Колку од вас би се нафатиле да живеат во село кај што условите се за никаде? Прашувам затоа што има села кај што условите за живот не се идеални.
Убав е животот во село, ама зависи во кое село. Имам една позната која си фати дечко баш од такво село. После веридбата отиде да живее кај него. За кратко време раскинаа. Она не можеше да се навикне на таков живот. Услови катастрофа. Не беше тоа за неа.
Имам спомнато и порано, категорично не би - и не си го сметам тоа ни за дискриминација, ни за материјализам. Во ваков случај мислам дека нема ни да бидат единствен проблем материјалните услови за никаде - во семејствата од олку сиромашни села владеат и длабоко заостанати морални норми и вредности, а млад човек со намера да остане на такво место мора да ги прифатил и да се помирил со истите - така да не би имало место тука ни за било каква хемија со таков човек in the first place.
Би прифатила да живеам во село, но не македонско. Ми се допаѓа идејата за домашно насадено и непрскано( пр. јаболка или цреши во двор ), помала бучава и почист воздух. (Барем би се обидела) Тие што живеат во македонските села не сакаат да останат таму доаѓаат во поголемиве градови (зошто бара девојка или дечко од град ако има живот во селото), а не па јас да идам таму. Пред некој ден случајно наидов на видео во кое родители од некое македонско село бараа автобус да им се пушти за децата да можат да ги пратат во училиште во 21 век... Да треба колата да си ја растраскам додека дојдам на работа во најблискиот град...
Швајцарско, холандско, германско совршенства, рај на земјата. Мислам дека како што сме научени сите како дивјаци во државава нема да знаеме како да се однесуваме кога ќе отидеме таму. Не сакам да навредам никој, затоа што и самата сум свесна какви убавини имаме, но џабе никој не вложува во нив. Да се отиде во мк село е навистина измачување. Има скопски села кои се многу блиску до градот каде што многу често се жалат дека немаат вода и струја, дека немаат топла вода, да не правиме воопшто муабет за позапуштените села. Штета. А за муабетот за девојката и дечкото па и не мора да значи дека е битно од каде доаѓаат. Туку тие какви се и колку сакаат да вложуваат во себенадоградување.
Од село сум. Дечко ми е од село. Сите мои роднини се од село. Детството го поминав трчајќи во дворот и играјќи си во градината. Уживам да седам во мојата градина, да пијам кафе и да читам книги. И не, не се сите македонски села како селата од сликите на @Dust, но, сепак не, не би сакала да живеам во село. А дали би се нафатила, можеби и би. Затоа што навистина ништо ме ми фали, освен што, тоа што ако живееш во град ти е поблиску и подостапно се, имам се друго.
Зависи од селото, од условите. Ете Бардовци, Соње се села ама какви куќи раскошни имаат, милина. Огромни дворови, борови у двор, знам луѓе што имаат и базени. Ама сепак живеењето во село носи многу ограничености. Да сме толку богати да имаме сите коли па за што и да ти треба да тркнеш до град, инаку со една кола да се тепаме кој да ја земе за своја потреба или да се договараме нонстоп за заедно да тргнеме не ми иде. Повеќе слобода си нуди градот. Ај вака кажав за овие села оти ми се поубави, цивилизирани, ама што е со оние затуцани селца оддалечени по 15/20км од град, со неасвалтирани патишта, две продавнички со основни продукти само. Што знам, ја лично не би издржала. А многу убаво знам како е да се живее во село оти имам седено летно време на гости. Човек на се се навикнува, затоа не велам никогаш - можеби еден ден баш таму ќе ме одведе животот.
Добро моментално селава како Бардовци, Соње, па тука некаде почнува да влегува и Волково се села кои важат како елитни и многу луѓе кои што живееле во градовиве а имаат поговеќе пари бегаат натаму. Точно дека човек на сѐ се навикнува, но не секогаш. Како викаат од магаре на коњ е лесно, но од коњ на магаре е мноооогу тешко. А и не е само за навикнувањето, трошоци големи се, не работат сите до 4 саат, па ќе ме собере мажот или јас него па трошок со една кола. А плативе мн. високи па сите да идат да работат во град со кола. (Да не ме сфатиш погрешно не ти реплицирам само се надоврзувам и се сложувам со тоа ти што кажа) Ќе речат во селата е поевтино, па е поевтино ама кога ќе треба да чекам во 5 или 6 сабајле да стигне комбе со леб или млеко како што има во некои села, можеме да се правиме дека можеме ама не е туку - така. Па како се останато во земјата па и тоа доцни, или ми се пријало нешто во 1 навечер се облакам одам до бензинска ако ништо друго и си купувам иако има и сендвичари и сешто работи. Таму до 8 - 9 (ако имаш среќа) и толку, за цигари помини пола село или пак некој помал град за да најдеш бензиска за цигари. (Охрид вон сезона од еден дел на градот до друг навечер треба да одиш за цигари да купиш ако ти снема, не па село) Да не заборавиме во 21 век во с. Тимјаник покрај другото кога се жалеа родителите колку часови возеле за децата во градинка да ги однесат па да одат на работа. Жени кои што завршиле високо образование одат во конфекциски фабрики во најблизок град или село не ме фаќајте за збор имам заборавено за која точно стануваше збор. (самохрана мајка со две деца) Нашиве села се далеку од сјајно и бајно.