Јас сум од Скопје тука живеам цел живот, а имам дечко од мал град веќе 4 години. Супер се сложуваме, немаме проблеми во врска со тоа, ниту пак јас имам предрасуди. Едино некои луѓе од страна шо може да искоментираат за него дека нели бил од село. Се додека ви е убаво со некој, стварно нема врска од кај е
Ако е од мал град што има врска со село? Во малите градови има повеќе граѓани од нашиве граѓани во Скопје.
Бев во врска со дечко што живее во село порано, мене не ми значеше ништо тоа, но самиот цело време се понижуваше и срамеше од кај бил, дури на почеток криеше, иако знаев од преку слика и чек ин на нет, се плашел да не случајно не сум излегувала со него, дека сум била од населба од градот. Тоа што испадна после сељак тежок не е поради неговото живеалиште, туку дека таков карактер си беше. Познавам момци што живеат во село и што се многу фини и воспитани, би била дефинитивно пак со дечко што би живеел во село, додуша не ми ни значи тоа нешо, глупост е да се прави ваква поделба...
Сметам дека е битна приватноста и поубаво е еден пар да живее сам без некој дома да му се меша, без разлика дали во стан, куќа, село или град... Веќе тоа е офф и не е ни за темава, но ај кога праша.
Па ете да речеме дека одиш кај него во село да живееш да видиш дали можеш да се прилагодиш на тие услови таму. Куќата е на два спрата и доле се неговите а горе вие. Би останала?
Не, реков од старт не би прифатила, нема што да пробувам. Побитен ми е мирот, подобро да раскинам некоја врска отколку цел живот да немам приватност и да се теснам со други. Ти реков нема врска тоа дали е куќа во село, кај сака нека е, само да сме си сами, па и еднособен стан да е, не ми пречи.
Полека, прво да спечалите па после ќе се одвоите. Евентуално ако имаш буџет за тоа ни нему не би му сметало. Но поентата ми беше тоа дека ти попрво би го оставила дечко ти отколку да пробаш да живееш со него и неговите, но во ред тоа си е твое мислење.
@Борат Девојката рече дека одамна ја прекинала врската, а ти и даваш совет да живее со неговите родители во куќа на село? Од ушите ти тече патријархален менталитет, и тоа не е навреда туку објективен заклучок кој не е тешко да се донесе после твоите неколку мислења на форумот. Се тешиме дека си трол кој има над 50 години и вишок слободно време. Тешко е да се поверува дека млад човек може да размислува на ваков начин.