А има некои што не сакаат баш да излегуваат, а од град се.. еве, ја на пример.. А има и селани, кои имаат пари, да те купат сосе партали.. Тебе ти се погодил некој шо не ти е по ќеиф...
Sto e bitno dali e od grad ili selo, bitno e da e covek. Eve jas od sred Skopje dojdov da ziveam vo selo samo zaradi nego(toj e od rodnoto mesto na tatko mi) i super mi e. Mnogu pomirno nego vo Skopje. Ako barame vlakno vo jajceto i ke go najdeme