Не секогаш ама ја сум имала дечко од сите градови и се ја сум плаќала и затоа вака пишувам дека се се очекуваше од мене
Кога знам со македонска просечнна плата неможе ништо,неможе да се живее,кога знам дека платата му е мала да ја платам,кажувам од искуство а вие,не ти општо зборам одма ме напаѓате,ја кажувам од искуство
Колку и да е мала платата ни женско ни машко не треба да чека на другиот. Една пијачка ќе си ја плати. Не викам дека мора секогаш 50-50 но лошо е кога едниот само плаќа. Ако нема толку пари ќе се најде друг начин, не мора секој пат во кафич/кафана да се оди. И нема врска дека биле од село, такви се погодиле, посиромашни. Има доста ситуирани семејства кои живеат во село.
А колку ти е цената? Јас сум од град, но не сум научен да излегувам....научен сум да шетам цело лето и пролет низ селата во Македонија, помалите градови од "метрополата" Скопје и тн...
Градска сељанка со џентлмен од село или, градски сељак со дамица од село. Комбинации милион, погодок - ретко.
Јас мислам дека стварно не е битно што кажала таа. Со една реченица кажа многу. Всушност самото тоа што го напиша во оваа тема кажува многу. Да дојдеш до тоа дереџе да ги класифицираш луѓето во 21 век врз основа на тоа дали потекнуваат од град или село, дали имале пари или не, кажува многу. Од каде сака нека биде, ако ти е сродна душа, ништо друго не е важно. Се може да се надмине и се може да се постигне со желба, труд и љубов, а се е полесно ако го имаш вистинскиот човек до тебе. Во светот постојат добри луѓе, кои знаат да сакаат, ценат и почитуваат без разлика на нивното потекло или материјален статус. И постојат лоши луѓе. Тоа е најважната определба.
Па ти ако се правиш нешто посебно само поради фактот што си од град и јас би те третирала како крава. Од мене браво за дечковците. Некои луѓе заслужуваат да бидат искористувани. Спојлер Метафората е намерно искористена за да упатува на селска идила, без никаква навреда кон кравите или доилките.